среда, 31. мај 2017.

Милениумска Приказна



Се родивме кога се раѓаше времето во просторот
Заветуваќи се да се раѓаме повторно
И повторно да умираме
Се додека Љубовта не не повика Кај Себе
Се раѓавме со чекор во Иднината
И Мисла во Минатото

И

Живеев во Првиот Милениум
Гледаќи како Музиката го храни Небото и Земјата
Како ја мири водата
Како го милува оганот
Вториот Милениум мене ме хранеше со Поезиа
И во пустината додека скитав
И покрај реката додека одмарав
И кога бев на Врвот од Планината
Ама
Третиот Милениум го преспав
Ете така како секој Човек
Кој само стои на ветромината
Четвртиот Милениум
Ех,бесцелно го прошетав и го потрошив
Во Петиот Милениум
Само пиев вино
И со Курви Спиев
Гревовите им ги оставав на набожните
Шестиот Милениум
Проклетството ме стигна
Љубовта само утеха ми беше
И
Евеме сега во Седмиот Милениум
Со дилемава моја
Дали навистина постоењето мое
Ветриштата ќе го избришат

Или смрта ќе ме награди со осмиот Милениум


уторак, 30. мај 2017.

Со Благословот на Русалките



Црниот Лебед заплака над несватливото и нероденото
Пред полноќта
Заедно со Месечината
Додека на исток Русалките утехата му ја чуваа

Само силуетата која стоеше покрај спилите
Воздивнуваше низ просторот
И го стискаше силно,мигот
Во дланките вкочанети.

Ова беше една ноќ
Кога Бог одмараше
А ветерот си играше со прамењата на цвеќарката
Родена кога војните се разминаа една со друга

Шепна,прошепоти,малку воздивна,но не крикна
Силуетата,Лебедот го прегрна
На Месечината и се поклони
Од Русалките Благослов побара
И Темјанушката во раката ја зеде како утеха млака.

И тргна,без Гавранот проштална песна да му запее
Со цигарата во уста
Оставаќи го куферот полн со лити спомени
Таму каде што громовите пишуваа пеколни писма
Таму каде што волчјиот виеш не ќе го морничави
Таму каде што Часовникот,оди и напред и назад

Тргна.без мудроста на Достоевски
И песните на Лорка
И не ги изброа чекорите додека чекореше по булеварот
Само благо се насмевна на музиката од стариот Виолинист.



субота, 27. мај 2017.

Мислите на мојата Бесмртна душа




Мислите на мојата Бесмртна душа
Се оделија од земјата низ танцот на Тапанот
Среде ноќ
Токму тогаш кога Дамарите решија да се смират
И како поздрав на земјата да и ги кажат
Последните стихови

Дали навистина соништата мирисаат
Или тоа чуство се добива кога ќе се затворат очите
За дождот знам
Со мешавина на Ванила и Лаванда е
И делува смирувачки
Но,ете

Соништата мои,повеќе Јас ве усреќив,отколку вие  мене
Замислете само,
Ладните ги топлев до мугрите
Полумртвите ги воскреснував,читаќи им ги најубавите бајки
Додека,еххх
Најтешко ми беше со очајните
Им зборував исто како на малите деца
Знам дека во илузија пораснавте
Со празно време другарувавте
Но сепак,ако се изгубите вие,ќе се изгубам и јас.

