субота, 10. децембар 2016.

Ако си жеден за крв




Ако си жеден за крв
Испиа прво својата
Потоа стрвисе на туѓата
За да не останеш збунет
Во својот грев
Негледај тогаш во синото небо
Тој вечен таван
во кој се вткаени сите човечки соништа

ако си жеден за крв
не цртај по камените ѕидови ликови на Светци
зошто така вретеното на времето
ќе ти спреди повеќе страв во коските
аха
ете тоа е така
кога си жеден за крв
тогаш негледаш дека догорува свеќата на Човештината
и со капките восок
прави јами,не подобро бездни
во земјата црна,малку некаде е црвеница
а на места е ума лигава

подобро воздивни
и кажиси самиот на себе
понекогаш сонувам за Офелија
или беше Цвета
но сепак како и да е
призрак е во сето мое секојдневие
како што се призраци
и лебедите на водата ладна

не
најдобро е
да се налокаш сладок пелин
и малку вино,налик на крв
и да ги рашириш ноздрите
дишеќи од небото,некои соништа
и лази,споро кон разумот
каде не си одмазник
кој рамнодушно лока крв

слушате ли како шуми крвта
возвишено растеќи во нова улога
која утрешнината ви ја спрема
оставете им на волците нека виат
и нека се стрват
по шурките крв кој течат кон нив
створени се за тоа
а вие
вие  и вашата душа
сте само исплакана  Божја солза
со видливи врвици во себе

простете
можеби малку се изгубив во синилото
но сето ова го слушнав
кога крвта ржеше под кожата.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...