субота, 24. децембар 2016.

Некако претчуствувам
Гавранот,се издолжи со ветерот заедно
и својот мртов јазик го стегна во клунот
несакаше да кажи збогум
мислеше изгледа догледање да биди.
Не мириса на темјан
тогаш чуствата мора да се мртви
или умира ветерот
животот наоколу само е вкочанет од сето ова.
Некако претчуствувам,бакарната плоча од небото ќе падне
всушност,нема да кажам збогум
но посмртно слово ли ќе пишувам
не,надвор е само налудничав ден.
Сонлива пролет влегува во сеќавањата
сепак гледам и Гавранот боледувал од осаменост
го познавав и не го заборавам
молчи,заграден е со кошмари.
Кој е овде осаменик
јас,или некој друг со крваво срце
или некој со мртов јазик во клунот, Или невидливиот виолинист
кој веќе го свири почетокот на еден крај.
Ако сето ова е пораз
тогаш темната возбуда не ќе ви донесе неспокој
ќе осамне тивкото умирање
да,ќе осамне нечиото тивко умирање.

среда, 21. децембар 2016.

Да не беа соништата




Да не беа соништата
Којзнае каде ќе стоев на едно место
Ама евеме
Патувам кон недостижноста
Како мечтател
Кој ја среќава иднината во секој чекор
Оганот понекогаш ме успорува
По месото ме печи
Ме спржалува
Но кога погледот ќе го вперам,во пламенот
Се огледувам,небаре во огледало
И читам во средината
Јас сум твоето срце
Другото неможам да го прочитам
Премногу се ситни буквите
Премногу пламти оганот

Да не беа соништата
Можеби сеуште магиските ветришта
Ќе ме создаваа во иловицата
Со измамнички сјај

Можеви ви заличувам за распливнат
Но сончевиот конец сеуште не ми дава
Сеуште да се издолжам до Вечноста

Навистина
Да небеа соништата
Ќе останев
Со копнежот по една капка солза
Бришеќи ја така сета тага позади мене








Коров на Душата



Некако и денот е изморен,од самиот себеси
Зошто
Ги нема Седумте воздишки
Кои го носеа до длабочините на ноќта
На половина пат,после пладнето
Седум кругови се бришеа
И пред заодот,залутаниот патник го легнуваа
Ослобудавиќи го од теретот над клепките кој висеше

Тивка,наквечерина
Замислени сенки,без искра во очите
И малку погрбавен старец,со липтеж на усните
Тишина
Меѓу нив
И на исток,тажен Младоженец кој ја заборавил свадбата
Меѓу нив
Ѓаволот
И ора и копа
Врзуваќи им го почетокот со крајот
Во девет мрсни и смрдени чворови

Некаде,под сенката на младата месечина
Се пораѓаше стара осаменица
Осеменета од потомок на Адам
Кој живееше зад планината,каде сонцето не грееше
Само Калуѓерот беше трезен тука
Ама малку јадосан
Што се згугурлиле луѓево во лушпите свои
Та грст иловица да не сакаат да допрат
А сонуваат за далечни и туѓи земји

Од сето ова
И на градот му бабрат очите
Гледаќи како во мракот
Минатото го оживуваат,умираќи ја иднината
Без да се порадуваат во сегашноста.





уторак, 20. децембар 2016.

Којзнае што мисли Ноќта



Јас би сакал да напишам
Уште илјада и една песна за тебе
Но болката во мене
Реви
И со ревот ми кажува

Кога вечноста ќе Разбере
Зошто Курвите
Така лесно се оставаа зад себе
За миг задоволство
Ете тогаш
Ти напиши илјада и две песни за неа

Јас повторно посакав да напишам
Песна за тебе
Но грмотевицата беше прегласна
Кога небото го распара
И напиша во бескрајот
Пламени зборови

Кога мигот ќе посака
Во себе да го впие треперот од Курвата
И го овековечи како дел од Љубовта
Ете тогаш
Ќе исчезнат сите лажни воздишки.

Којзнае што мисли сега за мене
Ноќта
Која ми ги смрзнува прстите
И светлината ја краде
Криеќи ја во себе
Белината на хартијата.






