недеља, 22. јул 2018.

Се простив од сите стихови





Се простив од сите стихови
И мочешкум поминувам
Тивко,тивко покрај сите некажани зборови
Богатството што го собрав
Низ сите мигови
Каде тагата се плодеше обилно
И го оставам на Судбината
Нека таа
Го закопа длабоко во пустината
Каде скитав деноноќно
Не ме прашувајте зошто
Туку молчете и вие
Зошто музите енеги збунето стојат крај стариот Даб
Знам
Гавранот во муграта пеееше за ова
Сенките денес слават
Во истата крчма каде што некогаш со курвите вино пиев
И наздравував за секоја неродена зора
Остана
Уште толку време
Да одам во суводолицата
и го прегрнам мојот папсан сон.

П.С...ќе оставам таен запис на небото,ќе го прочитате само тогаш кога на скеларот ќе му дадете паричка.




субота, 21. јул 2018.

Пурпурна Мугра




Кога ги збираш ѕвездите навечер
Некако чуствуваш дека душата ти се исполнува
А сомненијата умираат
Потоа,откако ќе дознаеш колку се
Почнуваш онака во занесот да ги подаруваш
И на лекари,и на бајачи,и на курви,и на скитници
И на домаќинки во скутарето им ги оставаш
Го правиш сето ова
Не да им ги совладаш соништата
Не да им кажеш,Јас сум Рисјанин,подобар сум од другите Вери
Не да,утре и за тебе раскажуваат приказни
Не да,на Светото Тројство му кажеш,јас сум од возвишено племе
Ами
Сите заедно со таа ѕвездена светлина
Исплетете нишки на нова небележана патека
Каде
Предводник ќе ви биде пурпурната мугра.




петак, 20. јул 2018.

Тажна Приказна




Кога ќе ја вдишите длабоко во себе
Тишината на ноќта,вие сте го добиле вториот живот
Со мртви кошмари зад себе
Не ќе знаете веќе да ревите
И ќе го имате својот сигурен сон
Тргнете  на некоја патека,малку чудна
И ќе го стретнете тогај,малку парталавиот скитник
Кажетему добар ден,оти тој е педантен хроничар
Делува малку призрачно
Но се спровирал низ времето само за вас
Сепак
Не бидете премногу љубопитни
Или пак подмолни
Оти Ѓаволот е Вујко на Хроничарот
Ќе напише за вас,најтажна приказна
Која утре или задутре никој нема да сака да ја чита.



четвртак, 19. јул 2018.

Мислата на Времето




Запознав еден Светец
Кој беше ослободен од сите болки
Грижи,и сонувања за вечен живот
Ете тој
Умираше секој ден позади вратата на четирите ѕида
Но Бескрајната Вселена го ослободуваше од мракот
Го научи да не пишува житија разни
Ами житијата да ги оживее,и да ги пушти семе да фрлаат.

Запознав безделник еден,одмазник роден
Носител на буни,без никакви навики
Во претпоставки се криеше,и божем набожник беше
Кога дете од  мајка крадеше,на светецот му заглаголи
Моли се за мојата душа,а не за мојот гроб
Барем пеколот да биди мислостив,и вратите ми ги отвори
Од Проклетијата се плашам,моли се барем ти за мене.

Запознав пред цутот на Бадемите,Жена
Не ја препознав,во туѓата желба беше сокриена
И со пладневна сенка препокриена
Рече мажена сум,ама уште во крвта блудот ми врие
Дај ми повторно трошка од твојата младост
За да ми биди достапен рајот
Знам дека лажеше,со здив на проколната вдовица беше
Избега како споулавена,кога три пати се прекрстив.

Запознав,и птици,и гуштери,и утови досадни
И сенки живи без свое име
И се влечкав напати меѓу ветришта диви
И ја вдишував тишината на ноќта
Ама за тоа нема да ви кажам,како го правев
Оти мислата од времето тогај ќе ми избега.








среда, 18. јул 2018.

