недеља, 4. децембар 2016.

Ехото на Времето.



Од едната страна клопчето со тага се отплеткуваше
Од другата страна сонот се оплодуваше
И сето тоа во крвта се таложеше
А ветерот измислуваше триста и едно чудо

Но не се предаваше
Одеќи десно по стрмнината
Со лице кое потсетуваше на детски цртеж
Нацртано во прозирните облачиња
Којзнае кога.

Ама нејсе
Птицата копнжлива со едно око седеше на десното рамо
Едно око,солзиво око
На левото рамо,проклетијата
Која не се плашеше ни од светлината,ниту од мракот

И не рече ништо
Траеќи во суровоста на денот
Таеќи се во тестото на мракот
Чекаќи недооформеното зло да се јави
Токму сега кога разјадената месечина имаше пола глава.

Наоколу празните далечини се наведнуваа
Читаќи во историјата на човештвото
За никвецот,кој донкихотски го мерел својот грев
Ненаучен на покорност
Пуштаќи ги своите зборови низ ехото на времето.



Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...