Болна Утеха



На крајот на сите вселени
Каде што одмараа Еоните
Седеше моето празно срце
Чекаќи да помине Љубовта
И само ронки да остави
Како болна утеха
Ама тишината
Таа проклетница
Која ѕидови дебели изградила
И кафези подигнала
Само тивко се брануваше
Небаре е најподмолниот потсмев
Седеше
Без страв во себе
Гледаќи ја олујата која беснееше
Некаде во некое
Место
Каде лагата се оплодуваше

Смееќи се кучешки


понедељак, 19. децембар 2016.

Втора Кожа



Речениците ми се неуверливи
И понекогаш смешни
Ама
Ама ако ги потпшишам со крв
Ќе поверувате
Но и малку ќе ликувате
Бидеќи
Не го знаете вистинското значење на горчливоста
Туѓа
И сто пати да напишам
Дека моите прсти
Се само опачината на потсвеста
Заробени во чудни облици
Кои во зорите
Со петловски поздрави се разделуваат од се ваше непознато

И за ова ќе ви кажам
Гавранот
Тој ,од кој се плашите
Сега се препокрил со паунови перја
Та етего
Меѓувас се кочеперчи
малку загатливо ви се потсмева
и од вашата скриена тага се слади.

Непознатата иднина,од која се плашите
На клепките ви виси
Мислите дека е грозоморница во утрешниот ден
Која носи црн дожд
И која бега од работ на сонцето
Е така е
Кога сте сенки
Без своја црква во срцето

 Раскажувам
Раскажувам,за се што се случило
И што ќе се случи
Неверувате
И пак не верувате
Па макар и со крв сето ова би го напишал
Ама ако
Судбината ми ја додели
Антеријата на ноќта како втора кожа
Ја носам
Усфитуваќи се се со мислите.







недеља, 18. децембар 2016.

Во стапицата на ноќта



Ми рече очите ми биле прозорци
Преку кој го видела мојот шушкав сон
како со високи пламења реви во ноќта
потоа
знам дека сум рекол
зборуваш со минатото
каде сум пепел
и каде мојата исушената крв е црна рѓа на животот твој
сакаш ,но неможиш
бездната на минатото да ја поминеш
старата Паганска молитва ме штити
појака е и од твојот домашен Светец.

Небото е црвено
И твојот истоштен пес е премален
Заспијго со твоето кучешко лаење
Зошто утре
Е сведен голем
И почнува векот на твојата пустина
Ќе се зачудам
Ако некој се разжали над твојата осаменост

Таму
Преку водата
Ќе има еден Балканец повеќе
Кој својата горчливост ќе ја исплука во соленоста
Кој со своите светли очи,светлина ќе голта
Кој своите стврднати усни ќе ги омекни

 Не се срди
Така е запишано
Поројниците да ме одминат
А тебе сенката ќе ти се скамени
Во стапицата на ноќта.



субота, 17. децембар 2016.

Сладоста на Животот



Тажнава развлеченост на песнава ја измислувам
За повторно да не зборувам
За нејзината погана навреда на совеста
Белким така ќе стивне бесот
И отвореното небо ќе покаже призрачен белег
Та коренот на болката
Ќе го искорни кобниот надеж
Знам
Заличувам напати на згрчен Човек
Кој се брани од ѕверот во себе разбуден
Ајде си мрморам,
Оваа  временскава педа што ќе ја сторам
Омразата ќе ја стори глува,и не ќе го наслушне мигот иден.

Ноќта е долга,нели
За едни студена и Вечна
За други ,небото е мало со сите ѕвезди што се редат
Но се има смисла
Па и вашето скриено кикотење
Сепак и овој оклоп на темнината ќе го изнесам до пурпурот
Без да ги бројам часовите.

Не се плашам,од јалов оган што ме заградува
Ни пак од здивот на молкот
Кој евего повторно сака да господари
Сувиот ветер го донесе со волчји виеш
Не се плашам
Ма да сето ова заличува на свечено бладање
Пред сладоста на животот кој доаѓа.
                                                                                                                                                                                  
                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                    


петак, 16. децембар 2016.