Со Ѓаолот не фаќај работа,оти после нема назад




Се собравме ние,утрешните покојници ете во оваа година на неприродно умирање,во глува доба,на пис ледина..и малку со млеко од глуварче се замивме,да ни бабуњоса суратот...аха,и со вилиците скрцкавме да знаете..ами тоа улавите сенки кои дремеа во мракот карши нас..да знаат дека сме похрабри од нив.
Не бре мили мои,нема да пишуваме историја,не се плашете,шупливата планина над нас е, и да ја напишеме ќе ни ја голтни..ами за Лазе Бубачката и Арсена Лепешката се собравме да ги понижиме ете пред Месечината..друго и неможеме веќе.
Прв стана Ристе,кој беше роден на сведен голем и под среќна ѕвезда,та заглаголи со сила посилна и од ветер збеснат.
-грев на душата нема да ставам,ако кажам дека Лазе треба кнез да ни биди,ами бубачка си е бубачка,како можи бубачка бумбар да се стори..тој кутриот огниште нема,а треба огниште наше да ни чува,и дедо негов како пес сконча на ледина,и татко негов липса крај реката.та и овој некаде волци снага ќе му тргаат..неоди,што неоди неоди..ако тој улавоста го обеземала,немојте и вам да ве обзема..
Со лејките,сите свртивме горе долу,лево десно,кажуваќи му така дека е во право,и дека ќе биди и утре во право....
Се јави Крсте штракнатиот,а штракнат беше оти кога бевме на девете години,е де,деца бевме,не му земајте и вие за зло..кај Цаневци ми ти ја тегнел за цицки кобилата нивна,а таа пустата,побрлива беше од него,та го треснала со копитата по вилиците,што и паметот малку му го поместила..и отогај никој не му го премеруваше неговиот збор,ама го остававме да си кажи...
-е вака...малку одважно се исперчи пред нас..ова се лоши времиња,и за вакви времиња,многу многу не ни требаат домаќини,ами некои како Арсена..сега малку смрди како лепешка,ама е ачик сегде да се пикни,и на секого да му се залепи,малку е незгоден коа ќе вркни едно пет до десет чашки брлива ракија,но кога се мора,се трпи...и знај бре луше да ги намириса тие пусти пари,сега незнае да ги чува,ама ги наоѓа како никој друг..е затоа мислам за кнез д го избереме ние Арсена Лепешката..
Што им стана на лушето од овие муабети,незнам,ама некои почнаа да климаат со глаат,некои вртеа лево десно..најмногу не плашеше молчењето на неколкумина..и додека тие молчеа,од кај дојде,како дојде,од земја ли никна,од небо ли падна..пред нас се најде Попот Невен.
Е тој Поп небеше баш како цвеќето Невен,оти овој нашиот ми ти беше баш голем колку едно соѕвездие,од оние малку потемните,но знаеше да пцала убо,толку убо,што од милина и гуштерите,и змиите,и гавраните,и пилците околу црква стоеа и слушаа кога Поп невен пцалаше.но Невен си имаше и малку тересене страна...колку што тураше вино за Благослов во Црквата,трипати повеќе тураше во грлото,ееее тоапустото коа ќе зовриеше,Невен,Невен наш стануваше Пелин..дека е тој,знаевме по реата винска шо дојде пред него од темнината..ама се натопори пред нас и без да не праша нешто,а знаел пустиот за што сме ти седнале на ледината..зеде да глаголи.
-море улави,море брливи едни..вие судбината на светците не ја знаете,а ваму,сакате правдини да терате,грев на душа да не ставам,ама половина од вас сте како заспани пупунци,а другата половина сте потомци на плашлив сој,и вие сакате сега да изберете кнез кој ќе се бори со веди пламени,со пајаци лигави,кнез кој нема да се плаши од сладок замор,кнез кој ќе треба да засука ракави кога всело ќе се тупосаат бедници,крадци,и разни гадинки од човечкиот род..ааа..вие кои заспивате со сништа за замислени јунаштва,ама само заспивате,кога ќе се разбудите..ете тогај,од светлината се плашите..вака да си знајте..Лазе Бубачката ќе биде кнез,а Арсен Лепешката негов заменик..толку..го кажа ова и како што се појави така исчезна...после тоа пола саат се думавме,што бидна..ама бидна..
Лазе Бубачката стана Кнез,и секи ден бараше да го уважуваме небаре е Бумбар..Арсен,Арсен со Невен се натпреваруваа кој поголема бочва ќе крени..ете,касно свативме дека Ѓаоло не надупи догаш да ги избериме овие..ама нема назад...ќе си ги трпиме..и за друг па ќе му ја мислиме,со Ѓаолот да не фаќаме работа..






