петак, 5. мај 2017.

Еден ден,да еден ден




Еден ден,да еден ден
Кога ќе паднат сите ѕидови од времето
И кога ќе застанат сите пијани чекори на калдрмата
Ете тој ден,
каењето ќе биде само смешна приказна која ќе се раскажува
помеѓу папсаниот хаос
и некои срамежливи погледи на будалест романтичар

Еден ден,да еден ден
соништата нема да ги има повеќе
ни меѓу нозете,ни пак околу срцето
ни пак Ѓаволите ќе пеат Балади приспивни
се ќе биде така тивко
тивко и лесно.

Еден ден,да еден ден
Кога ќе добиеш чуството дека си Тројански Коњ на земјата
Сам на себе ќе си кажеш
Ја носев секогаш Војната,бегаќи од мирот
Несакав да пловам во длабочините на мојот ум
Плашеќи се панично од Вечноста

Ете тој ден
Не биди мал Атом кој чека да го голтни Црната Земја
Ни пак се возвишувај лажно до височините на Ра
И не биди плашлив како Ганимед
Ете тој ден
Биди она што никој не бил
Биди Душа без окови
А не сенка

Која навечер само сонува за Ѕвездите.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...