Налудничав Ден

Надвор е налудничав ден
Во кое сивилото се влечка по улицата
Со малку мирис на мемла
И по некоја заскитана сонлива сенка
Која посакува пролетни ветриња

Ама,енеги во тоа сивило
Осамените Боеми
Да не поверуваш
Клекнале,и тагуваат за вчерашниот ден
Држеќи во рацете  здравствена книшка
Во која им пишува на латински
болни од осаменост
забораваат дека и ѕидови околу нив постојат
та решиле малку налудничаво
галерија на души да направат
со нејасни ликови
и крвави срца
за Галеријата смислиле чудно и смешно име
Кажетени што е тоа Љубов

За сликите измислиле уште почудни имиња
Некорисен грев
Тивок очај
Темна возбуда
Неславно раѓање
Осамено умирање
Чудно,чудно,се е овде така чудно
И малку налудничаво

Но сепак,да ве утешам
На малку исповеден начин
Не очајувајте толку
Осаменоста е како цвеќе
Не процветува покрај гнев
Или мртво срце
Биди спокоен и мирен
Па иако си осамен
И цвеќето ќе ја запознае твојата убавина.
Не сум Боем осамен ако мислевте
Јасно ми е кој сум
Сфаќам каков сум
Сроден сум со ова небо,и земја
И налудничаво не правам галерии.



четвртак, 15. децембар 2016.

Жив Апостол



Ако некогаш запознаете
Жив Апостол
Малку дрдолив,и малку проколнат
Со оловен поглед
Кој пее чудна песна
Не се мачете да го разберете
Тој
Само ги затнува дупките во времето
Со своите Благослови
И понекогаш гледа крв
Некаде напред,каде нема рани по телото
А понекогаш
Танката магла помеѓу умирањето и животот
Ја брка со босилек и темјан
Носеќи ја меѓу своите солзи
Во мракот кој липа постојано

Некој,некогаш
Му прорекнал голема иднина
И големо ѕвоно на грбот
Тешко колку судбината
Напати,се срамеше заради бедата своја
Напати скришум се насмевнуваше
И на скитници им кажуваше
Безбожни приказни

Само облаците над него
Имале облик
Та кога ќе ги раширел очите полни со надеж
Болката на изабениот јазик му поминувала

Вие сепак
Не го гледајте неговиот крај
Оти знам некако
И на крајот ќе стои оклштен
Со чуден,задоволен израз на лицето
Умираќи
Во сонот зелен
Што му го подарија Богомилките
Да сонот
по кој во дирата го следеја
Црните Лазари.



понедељак, 12. децембар 2016.

.НАШ Е САМО НАШИОТ СВЕТ

@..
*
Постилавме небо во сопствениот шепот
а сепак ечеше тишината во погледот
како ехо во недогледот
како ехо во недогледот
Зар станавме ветрови
што одмараат меѓу прстите
кај што трепетот се игра детско срце
кај што трепетот се игра детско срце
Во нашата бреза ја подигнавме најголемата кула
на чии гранки сега останаа да висат 
само остинатите ѕвезди и по некој зар`ѓан клуч
што ги отвараше портите 
на нашите зеници за летот на тајните
Неимари небесни бевме
со поглед во истокот вперен
ја градевме нашата среќа
во наслаги од солзи
уловена во срцев бран
ја ковавме со две острици
врз наковалната на враќањата
по тактот на татнежот во срцата
***
Што направивме, што направивме
кога ја убивме тишината во мракот
кога го запревме дишењето во утрото
зарем не можевме да им ја украдеме
песната на птиците? 
МЈ 2015 Г


субота, 10. децембар 2016.

Ако си жеден за крв




Ако си жеден за крв
Испиа прво својата
Потоа стрвисе на туѓата
За да не останеш збунет
Во својот грев
Негледај тогаш во синото небо
Тој вечен таван
во кој се вткаени сите човечки соништа

ако си жеден за крв
не цртај по камените ѕидови ликови на Светци
зошто така вретеното на времето
ќе ти спреди повеќе страв во коските
аха
ете тоа е така
кога си жеден за крв
тогаш негледаш дека догорува свеќата на Човештината
и со капките восок
прави јами,не подобро бездни
во земјата црна,малку некаде е црвеница
а на места е ума лигава

подобро воздивни
и кажиси самиот на себе
понекогаш сонувам за Офелија
или беше Цвета
но сепак како и да е
призрак е во сето мое секојдневие
како што се призраци
и лебедите на водата ладна