Еххх
Повторно воздивнуваа мислите
Не е лесно да си скитник во Животот
Кој ги знае  тајните и на Небото и на Земјата
Но да молчиш,исто како нив
Не е лесно

Ехх,и ги оставам
Навистина на земјата.нека ги чува
Меѓу коровот
Меѓу розите
Меѓу тулипаните
Ако сака и крај брезите

Таму каде што се раѓаше вистината
Очите на чуварите беа затворени
Додека девојките кои ја служеа
Усните им беа зашиени со челични конци
И Над главите им висеа по седум гревови несторени

А вистината
Лежеше спокојно меѓу сите зборови некажани
Другаруваше постојано
Со песните ненапишани
Но кога ќе отидеше кај луѓето
Плачеше постојано

А лагата
Секогаш кога поминуваше по булеварите
И уличните светилки прегоруваа
Ќе поминеше гордо,и малку зајадливо ќе се насмееше
Божем загрижено ќе воздивнеше
И ќе го слушаше ветерот како тажно зборува

Мислите на мојата Бесмртна душа
Се оделија од земјата низ танцот на Тапанот
Среде ноќ
Додека
Умираше Човекот
И на припек
...и во маглата густа
.......и кога месечината ја милуваше....
Умираше,полека
Без да им кажи на своите сини очи
Почекајте малку
Да воздивнам без болка
Да крикнам без јад
И да заспиам без чемер














петак, 26. мај 2017.

Баладата на Осамените



Понекогаш,само
Понекогаш,се будам
За да ја слушнам баладата на осамените
Што ја пеат
Ѕвездите пред умирање
Потоа
И посакувам на Љубовта
Убав лет во Бескрајот
И ете
Понекогаш
Само понекогаш се будам
Зошто

Животот во соништата нема крај.


четвртак, 25. мај 2017.

Без Чуството на Судбина



Застанавме заедно со сказалките на часовникот
На работ од некоја непозната вселена
Мислеќи дека конечно избегавме од целокупното лудило
Но
И овде,имаше мирис на некоја трева
Која го разнесуваше чуден ветер со облик на палаво дете
Само го немаше чуството на судбина

Можеби затоа сеуште не ми е јасно
Зошто сум буден
Со сеќавања кои не носат болка
Можеби сеуште не ми е јасно
Зошто тука неморам да пронајдам милион причини
Како да те заборавам

Вистина е
Крајот е само молк,и поглед во далечина
И некоја глупава реченица напишана на земјата
Никој на никого не припаѓа

Сега ќе замолчам
И овде доаѓа ноќ
Интересно,како згаснува тука денот
Но ноќта
Ноќта тука слуша се

Сепак
Посакај некоја желба
Ги гледам желбите тука како се раѓаат
И како чуда доаѓаат

Добар сум..бидеќи светот спие.



среда, 24. мај 2017.

Слушниго мојот тивок шепот



Оваа вечер запомнија како почеток на Бесконечноста
И не прашувај,зошто ѕвездите танцуваат само за нас
Остави
Сега и нашите сенки нека бидат среќни
И
Само слушниго мојот тивок шепот
Животот е поголем од секоа наша напишана приказна.

И
Молчи
Додека молитвено низ моите стихови ќе пишувам
И за тебе,и за мене
Зоро пурпурна,недоаѓај толку рано
Оставиме барем сега да ја облеам со Љубовта.

За тебе
Повторно ќе пишувам со азбуката на душата
И онака помеѓу редови ќе погледнам
Како стануваш капка на мојата дланка
Како во насмевката ја носиш енигмата
Во очите ги криеш сите тајни

Додека шепотиш на моето рамо


уторак, 23. мај 2017.

Бојата на Душата



Додека патуваше во ништавилото
Каде беше се тажно и пусто,животот ги палеше свеќите
Правеќи така патека на покајание
Не мене,туку на мојата душа
Јас бев тука,таа беше таму,скиташе низ болките
И се грчеше заедно со бескрајот
Имав толку сила да и кажам само два јалови зборови
Прости ми
И да се склупчам во клопче,исто како во утробата на Мајка
Кажуваќи си себеси,неутешна молитва
Ми недостасуваш
И денес,во оваа обезличена Недела.

