петак, 29. септембар 2017.

Повторно из’ртија сеќавањата



Сето ова го правевме во нашите диви игри во детството
И никогаш, ама никогаш никаде не го стававме немиот прашалник на крај
Туку во целиот тој наш татнеж го фрлавме сонцето на сите страни.
Малку наивно ќе ја стегневме судбината во рацете,и
Ќе талкавме така во мислите со нашиот страв и штотуку родената самодоверба
Напати во талкањето ќе се скриевме во првиот невин грев
Гледаќи како врутоците на срам веќе рикаат со црвенило на образите.

Кога заодот ќе се поклонеше понизно пред мракот,и
Клатното на времето ќе означеше крај на кикотливите лудории
Повторно,ќе го земевме враце фенерот на ноќта
Уриваќи ги сите неслучени илузии на калдрмата.

И повторно ќе се судревме со живот кој во тој млак мрак имаше бакарна боја
Бездруго,тој секогаш чуваше некаква тајна од нас,но ние сепак
Да,ги носевме залепени на дланките розевите соништа
Во кој беа запишани сите наши мисли,кои ги кажуваме пред него
Не сме тапани,та само да лупаш по нас,не сме ни ѕверови да бегаш од нас
И ќе го погледневме со нашите ѓаволести ококорени очи.

Еее кога ќе се јавеше повторно новата мугра,и ќе капнеше првата модра капка на земјата
Чуствувавме со леснотија дека сонот не не држи повеќе во своите клешти
Ѕиркаќи позади облаците каде го баравме првиот заталкан зрак од светлината
И небаре сме големци,уште рано рано ги меревме зборовите до последен драм
И список правевме на сите летања што не чекаа во пустелијата на денот.


Што да правиш,повторно изртија некаде во некој дел на виугите сеќавањата.


понедељак, 25. септембар 2017.

Единствен грев прават сега очите



Тоа што го нарекував Љубов
Вчера како пепел падна од моите усни
Единствен грев прават сега очите,гледаќи како
Празно е местото на клупата во паркот
Нем е јазикот,ах се сетив,тишината го загради
Не ќе оживее повеќе таа искра
Од срцето истече и последната капка од пламента река
Се исчезна во чадот од цигарите
Се,па и твоето предавство.

Седнувам,покрај скитникот кој сака да заплаче
Со пустина во душата
Носеќи ја на дланките млаката надеж
Барем во Вечноста да ме одмини твоето студенило
Не, не е ова признаие за тага
Само молитва на ветриштата кои ја параат душата

Од утре
Да од утре ќе ги лекувам сите рани со купени насмевки
Ионака многумина ги продаваат
И по некоја полуискрена прегратка
За Честа ,па таа е веќе бесценета

И на буниште може да се пронајди.


субота, 23. септембар 2017.

Ако ви кажам,пак нема да верувате




Пеколот може да се слика,но неможе да се наслика,сите човечки поими за него не се ни сенка од неговата стварност..ќе поверувате ли

Ако ви кажам дека се викам Никодин.ќе ми поверувате ли..
..ако повторно ви кажам дека се викам Трајче,ќе ми поверувате ли..
Или дека имам илјада и едно лице..илјада земни,и едно Небесно
Пак ќе ми поверувате,,или дека сум од раѓање Паган,од младоста Христијанин.

Ако ви кажам дека понекогаш и криљата ми се видливи,ќе поверувате ли
Но некои зборуваат дека канџите ги осетиле премногу добро
Кажете ѕвер сум,крв низ мене течи,во пеколот ме научија за сето ова
Неверувате,неверувате дека и со Кербер во очите се гледавме
Незнаете како е со морниците трка да правите

Незнаете насмевки да крадите,незнаете да Богохулите,а зборувате за болка
Незнаете да ласкате,незнаете како е да станеш предавник на самиот себеси
Во пустината се плашите да скитате,од тишината бегате
Пиете вино и пијани сте од првата чаша
Чекате ,да чекате чудо кое ќе ве извади од зачмаеност
Ех,затворен круг во вашиот ум

Сега ќе направам два,или пет чекори назад,сеедно
Да се пресоздадам,да го разбудам Ангелот,
Да ме однесе подалеку од овој пекол,каде никој на никого не верува
Каде љубовта е грев,а ноќите безимени
Вистина е
Од гревот може пак да се подигне до невиност
Ќе замолчам

Не сакам повеќе да ја вознемирувам и онака вонемирената внатрешност.


