субота, 13. октобар 2018.

Непозната Ѕвезда




Им забранив на мислите да танцуваат со ветерот
Некако знаев,дека така ќе те заборавам лесно
Затоа ги оковав во муграта
И не ги пуштав да скитаат во денот со сенките

Им забранив на зборовите да се раѓаат
Секогаш кога сојката пее тажно
Некако знаев,дека повторно на осамениот даб ќе му раскажувам
За твојот мирис од кожата кој е поубав и од ванила.

Му забранив на срцето,да трепери немирно
Секогаш кога твојата насмевка ќе ги израдува и неродените мигови
Некако знаев,дека тогаш повторно однекаде ќе долета птицата кобничка
Носеќи ја на криљата најтажната песна,која треба потоа во тишината да ја пишувам.

Ќе оставам само,немиот крик да се разлее насекаде
Поштедуваќи ја ноќта од непотребни грчеви
Ако случајно воскресне твојот лик,само да знаеш
Ќе го насликам на небото,покрај месечината,десно,на непозната ѕвезда.



Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...