Не се изненадив
Што надвор повторно капеа црни капки дожд
Што бунарот на заборавот клокоти со адска сила
Што ќе морам повторно да пиам чај од пелин тревки
И да мрморам зборови
Против сопственото постоење
Разберете
Не сум загрижен што мелахонијата ме обзема
Ни пак се грижам што курвата до мене рапаво воздивнува
Ми недостасува
Ми фали
Потребна ми е сега,токму сега
Душата
И сите нејзини Бои
Да се капам во тоа Боженствено Виножито
И повторно како некогаш
Пред полноќ да се прегнуваме
Во пурпурот да се насмевнуваме
Околу пладне да се радуваме
Пред зајдисонце да танцуваме

Разберете
Не глаголам во мигов
Моите празни ноќи да ги наполните со вашите монотони утехи
Не глаголам во мигов
Моите шупливи дни да ги потполните со вашите лажни прегратки
Ни пак од забава да,
Да ги штипите ветерот за да завива со волчји глас
Ни пак да ме замивате со Света вода

Глаголам во илузијава
Седеќи на исушена трева без никаков мирис
Душата,душата да ме слушни
И блесокот на секој нероден миг да го врати.









понедељак, 22. мај 2017.

Нестварно Постоење



Вечерва
Токму вечерва ќе пеам за тебе,со малку тага во душата
Месечината за мене ќе плачи
Додека хорот од штурци ќе ме придружува
Премногу те сакам да знаеш
За така лесно да те заборавам
А ти,соберија сета тишина околу тебе
И само слушајго ветерот како ги разнесува моите зборови
Ќе стојам на калдрмата
И ќе крадам парчиња испокинато време
Со затворени очи
За да не ги гледам празните далечини пред мене
Ете,собрав малку храброст
За да ги смирам сите немири
Не ми замерувај ако утре само молчам
Ќе живеам од денешните спомени

Сеуште постоиш
И во пурпурот,и во солзата
И во мртвиот ден
И во белата роза
И во скриената болка
И во лажната насмевка
Постоиш и во соништата
Кои ги носам на грбот како казна небесна

Имам уште толку време
На копнежот да му дадам облик на жена
Потоа
Ќе крикнам гласно,за вечноста да слушне
Како со старата виолина пееме
За нестварното постоење









недеља, 21. мај 2017.

Tisina vo Tisina: Помеѓу моето Ах,и твоето Ех

Tisina vo Tisina: Помеѓу моето Ах,и твоето Ех: Поминувам покрај моето Ах,закопан во темнината На бескрајниот Ум,редеќи ги сите имагинарни реалности Кои беа фрлени во бунарот на ...

Помеѓу моето Ах,и твоето Ех



Поминувам покрај моето Ах,закопан во темнината
На бескрајниот Ум,редеќи ги сите имагинарни реалности
Кои беа фрлени во бунарот на заборавеното време
И пред да кажам уф,ги ожививам
За да не станат крвави зборови кои ќе започнуваат со Оф.

А Ти,Ти која постојано гориш во Бездната на Лудилото
Со многу страв во себе постојано кажуваш Ех...
Оставаќи Животот да плачи за тебе
И таму каде што не му е место.

Минатото пишува зарем не,под налетот на жолтата светлина
Од лојаната свеќа,која остана да стои на прагот пуст
Ја гледам како се топи,исто како маската на ликовите

Доаѓа тишината,само ветерот скитник ќе ни прави друштво
Јас ќе стојам и ќе молчам покрај моето Ах
Ти,ќе го прегнуваш без солзи во очите празното Ех
Бидеќи и двајцата сме со сила избркани од сонот.






Детето и Бајките



Имам толку многу години
Што не паметам дека некоја Бајка станала стварност
Но паметам едно дете
Кое секогаш одеше во Продавницата за среќа
И купуваше полна корпа со насмевки
Ги делеше и кога солзи му капеа
И кога дождот му го миеше лицето
И кога сонцето го пржеше по тилот
Но тоа
Откако ќе премалеше од добрина
Секогаш одеше кај докторот, кој ја лекуваше
Неговата кршлива душа
И се враќаше и повторно,и повторно во продавницата.

