петак, 10. јун 2016.

Сакајме повторно





Сакајме повторно
Но не како вчера
Но не како минатата година
Сакајме повторно
Исто како минатиот живот
Диво,со нескротена сила
Сакајме исто како што те сакав пред пет столетија
Со сила на ветерот те носев
Со силата на оганот те милував
Пркосно и непокорено
Сакајме повторно
Зошто евего овој милениум помина
Сакајме повторно
Зошто евего залезот дојде
Ноќта е нашиот кобник кој студенило ни носи
Сакајме повторно
Исто како во почетокот на светот
Кога бевме само сите зрна во песокот

Сакајме повторно
И гледајме со очите на Месечината
Јас ќе те гледам со очите на Ѕвездите
Сакајме повторно
Сакајме повторно
За да бидеме деца на Бесконечноста
Кои играат со времето
И патуваат низ Еоните.

Сакајме повторно
Исто како првиот пат
Кога не создаде Љубовта
Сакајме повторно
И не се срами од литоста на кожата
Не се плаши од пожолтените коски
Не ги гледај  испуканите усни
Сакајме повторно

Сакајме повторно
За да можам Јас да те сакам
Во идниот живот






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...