недеља, 25. септембар 2016.

мојата ненапишана песна



Го сринав последното парче гнев од себе
И станав соголена вејка која пее само во наквечерината
А потоа во темната одаја шепотам со тивок глас
Пред невидлив ѕид на кој е напишана
сеуште мојата ненапишана песна или ода
која  наслов носи

Величенствена Курва

Се сонив себеси со моите кратковечни дни
Те сонив тебе како ме закопуваш
На Јасник со развлечена молитва
Играќи чудни свадбарски ора.

Во твоја чест и судниот ден не го мразам
Те љубев повеќе во есенските ноќи
Помалку во пролетните,незнаеќи ја твојата тајна
Дека не си била делкана во човечко обличие
Со чудна маѓија
бев опиен од твојот ноќен здив на скапана мрша
Понекогаш седев со луѓе
Но секогаш проклето копнеев по тебе
Беше моја копнежлива птица
И скриен грч на гревот
Дробна радост од младост
 затрудниваше па и кога не те милував
Срцето ми го пиеше со нечиена суровост
А јас зачудо верував во мелемите на твоите усни
Магмата ти течеше во вените
И клокотеше со пеколен оган
Ветриштата секогаш колковите ти ги нишаа
Додека подарок од Бафомет
Сонцето на ликот ти ги залепил

Домаќинките ги презираше
Додека престрилката ја мразеше
Туѓата машка пот ноздрите ти ги ширеше
Па и кога пред Олтарот на Бога стоеше
Црните житија ги читаше
И земјата со пцости ја пизмеше
Катаутро споулавено бараше Ореолот да го ставиш
И како светица до мракот да те слават.

Едно е кога молчиш
Друго е кога кркориш
Трето е кога    заминуваш
Етеме сега во некој за тебе непознат ден














Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...