уторак, 31. мај 2016.

Црни Ангели




Кога ми кажаа
Повеќе да ја сакам Смрта,отколку Животот
Мислев
Дека Црните Ангели со мене се шегуваат
И повторно рекоа
Оставиги под каменот сите Соништа
И замијсе за последен пат со солзите на Самовилите
Неразбра
Дека белината на денот ти го скамени срцето
Ајде
Тргни по Патеката каде само камења има
Попатно некоја Молитва ќе најдеш
Ќе гребеш по ѕидовите на мракот
Кажуваќи ја
Дозволими Боже,никогаш повеќе д а не посакувам
Ајде
Престани да го мериш Времето на Двајцата Господари

И скршиго веќе еднаш,крилото на Пеперутката.

Чернодримски

За едно Добравечер




Во самото предвечерје
Додека семожните соништа се будеа
Етего повторно Печатот на Времето  се втиснуваше
Чекаќи го замислениот поглед
И редовното Добравечер
Да одекне во меѓупросторот на Двете Срца.

Не,нема да има Бури од сето тоа
Ни пак Громови ќе маваат
Мирисот на дождот  Ветрот ќе го одвее
Ќе биде само она Добровечер
И се мразам себеси што Молчам

Молчам за да не те изгубам
Беше само шепот посакуван
А ти,Молчиш зошто изгуби,остануваќи со болката
Остана само редовното Добравечер.

Спасиго својот свет
И никој за тоа нема да знае
Дека е така,ќе дознаам кога,
Можеби некој заскитан Гавран само за тоа ќе пее
Но Јас,постојано,тука,
Мислев дека Љубовта е закована на каменот
А таа само се криела во темните долапи на Душата.

И повторно молчам
А толку сакам да заплачам
Толку многу,се додека не се удави молкот
И не се засрамам од темнината
И не се појавам во Светлината
Ете толку сакам да плачам

Да
Ќе кажам Добравечер
Можеби
И снегот кога ќе паѓа
И ќе ја пишувам обичната Приказна
Сосем најобична приказна
За едно Добравечер

Чернодримски







субота, 28. мај 2016.

Пепрутко Моја




Пеперутко моја,зошто повторно леташ кон неа
Зарем незнаеш дека смрта те чека таму.

Го немаш тоа право
Повторно да  го отвараш пеколот
Еве,и Јас понекогаш помислувам да Сакам
Но тогаш моите соништа треба да ги напуштам.

Згрешив,само еднаш
Што поверувам во тивките шепоти на ветрето
Кога те носеше на своите криља
Рече некако низ песната твоја
Пеперутко Моја
Да ги отворам вратите на моето срце
Знаеш и ти
Дека само ревот ни остана како подарок.

Пепрутко Моја,зошто повторно леташ кон неа

Зарем незнаеш дека Смрта те чека таму.

Чернодримски

Нов Облик

Премалениот заод седна на каменот,сакаќи така да ги одмори своите последни мигови,и во тие мигови го гледаше Човекот.
А тој..Започна со Света Вода,донесена од камен Манастир,да ја плакне  кожата од сите наслаги на стравот..ненадејното искушени што ми се укажа..да биде Нов Сплавар на сплав во бескрајна вода,каде што нема брегови,не се испушташе..но сето ова  за некој друг свет беше..но ако..ионака од него истекуваше животот небаре е воздух кој бега од балонот одврзан..чудно..се согласи,и не чуствуваше болка..дробовите се отвраа на илјада места,срцето ја црташе најубавата права линија..па дури и три сенки што ја следеја сета таа негова создадена хроника,сега се морничавеа,беа слични на три облаци кои ги носи ветерот,ту ваму,ту таму..кутрите,како да знаеа,дека хаотичната љуња што им се навестува бргу ќе ги однесе во коридорите на заборавот..и пред нивните чељусти,ќе стражарат Ангели со пламени мечеви..само во нужен настан ќе им дозволат да пцалаат по малку..но како и да е,не е ова Приказна за нив..
Под чудно влијание на Месечината,ете тој,Човекот кој секогаш ја дочекуваше на прозорот во своите излитени ,но свилени пижами,и секое нејзино враќање,ги ширеше своите прегратки,небаре се најголемите Орловски Криља,и ја милуваше..така нежно,што и таа палната ќе се разнежеше од сето ова,та како најубава  нимфа ќе легнеше на кратко на неговата дланка....
Но,што се случи,кој ќе знае..
Стоеше вечерва на Блаконот и само молчеше,негледаше во сводот полумрачен,само напред,да напред во далечините гледаше и мрмореше..
-да,тажно е,но кога се мора,се мора..тажно е што да се прави..
Збеснатата самопрголасена Корална Ѕвезда,која скиташе каде ќе и текни,од ова побесна целосно..
-како смее да замине,така ненајдено..навистина се истопи многу бргу,но сепак неговите бескрајни ведри погледи мене ме држева во крепост....ете што било во прашање,сега од што ли ќе се дембелее оваа Корална Ѕвезда....сувите длабочини под нејзината скриена свест  ја гризеа со живи вртежи од ова сознание..ќе мора,ќе мора конечно да се покори на Бескрајот,бидеќи ќе го нема сонувачот..и таа ќе биде уште една обична ѕвезда во непрегледната низа..
Го заборавивме повторно Човекот зарем не...тој и понатаму стоеше на Балконот..и го гледаше новото раѓање на младата ноќ,некаде од срцевината на времето непозната рака и за него му пријде нудеќи му го најубавиот грозд на кој беа наредени најубавите кристални соништа.и со глас кој беше сличен на Чучурлига му кажа..
-Брести слободно,од кристалноста на овие соништа ќе станеш Бесмртен,и ќе можеш да патуваш многу илјадници миљи далеку за миг,ќе можеш да отидеш таму каде се е необично,но исполнето со живот..ќе можеш да ги видиш најубавите фиданки на младите милениуми како се раѓаат..
-знам не спијам,а Ти што глаголиш не си Бог..но сепак Кој Сум Јас.
-ја бараше Вистината,онаа вистина која ја знаеше уште во првиот миг на твоето раѓање,но ја заборави кога се роди твојата прва желба..точно е Јас не сум Бог..но сепак ќе ти кажам..конечно го совлада стравот од неминовноста..сега ќе ја спознаеш повторно заборавената вистина..не еважно што ќе стане со тебе,вистината е што ќе остане по тебе..
-да молчам ли
-сеедно е..и да врискаш..неминовноста доаѓа..