Годините минуваа,продавницата се затвори
Луѓето започнаа да се плашат од насмевките
Детето
Детото го почуствува првиот Бакнеж
Ги испи првите голтки од нектарот на Љубовта
И започна да лета на криљата од ветерот
Заедно со времето
Каде просторот исчезнуваше
Ги затвораше очите
И гледаше со очите на срцето
Зборуваќи и повеќе на Љубовта,а не на другите
Земиме одавде,јас не припаѓам помеѓу луѓето
Помеѓу нивното зло.кое добрина го викаат
Помеѓу нивното Его,кое живот го нарекуваат
Земиме,и однесиме да се заколнам пред светлината
Да клекнам пред Бесмртните
Каде погледот на детото нема да биде чуден.

Имам толку многу години
Што не паметам дека некоја Бајка станала стварност
Но паметам едно дете
Кое ги скроти соништата,и ги направи негови понизни слуги
Кое постоеше во многу облици
И кое без страв во себе пишуваше на каменот
Кое не се плашеше од изгубените души
Не ја чуствиваше празнината
И одеше во тишината со гордо крената глава.

Имам толку многу години
Што не паметам дека некоја Бајка станала стварност
Но паметам едно дете
Кое се ослободи од апсурдната стварност
И Бајките ги претвори во жива вистина.







субота, 20. мај 2017.

Безгрешните се Бесмртни



Го прашав Поп Цветко,додека го пиевме кафето
Кога Јас ќе бидам Безгрешен
А тој се насмевна и замолчи гледаќи во небото
Повторно го прашав
И ми одговори
Роден си да бидеш Грешник
Безгрешните се Бесмртни
Го прашав повторно Поп Цветко
Кога навистина ќе ми бидат простени гревовите
А тој се насмевна и ја помилува земјата
Повторно го прашав
И ми одговори
Јас ќе ти простам,но сепак гревовите остануваат во твојата душа
Ќе ги снема тогаш кога времето за тебе ќе застане
Незнам зошто,но сепак морав повторно да го прашам
Дали навистина Рајот е Безграничен
И Пеколот нема дно
Приметив дека неговите раце затреперија
Молчеше
Молчев
Се додека Антеријата на ноќта не не препокри
И наместо збогум одговори
Онолку колку што е голема душата,толку е голем рајот
И
Онолку колку што имаш злоба во себе,толку е длабок и пеколот
Ете така
Не раздели ноќта
Но сепак имам уште илјада прашања
Којзнае дали ќеима трпение Поп Цветко.






петак, 19. мај 2017.

Уште колку гревови ќе мора Поп Цветко да ми прости



Имав само четири години
Кога сватив дека огледалото е вратата на другиот свет
И дека јас од другата страна сум посреќен
Имав само пет години
Кога сватив дека бајките и приказните
Ги измислиле несреќните за да ги убедат среќните
Дека ете и тие се среќни,ама во други светови
Имав само шест години
Кога сватив дека птиците се Небесните гласници
И ги слушав секое утро како пеат за новиот дневен живот
Имав само седум години
Кога првпат го почуствува вистинскиот мирис на ружата
Додека ја носев како подарок на девојката со златка коса
Имав само дванаесет години
Кога првпат во мојата светлина се провлече и темнина
Имав само тринаесет години
Кога вистински станав свесен
За лагите на возрасните,кои тие ги нарекуваа вистини
Имав само седумнаесет години
Кога првпат го занемарив детето и побрзав да пораснам
Имав само дваесет и три години
Кога првпат запознав демон со лик на ангел
Додека гледав во неговите очи во кои течеше пеколен оган
Имав само дваесет и четири години
Кога можев да се спасам од пеколот
Додека седев пред неговите порти,но ,но незнам што се случи
Имав само триесет и пет години
Кога стоев како просјак на чуден крстопат
Со недефиниран очај во себе пред нејасна дилема
Имав само четириесет и пет години
Кога во северното царство,во таа величествена пустина
Ветерот ми го одува превезот на очите
И ете така
Којзнае уште колку гидини ќе имам
И којзнае уште колку пати во глува доба ѕвезди ќе гледам
И којзнае уште колку пати во пурпурот на ситниот дожд ќе се радувам
И уште колку вино ќе пиам
Којзнае
Којзнае уште колку гревови ќе мора Поп Цветко да ми прости





среда, 17. мај 2017.