уторак, 17. јул 2018.

Ете дочекав,а не верував дека ќе дочекам




Ете дочекав,а не верував дека ќе дочекам под ова небо,да видам како Ѓаолот Благословува,и како на сред село чита Ѓаолска молитва..
Та зедов да ги глеам тоа Рсланите,или беа родени тоа да бидат,ми ти се напиле некоја бајата,застојана машка вода,та се трлаат еден од друг,се плазат на се живодиво,и крекаат со тоа гласчињата небаре се жаби засипнати...не ќе се збеснати од шилците на рогозините на кои спијат,си думам..и тргнав нога за нога накај Баба Стојна Бајачката..имала и друг пат таа иљачи разни,белким и за ова ќе најде нешто
Е таа баба Стојна,беше полупаганка,полурисјанка,и ги знаеше и паганските и рисјанските молитви..и триста други ѓаволштини,ама не се за спомнување.
Сторив некој наклон,повеќе ради вратничето,беше ниско,та да не си расцепам глаата сторив наклон..и седнав спроти неа..и кажувам..вака и вака...а таа врти дали врти со глаата,ококорува очи до прскање,и најсетне,кога плесна со рацете...и врапците од ореот избегаа,фидфиделија фатија..
-не..вика прво самата на себе..не работава за баење,или молитва..а после се оџвргали кон мене...синко,работава е за ластегарка..аха..и тоа недокастрена..ај стани и не квачи тука јајца..ами оди низ селово најди едно двајсепет души,та земетиги ластегарките,и намердајтеги кај ви гледаат очите..ама убо...толку убо,што и по десет години во сонот да се тресат од мердањето..само тоа е спасот,иначе..иначе пциите со маст нема д аве јадат тука..
-аман бре бабо Стојна до таму ли е дојдена работата..
-синкоооооо..ами викна,не подвикна..или мердајте..или одете секој подома,збирајте плачките,и фаќајте насекаде по белиот свет..али дошол Ѓаолот лично да Благословува..лоша работа е..
Сакате да знајте што бидна...
Одете утре на шупла карпа горе во спилите,и слушајтего петко џуџето како раскажува за ова..е де,оној недомиениот на раѓање..е тој ќе ви каже





понедељак, 16. јул 2018.

Бев вљубен во Светица(без ореол над главата)





Под сонлививе клепки,малку обземени од здодевност
Згугурлена етеја песната останала ненапишана
Затоа,дозволете ми сега да бидем слуга на зборовите
Заедно со Достоинствените Гаврани,кои низ солзи ќе ме тешат.

Бев вљубен во Светица,без ореол над главата
Повеќе курва,помалку жена,најмалку домаќинка
Незнаеќи дека така сум ти станал заложник на Смрта
Та во секој неделен изгрев,како утрешен покојник
Го развлекував дождот,а Таа ми простуваше за улавоста.

А потоа,помеѓу двата Човечки животи
Првиот зависен од желби нестварни,другиот сокриен во туѓ сон
Зафатени од огненица во крвта,се доближувавме како непознати ѕвезди
Се заветувавме пред блудот,дека со вино ќе го Благословиме.

Станувавме и ехо и сенки,правеќи со нашите воздишки круг во небото
Сакаќи така да станеме повечни од времето,посилни од ветерот
‘ртевме и умиравме,и пак со семето се обновувавме
Не се восхитувајте на ова,оти правот на ‘рѓа потоа падна врз нас.

Можеби мојот мртов двојник на ова се радува,и сонува
Сеќавањата да го воскреснат,и во непозната галаксија,без заод,без облаци
Каде сите громови се слеваат,да пие вино,и да блудничи
Мојата сенка,евеја ме втаса,кажува,таа е покојник
Прочитала на воловска лепешка.

Вие не ја знаевте оваа песна,нели
Јас си го измачив јазикот,но вистина
Бев вљубен во светица.без ореол над главата
Повеќе курва,помалку жена,најмалку домаќинка.





