петак, 19. мај 2017.

Уште колку гревови ќе мора Поп Цветко да ми прости



Имав само четири години
Кога сватив дека огледалото е вратата на другиот свет
И дека јас од другата страна сум посреќен
Имав само пет години
Кога сватив дека бајките и приказните
Ги измислиле несреќните за да ги убедат среќните
Дека ете и тие се среќни,ама во други светови
Имав само шест години
Кога сватив дека птиците се Небесните гласници
И ги слушав секое утро како пеат за новиот дневен живот
Имав само седум години
Кога првпат го почуствува вистинскиот мирис на ружата
Додека ја носев како подарок на девојката со златка коса
Имав само дванаесет години
Кога првпат во мојата светлина се провлече и темнина
Имав само тринаесет години
Кога вистински станав свесен
За лагите на возрасните,кои тие ги нарекуваа вистини
Имав само седумнаесет години
Кога првпат го занемарив детето и побрзав да пораснам
Имав само дваесет и три години
Кога првпат запознав демон со лик на ангел
Додека гледав во неговите очи во кои течеше пеколен оган
Имав само дваесет и четири години
Кога можев да се спасам од пеколот
Додека седев пред неговите порти,но ,но незнам што се случи
Имав само триесет и пет години
Кога стоев како просјак на чуден крстопат
Со недефиниран очај во себе пред нејасна дилема
Имав само четириесет и пет години
Кога во северното царство,во таа величествена пустина
Ветерот ми го одува превезот на очите
И ете така
Којзнае уште колку гидини ќе имам
И којзнае уште колку пати во глува доба ѕвезди ќе гледам
И којзнае уште колку пати во пурпурот на ситниот дожд ќе се радувам
И уште колку вино ќе пиам
Којзнае
Којзнае уште колку гревови ќе мора Поп Цветко да ми прости





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...