среда, 17. октобар 2018.

Колекција од Болки




Ако мојата тишина и твојата тишина
Се прегрнат онака заљубено како некогаш
Дали и понатаму ќе  мислиме исто, како и сега
Дека дождот залудно паѓа.

Ако мојата душа и твојата душа
Заиграат на празниот булевар некој непознат танц
Дали пеколот што го создавме самите
Ќе се распадне под светлината на фенерите.

Молчиш зарем не
Молчам исто како и ти
Вдишуваќи го мирисот на Ванила
И,Надеваќи се дека повторно ќе се стретенеме во некој сон.

А се што е недоречено
Останува и понатаму
Во нашата колекција од Болки
Која ете ја,виси во некое непосакано утро.









уторак, 16. октобар 2018.

Наликува на Еретички Запис




Не клекнувам пред олтарот на Бога
За да ми мине ете така времето
Заедно со Бабетините кои им е ладна душата и кога сонцето ќе изгрее
за пцалам празна молитва
Ами наутро,мојот прв поглед го пали кандилото
Во моето срце,,кажуваќи ми дека на патеката каде светлината ќе не води
Повторно ќе стретниме
Курви кои личат на домаќинки,Неблагодарници во убави Одела
Плашливци со девет амајлии околу вратот
Полупијани скитници без грам надеж
Кои копнеат ден и ноќ за само една прегратка
Да,можеби и ќе се видиме себеси,во нечии бескрајни пространства
Како чмаеме исплашено во крајот на некој лилав облак.

Ете,само да знаете,Денес
Ќе бидам Среќен,Ќе бидам тажен
Ќе ги мирисам цвеќињата,ќе се радувам како дете на капките дожд
Ќе ви кажам,Добро Утро,Добар ден
Сеедно ми е што вие ќе молчите
Ќе го градам денот,без да го рушам вчерашниот
Грчеќи се исто,и на мојата и на вашата болка.









понедељак, 15. октобар 2018.

Химната на Љубовта и Животот




Незнам дали да ја отпеам грловито на Пладне
Или тивко,тивко на полноќ
Химната на Љубовта и Животот
Зошто некако знам
Дека вие лажни црвени Буржуи
И Големи лицемерни лигави Поданици на Христа
И мене,како и другите пред мене
Мад мадскара ќе ме сторите
Не оставаќи ме да ги напишам сите природни тонови на бојата
По недогледното синило
А потоа со младото лудо ветре да заскитам по вжештените покриви
Каде се кријат сите погледи кон далечните ѕвезди
За најсетне во чекорите да ги втиснам
Нотите во кој се вградени сите мириси на Љубовта.

И стариот Атанас,кој липса како куче на плочникот од Градот
Ја нудеше својата прегратка секому бесплатно
Со солзите им ги замиваше на сите валканите дланки
Не раскажуваше никому за избледените спомени
Туку играше секогаш танго со папсаните соништа
На музиката која му ја свиреше Месечината
Ете,замина ,замина Атанас заедно со Виножитото
Без да го разберат сите дека ја пееше секој ден Химната на Љубовта и Животот.

Незнам,навистина незнам дали ја отпеам химната
Или да оставам рапавиот ветар да скита по вашите испукани усни
Каде се сокриени сите ваши несреќи
И залудни потраги по совршенството.







недеља, 14. октобар 2018.

Доволно е




Доволни ми беше само еднаш
Да погледнам во твоето синило.
за да ја видам сета скриена тага
позади сите твои широки насмевки.

Доволно ми беше само еднаш
да го слушнам твојот таен шепот
што го пушташе во тишината
за да знаам како душата твоја рика од болка.

Доволни ми беше твојата близина
за да го почуствувам немирот на твоите дамари
кои танцуваа нервозно секогаш
кога мојата воздишка умираше на усните мои.

Доволно е твоето постоење
За да ги отворам очите
И  денот да го прегнам
Со една широка прегратка.





субота, 13. октобар 2018.

Непозната Ѕвезда




Им забранив на мислите да танцуваат со ветерот
Некако знаев,дека така ќе те заборавам лесно
Затоа ги оковав во муграта
И не ги пуштав да скитаат во денот со сенките

Им забранив на зборовите да се раѓаат
Секогаш кога сојката пее тажно
Некако знаев,дека повторно на осамениот даб ќе му раскажувам
За твојот мирис од кожата кој е поубав и од ванила.

Му забранив на срцето,да трепери немирно
Секогаш кога твојата насмевка ќе ги израдува и неродените мигови
Некако знаев,дека тогаш повторно однекаде ќе долета птицата кобничка
Носеќи ја на криљата најтажната песна,која треба потоа во тишината да ја пишувам.

Ќе оставам само,немиот крик да се разлее насекаде
Поштедуваќи ја ноќта од непотребни грчеви
Ако случајно воскресне твојот лик,само да знаеш
Ќе го насликам на небото,покрај месечината,десно,на непозната ѕвезда.



четвртак, 4. октобар 2018.

Само верувај во себеси





Само верувај во себеси
Рече пророкот и замина во пустината да се бори со бурите
Само верувај во себеси
Рече калуѓерот и замина во темнината да ја голта лакомо
Само верувај во себеси
Рече продавачката на цвеќина и замина во градината да ги милува ружите
Само верувај во себеси
Шепотеше папсаното време покрај бездната додека рикаа сите мртви спомени
Само верувај во себеси
Извика ветерот додека заминуваше некаде на север
Зошто
Улиците станаа најлошиот лавиринт на пеколот
Само верувај во себеси
Зошто
Не знаеш колку е лесно да се изгубиш во сеќавањата
Каде прошката е како казна.
Само верувај во себеси
Така
Ќе имаш сеуште моќ да го смируваш вриежот во вените
И да се насмевнуваш со тишината.







Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...