недеља, 15. јул 2018.

Е,де,не бидете толкави копуци




Би ви раскажал за многу чуда што видов на дланките
Но нема да поверувате
Оти птицата копнежлива одлетала од вашите рамења

Ама ајде
Сепак пробајте во зениците на очите
нека ви затреперат пламенчиња
Ќе видите колку слатки молскавици тогај летаат насекаде

И живите сенки од правот ќе се отпретаат
Да ви раскажат за Паганските Божици,кои не се плашат од чума
И секакви тајни ќе ви шепкаат
Е,де,не бидете толкави копуци,та да одмавнете со рака
Крикот во крвта ќе ви кажи дека сум во право

Не се плашете од малите улави ѓаволчиња
И тие ќе дојдат ради полуголите самовили кои ќе играат повторно
И пак не верувајте во среќа,ама сето ова е среќа
Не разбравте,и судбината и соништата ви кажуваат
Не сте родени за окови
Оставете,други нека ги бројат и вековите и дните.




Жнеачи на тага




Е така де
Сенките ви се поблиски од луѓето
Можеби затоа
Кожата не ви лачи мирис на Босилек
И молчеливо минувате низ сите преданија
Личите на спржалени пеперутки под облациве
Од раѓање
Здивот на животот во грлото ви се стиснал
Катаутро кај баба Митра бајчката трчате
Парчињата од сонот да ви ги состави
Ехх од шепотот на развигорот ќе ви пукни срцето
Доживувате чуда,само покојник кога ќе видите.

Зер мислите вие жнеачи на тага
Дека ќе се смилува над вас месечината
И ќе ве задои со млеко месечево
Та како старите пагани
Четири воздишки да испуштате кога ќе видите боски бели

Кутрите вие,незнаете
Не сте биле патници во коработ на Ное
Со молскавиците не сте танцувале
Налани не ви се налепиле на стапалата
Та затоа скакулци ве гонат
Та затоа стварноста ви е поинаква.



субота, 14. јул 2018.

Посвоен од Времето




Честопати
Движеќи се по сончевите патеки
Го слушам големиот разум на вселената
Во кој се создаваат сите живи мисли
Од кои и камењата воздивнуваат

Карши карши
Во малку заборавената и темна вселена
Чука часовникот на смрта
За да се отворат пупките на мракот.

Ех,зарем повторно на земјата да се вратам
Слушаќи ги стотиците еха во крвта
Со срце стежнато од јад
Заграден со омарнина
И стотици улави сенки.

Затоа,не ми замерувајте
Што повторно буричкам со прстите во облаците
Којзнае,можеби затоа што немам свој Бог
Ами сум посвоен од времето,месечината
И сите познати и непознати вселени.





петак, 13. јул 2018.

Заспан Бездомник




Пукнаа планините под ова алово и лилаво небо
А земјата ја посла сета своја морничавост
Чунки така се дочекувало безимен светец со пламена облека на себе
И тогај,и ѕидовите посакаа да заплачат
Ама курвите беше ги проколнале додека си го миеа срамот
Та останаа неми да ја паметат само болката втисната.

Од наквечерините на денот,се извлече стопанот на мракот
Малку стенкаше од утробата,малку гребеше со своите ноктести нозе
И малку низ ноздрите дишеше магла
Та заглаголи со арамиска исклештеност
Подаваќи ги своите ковчести раце
Кон заспаниот бездомник,кој евангелието не го читал.

Исплети пајакова мрежа над соништата
И тагата растурија по светот
Направи двојници од светците
меѓите на земјата избриши ги
правеќи така да се апат меѓусебе со забестите муцки
а дните стори им ги трошни.

Така
Времето
И сите идни времиња
Ќе ги одалечиш од сите Човечки воздишки.









четвртак, 12. јул 2018.