не
најдобро е
да се налокаш сладок пелин
и малку вино,налик на крв
и да ги рашириш ноздрите
дишеќи од небото,некои соништа
и лази,споро кон разумот
каде не си одмазник
кој рамнодушно лока крв

слушате ли како шуми крвта
возвишено растеќи во нова улога
која утрешнината ви ја спрема
оставете им на волците нека виат
и нека се стрват
по шурките крв кој течат кон нив
створени се за тоа
а вие
вие  и вашата душа
сте само исплакана  Божја солза
со видливи врвици во себе

простете
можеби малку се изгубив во синилото
но сето ова го слушнав
кога крвта ржеше под кожата.





среда, 07. децембар 2016.

Е ,нема Бог



(потонати во Магла,како верни сенки,се мачиме да клекниме на колена,бидеќи не боли бодежот од Крстот,кој го фрливме кога станавме Безначајни)


И на небото му станаа претешки
Молитвите кои ги џвакаме пред олтар
Со глас без ехо
И не гледаме
Како под сводот на Ангелите
Плачат сите неродени души
И
И понатаму како далдисани
Го омеѓуваме рајот со змијарници
Кои ни се котат во устите
Ами што чекаме сега
Да ни никнат уште волчјите катници
Та се што има крв во себе
Да го легниме крај бездната на бездомност
Да ги избришими сите врвици
А на нашите чупиња да им кажеме
Расплетеги косите за клетви да фрлате

Е нема Бог
Оти ни истинаа очите
Оти ние е голема устата
Оти само лапаме лакомо празнотија
Не не гледа небото
А вчера на Светците очите им ги копавме
Бараќи од таму да потечат златни шурки

Е нема Бог
Оти поминаа осумте плодни милениуми
А ние
И Распетието го ишкртавме
И житијата ги продадовме
Да сега
Ни воскресот не ќе го видиме.

Се откажавме од себеси,зарем не
Не си ги кубете косите
Оти судбината нема да не чешла повторно

Навистина.ова беше Рисјанска земја
Со детска послушност во очите
Каде и селските Баби ги пееа Небесните Оди

Сега
Под пепелта на самоодрекување
Ќе молчиме
Гледаќи во ништо
Со мисли за пролетните шуми.

Нема да ве уверувам дека оваа песна е за за оваа Земја,и нема да ве уверувам дека со песнава докажувам нечие предавство,само ги истргав некаде од виугите мислите кои гневно баботеа,за утрешниот ден...ете само толку.

Чернодримски






уторак, 06. децембар 2016.

Попчето на Митрушеви



Додека `ртеа облаците над секојдневието,зад долгата недогледна линија на небото,од дланките на Антимон се отвараше новиот прозирен сон,кој ги носеше сите згрчени желби,кои до вчера малку плашливо чекаа под неговите клепки.
Малку изгледаше замаглено утрово,ама таква е годинава,што да се прави,не е баш како во пусто турско,некаде над главите да ти виси камшикот,та додека си ги отворил очите да му кажеш добредојде на денот,те ошинал Бегот преку очи..сега е малку подобро и порајат,оти му се верува само на Попот,е де,попот од Митрушеви..сега е малку мативода по нарав,ама кога ќе ги запее Божјите Оди,еее тогаш,тогаш и славејот ја веди главата,а тоа ветриштата што вијат небаре се гладни волци,ќе замолчат,и од пуста милина,ќе се свијат околу Попчето..та ќе почнат да му чепкаат во брадата,Пее Попчето на Митрушеви,а тие си играат,не им се нали палниот бре за ова..ги остава,некаги,и тие се како деца мали,ако ги пизмиш,акалото ќе ти го земат,викаше кога ќе го прашаат,зошто не ги мири,кога ја знае песната за нивното мирење..а очите,очите додека пееше,ќе болснеа,и болскаа исто као Деница што болскаше ..и на крај,набожно ќе ја сведеше главата кон земјата.
Ја стави книгата со Оди Боженствени во џебот,и започна да се пробива низ народот,некаде при крај на црквата му се испречи пред него Антимон,ширеќи ги своите празни дланки.
-Попе,ставиго на овие дланки твојот Свет Благослов,па неделава да фатам фитфиделија преку барата,доста ми е веќе што ја мерам планината горе,долу..и волците ме научиа,па и тие веќе не се плашат од мене..
-Ќе ти дадам,ќе ти дадам Благослов,само едно да знаеш,ако меурот на сите тие приказни за ветената земја,ти пукне таму,немој,клетви да фрлаш ни на Бога,ни на тие кои ти ги кажувале..ајде дојди со мене до олтарот...
Тргна напред Попчето на Митрушеви,по него Антимон со наведната глава,кога стигнаа пред олтарот,Антимон клекна на колена,и само со поглед вперен кон Крстот чекаше да го добие благословот..
-Оди Синко Антимоне,секаде каде што Светлината на Бога допира,но никогаш родот не го заборавај,оти небото со пламени облаци тогај ќе те облее,свадбарската песна раширија и преку водата,и веселисе заедно со Ангелите и дење и ноќе...оди и биди Благословен
Стана Антимонј,се прекрсти и замина молкум,и место збогум остави солззта да се срини тука на мраморот црковен.