уторак, 19. септембар 2017.

Да можев да се заљубам сам во себеси

Да можев да се заљубам сам во себеси
Никогаш,ама никогаш немаше да се повредам толку силно
Да можев да се заљубам сам во себеси,ќе трепкав со очите
И немаше да оставам Месечината тешко да воздивнува
Еххх да можев
И водата од студена чешма што ќе ја пиев сласт ќе носеше на Душата.

Да можев да се заљубам сам во себеси
Виното само за Благослов ќе го пиев,и рани од младоста ќе лечев
Постојано поразите во победи ќе ги правев,и ќе се прашував малку зачудено
Како да се прегрнам сам себеси.

Да, Да можев да се заљубам сам во себеси
Ќе знаев да кажам илјада и еден убав збор,и
Можеби ќе бев повторно како некогаш дете
Ама
Неможам,ни тоа неможам да го направам,ете,можеби случајно

Сум го скршил огледалото додека сум одел во темнината.




понедељак, 11. септембар 2017.

Чудото на Парадоксот



Ниту ќе се пробудиме,ниту ќе легниме да спиеме
Но тука во парадоксот се е така подредено
Наутро,излегуваме на Балкон чист воздух да вдишиме
Загадената душа  малку да ја прочистиме
Потоа,потоа некаде пред ужинка
Маршираме по улиците за мир во светот
Со пиштолите на појас
И  околу пладне,отупени од силните пароли
Го трошиме времето со излитени фрази...те сакам,ме сакаш
Пред ручек,буричкаме по сопствените мисли
Гледаќи колку е длабоко дното пред нас
Нејсе,со кисела утеха на усните се тешиме
Ионака никој овде во тишината не слуша
Ама светот мириса на живот,зарем не
Вие кои мислите дека сте чудо на природата
Или Божјо чудо,сеедно е
Не баравте нам изгубените.не не враќајте
Зошто ние сме чудото на парадоксот
Наш предок е Тантал
Но нашата пра пра пра баба
ги изгубила соништата на некоја селска чешма
не баравте,не најдовте,не видовте
оставетене и вечерва
на ветерот да му одолееме како стогодишни буки
а вие
вие одете во маалската крчма
таму свират сонети од Бах
со црно вино ќе ве послужат и чинија тартуф

не се чудете.во Парадоксот и тоа е возможно.


субота, 9. септембар 2017.

Научиме како да простам,за да постојам и понатаму




Празнината помеѓу Земјата и Небото сега ја исполнувам
Со стопен смарагд што го најдов на дното од душата
Измеѓу,редам стотици нежни виножита
И полека ја сликам иконата на сродната душа
Во слаткава игра ставив и нежни молњи
Над ликот сеуште нејасен гледам стои  сончев круг
Бездруго,оваа е таа мојата неотгатливата половина

На трпеза,низ  дождалецот ја канам со капинов сок
Додека нежно треперат лисјата од сребро
Сега е само одраз на далечен оган
Не навистина
Не е таа заборавена светлина која истекува од шурките на Вечноста
Поинаква е отколку што вие мислите или знаете
Таа е Бесценетиот Александров камен на наквечерината
И меѓу живите е

Ја доживеав во лесна езотерична состојба
И кажав тогај
Јас сум твојот роб на воздишки
А ти возвишиме,над сите заборавени зборови
Го повторувам ова и денес со својот вчерашен глас
Сите
Сите испокинати нишки помеѓу нас врзиги
И научиме
Како да простам
За да постојам и понатаму
Крениго,како што го кревав и јас пехарот  златен
Пиеќи ги сите заборавени здивови

Ако не друго
Насмевни ми се
Недаваќи судбината да ја надополн сета моја тага
И биди мојот одраз во огледалото
Насмевни ми се
И недавај по вторпат да станам Орфеј.