Не сакам да живеам повеќе во земја каде што не постои Бог




Не се поздравивме,а глупавоста не испокина,и нам и спогодбата што ја направивме порано преку вестителот,кучешки се абевме до безумие,а потоа небаре сме налудничави монаси,чинодејствувавме надвор од манастирските ѕидови...дајтени ги нашите обетени небесни пространства...
Ама ете,надвор од судбината,по толку лета,седнав на карпата сува,под која можеби некои ајдуци закопале суво злато или сребрени алтани,но сеедно ...јас со двете раце го расфрав насобраното сончево злато околу мене,пред невидливиот иконостас што никој не го гледа,и зедов да се исповедам.
-несакам да живеам повеќе во земја каде што не постои Бог.
Позади манастирскиот ѕид ѕиркаше клетникот кој многупати сакаше да биде челник,а беше само ситен бедник,и од таму довикна.
-Андоне повторно ли сам со себе глаголиш,или измислуваш сега некоја нова молитва.
-замолчи,гром да те убие,замолчи,зарем не ги слушаш пциите како здивеа од реата на твојата уста..
Веѓите му беа густи,од ова,уште толку нараснаа,лицето беше му се бакардоса,над очите сенка му надвисна,и усните му се пеплосаа...
Ја чуствував омразата,и неговата и на останатите,толку започна да се плоди што и оваа недојдена пролет ја гламноса,небото со глам облаци го препокриваше.
-не се обеспокојувај клетнику,не се нуркам веќе во глобочините,ќе ти ги оставам тебе празните ноќи,нека сега ти бабрат очите,и нека околу снагата ти се сновата сенките.
-а ти Андоне,каде ќе одиш што така силно се исповедаш,и гледам се простуваш и со земјата,и со камењата,и со водата,а од небото бараш и прошка и милост.
-еххххх клетники,клетнику,знам дека си син Богданов,Златан беше ти името нели..
-да Златан...ги развлече усните од уво до уво..
-се простив од невидливата и гнасна омраза,ги оставив таму во скрките сите сомневања,и сите писоци што ми ја параа утробата ги смирив,и сите сетила што ми ги даде Бог на оваа земја се мртви,а знам,кога пред само седум дни ја слушав како глаголи,гласно,толку гласно што и моето наглуво уво слушна....го погубивме,и го закопавме на сува земја без крст,ветришата песокот ќе го растурат,та трага од него нема да има...и се кикотеа,и плукаа,и се испоганија на крај...што да правиш Златане,времето ти е создадено од нишки неродени,ама за тие кои знаат да живеат..незнае дека тој ѕвер сега спие во неа,но за седум полни месечини ќе се разбуди..а јас ќе бидам далеку,толку далеку што за тоа ќе знае само Семоќниот Бог,и по негова заповед месечината ќе ѕирка дали сум таму,кога ќе види дека сум,ќе блеска со сјај наоколу мирно..
-а јас што да правам тука Андоне.
-ти,ти Златане биди сведител за се она што бев Јас.






среда, 11. јул 2018.

Кога за смрта сонувам,тебе те слушам





Кога за смрта сонувам,тебе те слушам
кога за животот копнеам ,тебе те гледам
и со болката
која е небаре вграден код на Вечноста
клекнувам под невидливата антерија на ноќта.

Прости
Драга моја
Но овие зборови не се за тебе
Ами за Светлината
Која катаден ме камшикува
Та и водата по телото ме боли од тоа
И песокот ме печи на нозете.

И пак ќе пеам да знаете обредна песна
Ќе наликува во тој занес на краток монолог
Можеби затоа незнаам да исткаам грев
Ами ќе бидам исто како вчера трпелив
Под антеријата.



понедељак, 9. јул 2018.

Ова е Балкан




Јас,сеуште можам
Да чекорам со крената глава во пурпурот
И да ја слушнам смеата на сеуште неродените деца
А вие
Кои кучка ве задоила
Змии ве повивале
Со волци оро сте сте играле на полноќ
Вие
Бедници,колебливци,кукавици,
Подлеци и молчеливи сенки
Молчете
Молчете како и досега
Во мракот
Недостојни сте за Светлината
Ете само тоа да го знаете.

А вие
Кои ете од Мајка млеко сте цицале
Не се плашете
Наскоро
Кога камбаните на мртво ќе чукаат катаден
Кога земјата ќе зини,гробови нови да отвори
Не се плашете
И есенва дуњи ќе јадете

Ова е Балкан
Некому е Благослов
Некому е проклетство
За некого е гроб
За некого е престол.




Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...