петак, 27. мај 2016.

Ако има утре

Кога ви реков фрлете камен врз мене
Вие избегавте во вашите пустелии
Кога ви реков,исплукајтеме
Вие го побаравте ветерот да ги однесе вашите плуканици
Знаевте дека се погнасни и од моите
Зборувате како совеста е вашата најубава перница
Но етеја ,ја гледам се валка во лигавите калишта.

Можеби Јас сега сум веќе минато за вас
Но пепелта моја е расеана во Вечноста
Сега простетеми што ќе ве напуштам молитвено.

Им простувам на моите очи,што ве гледаа со милост
Им простувам на моите усни,што шепотеа молитви и за вас
Им простувам на моите раце што ве прегрнуваа искрено
Им простувам на моите солзи што ми го миеа лицето од вашите Јудини Бакнежи
Му простувам најмногу на моето срце
Што чукаше деноноќно со Љубовта.

Навистина
Ако има утре
Ќе бидам само сон,кој се оплодува во сон
Повторно простете
Но моето  време го потрошив.


Чернодримски

Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...