недеља, 3. септембар 2017.

Чуден патоказ е болката



Чуден патоказ е болката,те води секогаш пред портите на Љубовта
Додека инстиктот ти кажува,седни кај тополите,тие ги знаат сите тајни
Ќе слушниш за местото каде што се раѓаат ветриштата
И за песните што ги пеат птиците,но не се за уво човечко
Така полесно ќе заборавиш на секоја болка,па и за тоа
Дека на три километри јужно од кумовата слама
Некоја старица,тажела деноноќно,не за Љубовта,туку за Младоста

Па и ти,кој ги сакаш паднатите лисја,честопати уморен од се
Со сопствената вистина,посакуваш да клекнеш пред портите на Љубовта
Знам,си останал без соништа,со потрошено богатство по курви
Со повеќе непријатели,отколку пријатели
Земјата ја милуваш,кажуваќи и дека гневот ќе и го оставиш на неа.

Ех,премногу замрсено започнав да глаголам,но зорава е повторно оросена
Но ако повторно од росата се скаменам,можеби така ќе се вратам ,во времето кога доброто беше добро,злото зло
Кога на Љубовта не и беа потребни ни Маѓија,ни Чуда

Сето ова го прочитав на сенката од Пеперутката
Која беше стара три,не ве лажам,беше стара пет милениуми.
Во таа сенка,невидов облаци,го немаше мирисот на темјан
Единствено шест километри северно од сенката беше патеката
Која навистина водеше до портите на Љубовта

П.С
Ако нешто сето ова ви значи
Сепак проверете за секој случај
Дали вашите солзи се залудно пролеани




петак, 1. септембар 2017.

Ако ме разберете правилно



Пред да прочитате,би ве замолил,дајтеми парче од вашиот сон,за да ја видете мојата реалност,за потоа да биде се обично.

Ако ме разберете правилно,ќе знаете дека ја зборувам Вистината
И конечно ќе знаете кој Сум,и дали мислам зло
Немислете дека сум пиел живототворен сок од лишај
Но тоа беше кога бдеев само миг врз историјата на Човештвото.

Навистина,криља ми недостасуваа
Но се се случи откако ја посетив Галеријата на желби
Стигнав таму,по вечното трагање низ прегратки,бакнежи и насмевки
И по некоја тајна провлечена воздишка.

Среќен сум,што ги одминав црните водоскоци,од кои течеше злото
И темната густа ноќ,каде сите беа тажни и осамени
Ете таму,од оловните облаци врни страв
И криковите се пострашни и од пеколните.

Интересно,од бреговите на заборавот,дојде Детето
Малку плачеше,тргаќи го погледот на страна,знаев
Дека ја виде Пустината во мојата душа
На ова,од Десно,и толпата Демони се смееа.

Но,тој со моја помош,јас со негова помош
Отпатувавме позади облаците
Без да го распараме небото
Немаше копнеж во ова,се беше само заборавена игра.

Малку е будалесто,но и од овие далечини се гледаа чавките на земјата
Ги немаше само бедните и ситни души на видикот
Додека изгубените соништа,немирните години,и срушените илузии
На север,на провалијата од времето,правеа Кула слична на Вавилонската.

И стигнавме,на мало парче,слично на Рај
Каде тајната на Човештвото се чуваше,оставивме
По една искрена бисерна солза
Тоа ти било клучот за светот на сите ѕвезди.

Да не должам,го искористивме правото на сопствена тишина
Во која течеа настани измешани со сиромашни,богати,болни,фанатици
И реки течеа,кои час беа сини,час беа крвави
Бевме предупредени ова да биди судбинско премолчување.

Всушност Јас ништо не реков
Само моите прсти зборуваа
Можеби некој друг ден ќе дознаете за продолжението
Сега надвор врни..плаче небото малку,плачи душата моја повеќе.






Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...