Од самото јадро на тишината дојде новиот облик.

Чернодримски

петак, 27. мај 2016.

Ако има утре

Кога ви реков фрлете камен врз мене
Вие избегавте во вашите пустелии
Кога ви реков,исплукајтеме
Вие го побаравте ветерот да ги однесе вашите плуканици
Знаевте дека се погнасни и од моите
Зборувате како совеста е вашата најубава перница
Но етеја ,ја гледам се валка во лигавите калишта.

Можеби Јас сега сум веќе минато за вас
Но пепелта моја е расеана во Вечноста
Сега простетеми што ќе ве напуштам молитвено.

Им простувам на моите очи,што ве гледаа со милост
Им простувам на моите усни,што шепотеа молитви и за вас
Им простувам на моите раце што ве прегрнуваа искрено
Им простувам на моите солзи што ми го миеа лицето од вашите Јудини Бакнежи
Му простувам најмногу на моето срце
Што чукаше деноноќно со Љубовта.

Навистина
Ако има утре
Ќе бидам само сон,кој се оплодува во сон
Повторно простете
Но моето  време го потрошив.


Чернодримски

Моја е само Сегашноста.


                                                                         Гавранот пред да замине
                                                   Амајлија ми остави
                                                                           Пердув од неговото десно крило
                           Да ме чува од семожни вистини
                                                   На покривот застана без да се заврти
         И
                           Пукна небаре меур од сапуница беше.

           

          Потоа молк.
                 Остана само
                       Да гледам во прашањето без одговор
                               Во чија дланка сега спие
                                     Во Божја
                                             Или Демонска .
                                                   На смрагдни Брези ли сега седи
                                                           Или покрај смрдлива бездна судба колни
                                                                 Гледа ли сребрена Пирамида
                                                                         Или крај пепелиште од гламни поминува.
                                                                               Puo' significare soltanto l'amore

 

 

 

                              Но скоро невина утеха му праќам
                                             Среќник си што од невидлив кафез си пуштен
                               А јас останав тука сеуште со погледот диво да молскам веди
          Пеколно да ревам и покрај живи покојници да седам.
Да ,
         Еве морам ,
                  Со неколку чудни временски скокови во кафезот да се вратам
                        Господарите на туѓи животи да ги гледам
                                    Кои немаат сила да се прекрстат,но имаат сила во душата да ти бркнат.
                               Ако реков
                                                     Иднината брза кон пердувот 
          Ми остана во рацете само сегашноста..

Чернодримски

Мојсиево Море


Зад ѕидовите од сите човекови сваќања ревеше ноќта
Додека ја сопнуваа молскавици кои ја правеа да биде тешка
Како утеха ,џвакаше безначајни мигови кои небеа достојни да с еродат
Можеби ова е за вас само паганска приказна,но недостижниот очај беше насекаде.

Небидете неблагодарни,за вас Старата планина дише со дробовите на мртвите претходници
Уште од времето на Библиските Џинови кои ја милувале
А вие,додека испарува зелената магла од нејзините грбини,бидетеи друшки
Столбот од жолта светлост за тоа низ криви дрва ќе ве благослови.

Негрижетесе,Божјата закрила низ распетие ќе ви се насмее
И срцевината на вашите коски со среберени кристали ќе ги исполни
И за вашата кучешка сенка,во друга приказна,на други ќе им се раскажува
Мислите дека сето ова се легенди за некој живот,за некоја младост.

Но доколку слушните дека задгробникот е во опасност,помогнетему
Само тој знае што е свиркаво и болно дишење,или вечен спокој
Или со други зборови,само тој ја знае среќната заедница на новиот живот
Разберете,и утре ќе има нови религии,но задробникот ќе биде тој.

Можеби ,сити ваши иднини што ви ги кажаа,се само фикција
Ноќта,и сива,и гладна,и ладна,и зла,и Благородна ги голтна
Олабавете,не дишете тешко,прикријтеја возбудата
Во утробата на сите светлини,е вашето Мојсиево Море,отворетего.

Чернодримски







Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...