понедељак, 5. септембар 2016.

И ајде сега




Кога ќе се простам од денот
И кога ќе ја видам повторно онаа ѕвезда што трепери
Ќе го прашам моето сребрено срце
Дали повторно да се вратам кај Перун
Или да клечам крај Манастирскиот темел.

Калуѓерот кога слушна
Да калуѓерот што клечеше пред олтар од утро до мрак
Знам дека плачеше со едното око
И Глаголеше
Не се воведувај така лесно во преданијата.

Ама ајде
Кога на третиот ден ме задоиле Самовили
На четвртиот ден дождалецот ликот ми го миел
Околу папокот,дванаесет живи соништа ми врзале
И ме чаделе седум дни со загатливи тревки
Знам за уште чудесија
На Четириесет дни ме крстеле во свето вино
А надвор усвитена мољња ме благословила.

И ајде сега
Ако не играм со Русалки
Паганите ќе ме скаменат
Ако не се ведам пред светите одежди
Ќе ме проколнат
Анатема ќе фрлат
И
Ако вистината ја кажам
Дека Распетието го паметам
Вие ќе кажете
Срцето ми е крваво,и само бамборам на месечина.

Нејсе
Ќе се помолам тука на лединава
Господе,те имало,те има ќе те има
Ме имало,ме има ќе ме нема
Перуне
Те имало,те има,ќе те има
Ме имало,ме има,ќе ме нема
Па и кој да си
Отворимија јатката на ноќта
За мракот во моиве жили не ме пие.






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...