Црно Бел Свет



Додека ја симнуваше шминката од ликот
Или беше тоа нејзината дневна маска
Скриената болка полека повторно ги исполни длабоките бразди
И завчера...и пред три недели солзи таму течеле
Се насмевна
Не мене,туку на другата стварност која ја чекаше
Во таа искасапена темнина,каде не се страмеше
Од својата голотија,и литата кожа
На десната страна од нејзината усни,прекорот се јави
Кон сите изгужвани мисли ,во кој блудот се криеше
Но сепак млитавото каење го остави
На старата мусандра во кој беа сокриени миризливите писма
Глупаво беше да создава срамежливи погледи
Затоа,ги поделивме миговите
На чедни,жедни и бесрамни
И така ја потполнивме сета празнина
Со едно невино ох,ги врзавме судбините
И зборовите без вкус паднаа на подот

И започна црно белиот свет,да добива боја на виножито.


петак, 12. мај 2017.

Директен Пренос од Одаите на Срцето



Којзнае,можеби утре ќе реши и Душата да прозбори
Но сега во сите одаи се молчи за Гревот и Љубовта
И подобро е така
Не си веруваа еден на друг,та сега само го арчат времето
Претвораќи ги сите мигови за обични,понекогаш и безначајни
Емотивно умираќи

Пурпурната страс веќе избледува во просторот
Мислите,развлечени како црвена течност течат
И се губат под сенката на судбината

Феникс кутриот,заборави да воскреснува
А како би,кога нема пламен да го гори
Само тажно шепоти,гледаќи како заборавот галопира
Никогаш повеќе нема да го видам Ѕвезденото Небо
Во дните само магли лепливи ми се влечат

Закаснети чуства,кои ништо незначат
Пробаа,само пробаа полугласно да ја довикуваат надежта
Да го нацрта тој совршен круг на настани

Проклета валкана харизма,извика полупапсаниот нероден час
Ги кинеш сите форми на силуетите кои поминуваат тука
Оставаќи за ним тишината да зборува
Проклета валкана харизма,извика повторно полупапсаниот нероден час
Зарем сега ќе дозволиш
Дневната светлина да се користи  само за сонување

Има уште многу
Но Манастирското ѕвоно кажа дека е време за молитва
А вие
Ако на некој астал видете оствена насмевка
И полна пепељара со пикавци
Да знаете дека тоа се остатоци од некое изгубено време.










уторак, 9. мај 2017.

Пишував писмо за една жена




На денешен ден
Пишував писмо за една жена
Зарем е важно која година беше тоа
Но сепак треба да знаете
Тоа беа фрагменти од мојот живот
во нејзината имагинација.

Да не постоеа искушенијата,моите страсти
Никогаш немаше да зовриат по тебе
Ете тогаш,неможев да се бранам со смирение
И да го олеснам бремето на моите гревови
Дознав тогаш,младоста ми ти била лесно превртлива
Негледав кога беше до мене
Дека си Ангел Сатанин,кој ме боцка по лицето
И ми шепоти,дека има уште еден пат до Рајот
Ете така се втисна во душата
Да мој Ангелу Сатанин,ги виде наеднаш
Сите реки на мојата тага
И полињата каде што цветаше радоста
Не се плашеше од мојот поглед,
а треперееше на допирот од дланката
правеќи го така немирот во најубав спокој

незаборавај мој Ангелу Сатанин
кога завршуваше мојот ден,започнуваше твојата ноќ
непоканет доаѓав секогаш
нашите скршени тајни да ги составиме
слушаќи ја најтивката песна на моите надежи

подобро е да замолчам,зарем не
зошто моите прсти сакаат постојано да танцуваат по хартијата

пишуваќи за нејзиното постоење.


