четвртак, 4. мај 2017.

Крилати Сенки

Те сакав исто онака
Како што дивиот пламен го сака пеколот
Додека ти во сето тоа беше
Онаа подмолна пепел која секогаш победува
Да,дааа
Те сакав и тогаш кога маглата ме прегнуваше
Недаваќи другите да ја видат постелата од солзи
Те сакав
Се додека не ја видов мојата крв на твоите раце

Потоа
Потоа другите само ме прашуваа што правам
Секое утро со празните соништа
Додека ги расфрам по празното време
Без грам милост.

Прво молчев
Зошто во мислите Хамлет го рецитирав
Повеќе како утеха
И само чекав да се појави на Запад Виножитото
Каде беа ссокриени сите неродени приказни.

Да,дааа
Те сакав со сите скриени мистерии во твоите очи
И сите непостојани тишини кои се раѓаа од твојот молк
Што да се прави
Човечки е да се згреши
Па и кога се сака
Дека е така
Зборуваат крилатите сенки кои се родиле во твоите кошмари.



Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...