четвртак, 28. јун 2018.

Таму каде што ја нема надежта





Таму каде што ја нема надежта
Таму го нема ни стравот
Ете таму ги нема ни приказните за добра ноќ
Сонувачи
Кутрите се само тажни скитници во празните булевари
Музиката
Свири само за папсаните пци кои времето го џвакаат онака
И вие
не се трудете залудно да го слушнете ехото на чекорите
Зошто излижаната калдрма го изела лакомо одамна
Таму каде што ја нема надежта
Таму го заборавате и сопственото постоење
Чудно
За ова знаеле и старите Пагани
Но тајните нивни земјата ги крие.




уторак, 26. јун 2018.

Ах кутрите ние



 (надреално,но сепак возможно)
Го замразиме бегањето,нели
Но тоа е единственото вистинско во животот
Без сеќавања одиме
И да знаете,за сонцето сме невидливи
Во мракот се смее ме како сенките парталави
Легендите за рајот ги заборивме веќе
Приказните за пеколот никој не ни ги раскажува
Ох ,пропуштив
Јас сум ххх258258
И во ничија земја битисуваме
Не го наследивме дарот на нашите предци
На светлината да и се радуваме
Со Љубовта да живееме
Земјата да ја прегрнуваме
И заедно кога тагата ќе ни се доближи
Со тивок шепот да ја бркаме

Го замразивме бегањето,нели
Но тоа е единственото вистинско во животот
А не бевме свесни за што сме способни
Ах кутрите ние.







Не се плашам од Смрта





Не се плашам од Смрта
И мигот кога таа ќе дојди
Се плашам од Земјава што ја газам
Оти некако знам
Дека ќе ме проколни за молкот мој
Што го распостилам насекаде
Додека таа крика претсмртно
Се плашам
Да не,не се отвори кога ќе треба
Та да ме остави на некоја карпа црна
Каде гавраните ќе чопкаат од трулоста
Каде пциите само ќе завиваат злокобно
Каде што ќе нема ни штурци
Ни мравки во рој

Се плашам,сега
И од Перун и громот негов
Го навредив во часот тој
Кога кажав под дабот стогодишен
Дека не е мој Бог

И Свети Илија
Енего зад планината стара се спрема
Сто Громови да фрли на ова место
Што светоста негова ја извалкав
Токму тогаш
Кога замолчив.

Да,да
Не се плашам од Смрта
И мигот кога таа ќе дојди
Се плашам од Земјава што ја газам
Оти некако знам
Дека ќе ме проколни за молкот мој
Што го распостилам насекаде
Додека таа крика претсмртно







Храмот во Мојата Душа





Утре е Сведен Голем,зарем не
Па посакав да го отворам и Јас
Храмот во Мојата Душа
За
Да ми бидете Гости сите вие
Но
Гавранот на Стариот Даб заграка злокобно
Демонот ги триеше задоволно рацете
Додека Ангелот само гледаше,и загатливо се насмевнуваше

И,за секој случај погледнав
На тремот каде старата болка папсано лежеше
Со една чиста солза ја смирив,оставаќи ја да спокојно да спие
И замолчив ,гледаќи ја улицата по која доаѓавте
Зарем Пелин јадите луѓе мои
Што стапалките ви се така црни,и реа шират насекаде
Зарем ноќите навистина ви се беживотни
Што не и се радувате на месечината
Зарем страста и оганот ве пеплосале
Што јазикот на Љубовта не го разбирате

Утре е Сведен Голем,зарем не
Но сепак мислам
Дека времето сеуште мириса на рана незатворена
Да,таму некаде
Каде нема солзи,каде среќата е среќа
Каде шепотот е шепот
Каде ги нема препреките од судбината
Ете таму
Ќе го отворам храмот во мојата душа.





понедељак, 25. јун 2018.

Само понекогаш





Ние не сме Ангели
Но повеќе наликуваме на Демони
Навистина,не знаеме да пееме како птиците
Но затоа го знаеме јазикот на гавраните
Пишуваме за Љубовта
А потоа како Варвари се убиваме
Се смееме како луди
За да избегаме од мракот во нашата душа
На Бог вистински се сеќаваме
Само кога покојник ќе видиме

Ете,понекогаш
Да понекогаш
Кога ќе застанете во средината на сите вселени
Уморни од се претходно
Ќе посакате само еден миг нероден
Да биде само за вас.



среда, 20. јун 2018.

