уторак, 14. јун 2016.

Зборот е најубавиот и најопасен подарок

Зборот е најубавиот и најопасен подарок што му го дал Бог на Човекот..и можеби затоа многумина се плашат и од напишаното,и од тие кој го напишале тоа..
Ете и тоа се случи..пукна Душата ..се подели на две половини..потоа на четири..а потоа..потоа престанав да ги бројам парчињата..во секое парче имаше..да го гледав сето ова..го гледав бидеќи бев во близина на душата..во секое парче имаше,болка,разочарување,тага,чемер..ме погледна некако чудно..и со некој чуден глас прошепоти..оставиме и ти,оставиме да ја исфрлам болката од себе..а потоапрашав..потоа ќе ги смираш засекогаш сите немири,ќе ги снема сите пустини..а потоа прашав...потоа..потоа низ мене ќе помине тишината...онаа долго посакуваната тишина каде мистично ќе блескам..

Јас молчев,додека Ангелот ја пееше најтажната песна со грчливи акорди,полека со рацете го превртуваше песокот,и секое ситно зрнце песок го претвораше во солена солза..се заврти полека прашуваќиме
-заедно го убивме денот,на светлината и забодивме предлабоко нож..и сега многу дилеми останаа заглавени ете овде помеѓу небото и земјата..и како казна никаде веќе не го гледам одразот на небото на твојот лик...кажими зошто ти не плачиш.
Со мојот замаглен поглед го погледнав,и тонев во длабочината на темните облаци,никаде над нас ја немаше месечината,нека далеку во бескрајот сеуште го чуствував немирот на моето срце како се грчи..
-би заплакал..навистина би заплакал..но несмеам..ако тоа го сторам,никогаш нема да престанам..ете затоа.

Ангелот продолжи д аја свири тажната песна,додека јас на густата темнина ги пресликував линиите од дланката.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...