субота, 27. мај 2017.

Мислите на мојата Бесмртна душа




Мислите на мојата Бесмртна душа
Се оделија од земјата низ танцот на Тапанот
Среде ноќ
Токму тогаш кога Дамарите решија да се смират
И како поздрав на земјата да и ги кажат
Последните стихови

Дали навистина соништата мирисаат
Или тоа чуство се добива кога ќе се затворат очите
За дождот знам
Со мешавина на Ванила и Лаванда е
И делува смирувачки
Но,ете

Соништата мои,повеќе Јас ве усреќив,отколку вие  мене
Замислете само,
Ладните ги топлев до мугрите
Полумртвите ги воскреснував,читаќи им ги најубавите бајки
Додека,еххх
Најтешко ми беше со очајните
Им зборував исто како на малите деца
Знам дека во илузија пораснавте
Со празно време другарувавте
Но сепак,ако се изгубите вие,ќе се изгубам и јас.

Еххх
Повторно воздивнуваа мислите
Не е лесно да си скитник во Животот
Кој ги знае  тајните и на Небото и на Земјата
Но да молчиш,исто како нив
Не е лесно

Ехх,и ги оставам
Навистина на земјата.нека ги чува
Меѓу коровот
Меѓу розите
Меѓу тулипаните
Ако сака и крај брезите

Таму каде што се раѓаше вистината
Очите на чуварите беа затворени
Додека девојките кои ја служеа
Усните им беа зашиени со челични конци
И Над главите им висеа по седум гревови несторени

А вистината
Лежеше спокојно меѓу сите зборови некажани
Другаруваше постојано
Со песните ненапишани
Но кога ќе отидеше кај луѓето
Плачеше постојано

А лагата
Секогаш кога поминуваше по булеварите
И уличните светилки прегоруваа
Ќе поминеше гордо,и малку зајадливо ќе се насмееше
Божем загрижено ќе воздивнеше
И ќе го слушаше ветерот како тажно зборува

Мислите на мојата Бесмртна душа
Се оделија од земјата низ танцот на Тапанот
Среде ноќ
Додека
Умираше Човекот
И на припек
...и во маглата густа
.......и кога месечината ја милуваше....
Умираше,полека
Без да им кажи на своите сини очи
Почекајте малку
Да воздивнам без болка
Да крикнам без јад
И да заспиам без чемер














Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...