Ете и Антимон замина,оставаќи ги старците да липаат со детски плач.и скриени веди во очите да ја колнат судбината.


Ова се тие проколнати години




Ова се тие проколнати години
Каде секирите фаќаат рѓа
А планините збивтаат изморено од тежината
Маглите зелени,љубоморни чуваат се во себе
И се што се коти без благослов е
Уште од мајчини боски ја цицаат омразата
Додека со потсмев кумовите ги крштеваат
Ова се
Да ова се тие проколнати години
Каде штурецот пее само пред икона на светец
А попот под прозор на млада мома
Кога ќе дојде полноќ
Далдисаните шушкаат некои песни шупливи
Ова се тие проколнати години
Каде
Невозможни еретици молитви ни кажуваат
И оставаат слепци да водат
Ова
Ова се тие проколнати години

Каде животот само воздивнува од мака


понедељак, 05. децембар 2016.

Вистино Моја




Вистино Моја
Родена во пламенот на Љубовта
Кажими
Зошто сега дамарите на срцето мое ми судат
Толку сурово
Тераќи ме како круна на главата да носам
Венец од ветерови шилци

Вистино моја
Заглавена меѓу искрите на надеж под клепките
Не ми се потсмевај сега
Зошто само ти ми ја познаваш душичкава
Ти ја научи да биде непокорена

Вистино моја
Втисната на мојата дланка
Сега ли писок ќе станиш
Или повторно во некој непознат кожурец ќе се криеш
И така секоја дневна здодевност ќе ми ја крадеш
Да те барам
И пред праг,и под праг.

Вистино Моја
Не сум зачуден што повторно се будиш
И тебе горчливото спокојство те тера
Да трепериш пред бескрајниот плач
Но и те морничави
Кикотот на злото што евего повторно расте
Вистино Моја
Ако бегав Јас од тебе
Небегај сега ти од мене.






недеља, 04. децембар 2016.

Ехото на Времето.



Од едната страна клопчето со тага се отплеткуваше
Од другата страна сонот се оплодуваше
И сето тоа во крвта се таложеше
А ветерот измислуваше триста и едно чудо

Но не се предаваше
Одеќи десно по стрмнината
Со лице кое потсетуваше на детски цртеж
Нацртано во прозирните облачиња
Којзнае кога.

Ама нејсе
Птицата копнжлива со едно око седеше на десното рамо
Едно око,солзиво око
На левото рамо,проклетијата
Која не се плашеше ни од светлината,ниту од мракот

И не рече ништо
Траеќи во суровоста на денот
Таеќи се во тестото на мракот
Чекаќи недооформеното зло да се јави
Токму сега кога разјадената месечина имаше пола глава.

Наоколу празните далечини се наведнуваа
Читаќи во историјата на човештвото
За никвецот,кој донкихотски го мерел својот грев
Ненаучен на покорност
Пуштаќи ги своите зборови низ ехото на времето.



Од Вашето Евангелие се цеди крв

Во ред,можеби вие сте без никаква Судбина Или некој еким ефендија ви турил во ноздрите некоја вода Којзнае,нозете не ве држат ли,ш...