Вистината денес не е смртоносна





Вистината денес не е смртоносна
Но утре,или  задутре
Верувате ли дека нема да биде така
Ете тогаш
Само слепите ќе бидат среќни
Глувите ќе го знаат патот
Додека насекаде околу вас
Сите ќе ви кажуваат
Бидете следбеник на лагата за да живеете
Во спротивно
Планините ќе бидат мали
Морето ќе биде плитко
А небото далечно
За да се сокриете
од бесот на лилавиот мрак.










субота, 16. јун 2018.

Пциите проплакаа со солзи човечки





Пциите проплакаа со солзи човечки
Сенките соништа изгубени бркаа
Овде онде,по некоја локва крв ќе се јавеше
Тераќи го така мракот да прозбори за изгубените илјада години
Бесмислено е сега и за љубовта да зборуваме
Кога над нас и небесата се празни

Ќе ви речев,ама будалесто е ова
Ајде малку да шепотиме,и морниците да ги разбудиме
Барем така ќе и кажеме на земјата дека се уште сме со неа
И ве молам,не го гужвајте залудно срцето
Утре ќе има магла,не ќе можете да го најдите во градите
Подобро е само да ѕирните во себе некаде длабоко
За да видите колку е папсана душата

Задутре да знаете,ќе копаме ровови
Не да ги гледаме занесено ѕвездите
или времето да не пронајде конечно
Ами болката која ќе чекори кон нас да ја сопреме
Ќе биде во разни облици
Ќе зборува на многу јазици

Ех колку ќе посакуваме четири ѕидови,па макар мувлосани
И пет минути музика
Песна испеана со засипнат глас
И чаша вино,пола за грлото суво,пола за Благослов
Ама пропаднаа сите светови
Сонцето не грее тука веќе
И минутите полека се губат
Останува само сеќавањето на мирисот од праските.





среда, 13. јун 2018.

Не сум веќе мисла





Не сум веќе мисла
За да одам од другата страна на огледалото
Можеби затоа што немирот ја уби сета моја тишина
И сите Еони ги нарече само измислени мигови
Вие не се тревожете за ова
Зошто во спротивно,празните зборови ќе ве победат
А вие мили мои,радувајте се на танцот од пеперутките
И не пробувајте тогаш да заспиете
Во  лажен сон кој нема соништа во себе
Ете таму некаде подалеку од очајот небесен

Зборувам вака....знам дека изгубив дел од себе
Токму тогаш кога бев сурово искрен
И кога сакав,еден срушен свет,еден изгубен живот
Да го направам значаен
Што сите денови ќе беа обоени со бојата на среќата

Не сум веќе мисла
Зарем не
Ти ме познаваш најдобро Таго Моја






уторак, 12. јун 2018.

Нема повеќе да пишувам за смрта




Нема повеќе да пишувам за смрта
Зошто ќе се вбројам самиот
Во редот на злосторниците,ете тие полупијани поети
Сакав да кажам
Кои ги осудиле на анонимност малите луѓе
Што никогаш не се откажале од животот
Нема
И ако со презир ве погледнам
Додека вие  во вашиот занес ракоплескате
На некои зборови кои сум ги напишал
Во мигот додека курвата ги бришела бакнежите мои
Од збрчканата кожа на својот стомак
Сепак,утре знам ќе ми простите
Бидеќи и вие,ноќва ќе копнеете како мене
За пурпурот да го видите.




понедељак, 11. јун 2018.

Пирејот се ќе прекрие





И ако мракот му го покрива лицето
И се спровира под црно виножито
Живиот покојник,кој
Не знае кутриот
Уште во мајчината утроба си каснал пченица
За лесна земја
И дека пајажина го препокрила името негово
Па
До втората полна месечина
Земјата ќе се радува што го прегнува

Сказанијата ќе го заборават
Породот за десет сребрени талири ќе му го продадат
И во змиски легла ќе го легнат

Не копајте,не копајте сега вие во светлината
Јами за неговите гревови
Пирејот се ќе прекрие
И неговиот занес засекогаш ќе го снема.




недеља, 10. јун 2018.

