понедељак, 27. фебруар 2017.

Недовршена Вистина



Мојата вистина,и
Твојата шарена лага
Секогаш си играа онака детски,наивно
Во мојата светлина
Која никогаш не можеше без твојата темнина
Да блесни силно
И,се повторно е исто
Кога Јас ќе застанам на почетоко
Ти секогаш одиш на крајот.

Но
Кругот
Никогаш и не се затвори
Останаа да висат некаде помеѓу нас
Дилемите

И спомените


недеља, 26. фебруар 2017.

Ако Бев



Ако бев само една капка
Мала
Од росата утринска,или пак од бурата полноќна
Дали и тогаш ќе паднев некаде случајно
Носеќи ги со себе песните од сите таласи на морето
Кои се создаваа со ударите по спилите оштри
Во кој беа запишани
Сите покајнички молитви од животот

Ако

Ако бев една снегулка
Мала
Од големото јато кое се пласти тивко,нежно
Дали ќе ја имав моќта тогаш
Да ги прекријам сите тајни,сите лаги,сета омраза,и
Криви патеки на вистината,оставаќи само
Девствената белина да владее.

Ако

Ако бев скитник
Убав или грд,со лити партали,и малку тага
Со чуство дека сум на погрешно место
Во погрешно време,меѓу погрешни луѓе
Се прашувам,дали и тогаш ќе посакав,ете така
Чисто од Љубов,да го извадам моето срце пред вас
Додека вие со бодежот го целивате.

Ако

И оваа ноќ замини,и ништо не се случи
Тогаш барем со моите уморни прсти ќе насликам слика
На едно уморно попладне,празна улица
Со малку светлост
Во кое го играат своето последно танго
Капката утринска со снегулката мала.



,



Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...