петак, 27. мај 2016.


Мојсиево Море


Зад ѕидовите од сите човекови сваќања ревеше ноќта
Додека ја сопнуваа молскавици кои ја правеа да биде тешка
Како утеха ,џвакаше безначајни мигови кои небеа достојни да с еродат
Можеби ова е за вас само паганска приказна,но недостижниот очај беше насекаде.

Небидете неблагодарни,за вас Старата планина дише со дробовите на мртвите претходници
Уште од времето на Библиските Џинови кои ја милувале
А вие,додека испарува зелената магла од нејзините грбини,бидетеи друшки
Столбот од жолта светлост за тоа низ криви дрва ќе ве благослови.

Негрижетесе,Божјата закрила низ распетие ќе ви се насмее
И срцевината на вашите коски со среберени кристали ќе ги исполни
И за вашата кучешка сенка,во друга приказна,на други ќе им се раскажува
Мислите дека сето ова се легенди за некој живот,за некоја младост.

Но доколку слушните дека задгробникот е во опасност,помогнетему
Само тој знае што е свиркаво и болно дишење,или вечен спокој
Или со други зборови,само тој ја знае среќната заедница на новиот живот
Разберете,и утре ќе има нови религии,но задробникот ќе биде тој.

Можеби ,сити ваши иднини што ви ги кажаа,се само фикција
Ноќта,и сива,и гладна,и ладна,и зла,и Благородна ги голтна
Олабавете,не дишете тешко,прикријтеја возбудата
Во утробата на сите светлини,е вашето Мојсиево Море,отворетего.

Чернодримски







Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...