Песната на Свети Илија ќе ја барате




Се спровира времето низ прстените со своите крикови
Кришум носеќи го доброволното заточение
И литите ткаенини
Аште мигот само имаше тајни
Вие само чекајте,сурии глутници ќе ве закопуваат насмеани
Недаваќи ви да ги преброите ѕвездите

Сето ова го глаголеше  пламенот на огништето

Лутата Есен без сенки ќе ве испрати во планините
Неделното ехо на камбаната да го слушате
Со болен копнеж
Песната на Свети Илија ќе ја барате,еј улави
И приказните на  Баба Крстана

Се зборува дека Голтачите на Иднина се веќе тука

А вие,заколнете се сега пред невина детска солза
Ако не сакате гробовите да ве проколнат
И да ви  ’ртат катаден соменијата
Та, не ќе дочекате пролетната топлина да  ви врви низ крвта

И ова да знаете,шест лажни Владици ќе дојдат повторно да ве крстат.










петак, 8. јун 2018.

А тебе ти е сеедно





А тебе ти е сеедно
Што премногу  тајни кријам во очите
И незнам,дали утре ќе имам повторно убави зборови
Да напишам за твојата далечина

А тебе ти е сеедно
Што повторно токму тука на брегот од реката
Безгласно разговарам со тебе
За пожолтените слики во старите албуми

А тебе ти е сеедно
За мојата никогаш недовршена песна,посветена за тебе
И твоите шепоти кои сега се губат во секоја нова зора
Додека стрпливо се затвара капијата на ноќта.

А тебе ти е сеедно
Што мислите ги врежувам на црниот камен
Недаваќи така дождот да ги избрише
И по илјада години

А тебе ти е сеедно
Судбино моја.



четвртак, 7. јун 2018.

Ние




Ние
Сме деца на Човештвото,и
Приказната наша е запишана  на нас
По кожата
Насекада сме,патуваќи под лаковите на времето
Не се плашиме од ловците на надежта
Ни пак се криеме од злокобниот шепот на ветерот
Но сепак треба да знаете
Дека иднината е заштитена
Од вашето крваво минато


среда, 6. јун 2018.

Смрта ја дава целата смисла на животот




Кога првпат ја слушнав мислата
Од старецот кој се радуваше на раѓањето од денот
Дека
Смрта ја дава целата смисла на животот
Токму тогаш кога сите денови истекуваат како река
А ти ги броиш само капките
Само се насмевнав и одмавнав со раката
Но ете ме
Можеби ова е апстрактен простор
Но сепак го растегнувам подарениот миг
Во илјада и еден,само да се радувам на снегулките кои паѓаат
А потоа позајмувам повторно грст време
И ги кршам следниот миг на сто и едно парче
За да можам што подолго
Да ја гледам насмевката на месечината
Во третиот миг и самиот не разбирам што се случува
Но сепак
Чуствувам дека тоа е патеката на Љубовта
За која сите копнежливо посакуваат да одат.

Да,да
Смрта ја дава целата смисла на животот
Токму тогаш кога сите денови истекуваат како река
А ти ги броиш само капките



уторак, 5. јун 2018.

Добро е тука,каде што сум






Оставени и напуштени птици,не гракајте веќе
Добро е тука,каде што сум
Сонцето не пече пеколно,и одвреме навреме
Место дожд,паѓа правот на мртвите ѕвезди
Ја сакам оваа тишина,ги создава сите мои бајки
Ќе ви ги раскажам еден ден кога повторно ќе ми ги вратат криљата.

Сенките проколнати повторно ме бараат во спомените
Негледаќи дека времето и низ ѕидовите поминува
Ако некоја божем случајно ме убие
Вие, небидете тажни за ова
Само спомнете и  на зората дека не бев од родот на Јуда.

Не се исповедам сега пред вас
Ни пак сакам да ви бидам некој лажен Бог
Знаете,ве оплакував во младоста кога имав солзи
И во градот каде не постоеа соништата.

Оставени и напуштени птици,немора ноќва да бидете ветар
Само чувајте ја самотијата подалеку од сите вљубени срца
И во пурпурот оставете букет Зумбули на прозорот
Каде некогаш се радував на светлината.










понедељак, 4. јун 2018.

Музиката на сите свери




Ако некогаш
Ама некогаш сакате вистински да ја слушнете музиката
На сите свери
Кленете на колена,допретеја прашината на земјата
И бидете прашина
Но,ако во вашето срце се уште постои
Стравот од ветерот
Значи вие сте  навистина тажни и изгубени
И времето за вас застанало  да врви
Нејсе,ќе ви речат за ова старите
Смрта не е непријател да ја мразите
Ами река која тече незапирливо
И запамете добро
Во прашината пишува
Никој не е мртов додека не биде заборавен
Навистина
Ако некогаш
Ама некогаш сакате вистински да ја слушнете музиката
На сите свери
Кленете на колена,допретеја прашината на земјата
И бидете прашина







Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...