недеља, 7. мај 2017.

Додека свиреше Чајковски



Додека ноќта носена на ветерот доаѓаше
Ги броев трпеливо нејзините чекори
И буден гледав како немите посматрачи се губат во далечините
Остана толку време
Тангото,јас и блудничката на валканиот чаршав
Повторно да го одиграме,како воља на Паганските Богови

Доаѓаше,со нејзиниот тетовиран живот
Расфраќи ги лево и десно нејзните заносни бедра
Името не е важно,.ни пак нејзината дата на рагање
Но сепак имаше почисто срце
Отколку многу божемни домаќинки
Иако беше позната блудничка.

Тишината ја искршивме на иљада и едно парче
Времето го оставивме да тече онака како што сака
Сјајот од нејзината убавина се преслика на перницата
Додека двете нејзини свери
се вртеа по непишаните правила на природата
наликуваше се ова на илузија
но обилната амброзија која течеше од неа
беше доказ за сета стварност
единствено,не дозволуваше
да ѕирнам во нејзините соништа
кои стоеа сокриени позади клепките.

Не се покајав што ме натера повторно
Да бидам земја,а таа небо
И што така лесно се откажавме
Од сите одминати вистини
И небевме чекор до совршенството
Сеедно ни беше
Дали некој или некоја,некогаш ни пишувал писма
Таа беше жена,која го немаше вкусот на заборавот
Но јас бев маж,кој не ги сака огледалата
Но го сака нејзинот голо тело
А двајцата
Додека свири Чајковски
Повторно на плавиот свилен чаршав

Купуваме и продаваме страсти.


Така требало да биде




Додека Пурпурот од Запад
Течеше незапирливо
Одеднаш
Ѕвездата која на осамените им беше водилка
Блесна
И прошепоти со засипнат глас на преморен старец
Кој се провлекувал низ вековите
Така требало да биде
Судбина што да правиш
Додека пурпурот од Запад
Течеше незапирливо
Низ спилите оштри
Третата наречница се смееше крештаво
Цедеќи ги зборовите низ смеата
Така требало да биде
Судбина што да правиш
Само на исток
Мирот на скитникот ја собирше тишината
Каде го немаше мирисот на ефтина цигара
Ни пак нападниот парфем на лесните жени
Каде не сонуваше,туку беше буден
И каде немаше мртви чекори
Ни пак бесцелни мигови на каење
Само на исток
Ангелите беа смртници
Демоните неми статисти
Додека судбината

Беше само приказна која секој ден се пишуваше


субота, 6. мај 2017.

Ќе заминам утре како Безимен



Ќе го врежам моето име во каменот
И ќе заминам утре како Безимен
А вие гледајте секој ден во она што беше вчера
Бараќи го моето постоење

Мојата потреба во здружението на кипови заврши
Непотребно е да кажувам збогум
Можеби ќе патувам на Југ
Некаде каде што и птиците одат
Будеќи ги фрагментите на времето неродено

Некаде прочитав
Дека желбата е пола живот
А рамнодушноста е пола смрт
Ете гледате,сеуште имам желба
Вие останете рамнодушни тука

Сигурно ќе одам.на Југ,каде светот бил црно бел
Но боите на дните сеуште се на моите дланки
Зборуваат дека таму никогаш не умреле
Ни Јесенин,ни Пушкин,и дека
Хамлет бил Насмеано Момче
Додека ги гледал како Ромео и Јулиа танцуваат весело

Сега простете
Ова искривено време само болка создава
Ќе го отварам прозорот
Со месечината да се поздравам
И некаде пред полноќ
Ќе го врежам името на каменот.




Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...