петак, 29. септембар 2017.

Повторно из’ртија сеќавањата



Сето ова го правевме во нашите диви игри во детството
И никогаш, ама никогаш никаде не го стававме немиот прашалник на крај
Туку во целиот тој наш татнеж го фрлавме сонцето на сите страни.
Малку наивно ќе ја стегневме судбината во рацете,и
Ќе талкавме така во мислите со нашиот страв и штотуку родената самодоверба
Напати во талкањето ќе се скриевме во првиот невин грев
Гледаќи како врутоците на срам веќе рикаат со црвенило на образите.

Кога заодот ќе се поклонеше понизно пред мракот,и
Клатното на времето ќе означеше крај на кикотливите лудории
Повторно,ќе го земевме враце фенерот на ноќта
Уриваќи ги сите неслучени илузии на калдрмата.

И повторно ќе се судревме со живот кој во тој млак мрак имаше бакарна боја
Бездруго,тој секогаш чуваше некаква тајна од нас,но ние сепак
Да,ги носевме залепени на дланките розевите соништа
Во кој беа запишани сите наши мисли,кои ги кажуваме пред него
Не сме тапани,та само да лупаш по нас,не сме ни ѕверови да бегаш од нас
И ќе го погледневме со нашите ѓаволести ококорени очи.

Еее кога ќе се јавеше повторно новата мугра,и ќе капнеше првата модра капка на земјата
Чуствувавме со леснотија дека сонот не не држи повеќе во своите клешти
Ѕиркаќи позади облаците каде го баравме првиот заталкан зрак од светлината
И небаре сме големци,уште рано рано ги меревме зборовите до последен драм
И список правевме на сите летања што не чекаа во пустелијата на денот.


Што да правиш,повторно изртија некаде во некој дел на виугите сеќавањата.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...