среда, 30. новембар 2016.

Јас немам право да плачам



Ми остана само вриежот во крвта
Од кој можеби само Ангелите ќе се стоплат
Ама ,ете
Јас немам право да плачам
Зошто?
Телото е на земјата
Душата е на Бог
А солзите
Чии се
На Очите ли ?
Кој е таму за да си сринат
А и да се сринат
Камен на камен ли ќе паѓа
Или вода во вода
Ги гледам
Плачат Галебите на брегот
Препокриени со антеријата на Месечината
Малку им завидувам
За липтежот
Сакав уште нешто да кажам
Но вкочанети се,премалени се усните
Сеедно

Јас немам право да плачам


уторак, 29. новембар 2016.

Етеме



И сонив во таа ноќ
Црни коњи врзани со железни дизенгии
На црвенејца беше тоа
А мракот не ми одговареше
Додека неспориливите порои рикаа
И сонив во таа ноќ,како
Чекав
Нескаќи новиот сон кој се јави да ме одмине
Чекав,деновите да се слеат еден во друг
И да изгнијат во синилото
Чекав
Разбранетите ридишта да го соберат својот страв
Чекав
Слушаќи го кучешкото збивтање на големата смрт
Чекав
Лакомоста со своите разјадени заби да ги сотре сите
Кои дните само ги купуваа
Чекав
За да не речат пак,дека имам пакосни усни
Заклучуваќи ги во себе сите сни кои беа,
Завиткани во ларвата на душата

Етеме
Се смејам,нели како виновник без вина
Над танки прозирни води,и
Кој е накриво насаден во родот свој
И кој
Под избразденото чело му растата триста чудни димензии

Етеме
Скаменет
Со триста осамени апостоли си повторувам
Во нејасна празнина,и
Ви раскажувам весели сонети грмежи
Кои ги наслушнале моите дамари

Зрел сум однатре
За да ми отчукува смеата и да не ми рти веќе пелинот
 Со врел здив
На оваа земја,и под ова небо
Со секој час и повторно,и повторно
Влегувам во животот
Преку очите кои излегуваат од Сон

Сега
Не ми го споменувајте името
Зошто мојата казна која се истегна до облаците
Ми легна само миг во грлото
Тераќи ме
Да раскажам за што сонив.



понедељак, 21. новембар 2016.

Реквиум



Започнува мојот Реквиум
Додека се цеди недосонуваниот живот
Вие климнете со глава
Небаре разбравте
И така комедијата или трагедијата ќе заврши

Безобличното сеќавање,евего во зениците се гаси
Низ мене минува писок потанок од свилена нишка
Се расплинувам Јас,а не тишината
Од срт на срт на планините
Миреќи ги така сега веќе папсаните суводолици
Ако  сум глув за татнежите и шепотите
Легнувам,оставаќи само утробата да се клешти
Само свеста.без чуство за сопствената тежина
Се снови со брзина на блесок низ виугите
Би претпоставиле,дека ова е некое ново бегство
Во некое поинакво и недогледно време
Не завивајте залудно со лити молитво
Од кои и небото се морничави
Безгрешноста не е во ревењето,оф тој ваш притаен страв е нели
Молкнете,за молкнам како ладен камен на јалова земја
За сетне
Да пиштат луњи од далечни и заборавени земји

Се прекстувам бавно,
додека на рамото слетува бела гулабица
Која беше облак во облаците
Вие залепетего увото на земјата
За да се згуснат вашите ретки мисли
Оти вчера нивното шушкање кај блудниците беше смешно

Ете,откинав за вас темно парче од Месечината
Кое ќе ве натера да се кикотите на сето ова
И така ќе се тешите,дека гревот не е во вас налепен
За мене не се грижете
Требаше претпазливо да сонувам
Сништа со човечки души,а не со сенки лилави.






недеља, 20. новембар 2016.

Јас и Семоќниот




Јас и Семоќниот запловивме
Во вечно вечните простори
Каде свеста само постоеше
А сето збрано Човечко ѓубре
Го расфрла насекаде
Како последен чин
И ја подаде смртноста на земјата да се слади похотно
И да воздивнува со сенките лигави
Така
Се спасив од целата трагедија
Којзнае,можеби сето опстојување беше само еден апсурд
Во кој почетокот беше крај
Не бев пијан од успехот
Но одникаде се појави Јаболкото во рака женска
Од кое се цедеше вкусот на Животот
Кој полека паѓаше во гралот на судбината
Сега беше видлива,и чудно насмеана
Не сум лукав Демон
Ни пак Ангел милостив
Најмалку некоја твоја апстракна мисла
Зборуваше
А гласот доаѓаше прво од мрачните бездни
Потоа од светлината сеприсутна
Наликуваше на течение од музите
Кои секогаш кај мене го палеа пламенот на инспирацијата
Ти нудам
Сега кога излезе од длабочините на битисувањето
Ти нудам,поторно со едно трепнување на очите
Да се родиш повторно
Со натприродно спокојство да зачекориш
Во играта постојано која се игра
Помеѓу Животот и Смрта
А Светската Тага на Човештвото
Оставија на наивните нека ја фрлаат далеку
Во дупнатиот космос
Рамнодушно ја погледнав
И заминав
Оставаќи самата да одлучи што ќе прави
Со сите мемоари кои останаа расфрлани по земјата
Заминав,носен од мислата која сета светлина ја носеше во себе.





петак, 18. новембар 2016.

Живеев под сонцето




Живеев под сонцето
Како болва,како вошка,како пес,како волк
Како скитник
Но секогаш ги носев човековите гревови на себе
А ете човек не бев никогаш
Напати,и кога сенка мислев дека сум
Озарен одев по улиците
И плачев напати
Сонуваќи под светлината на ламбата
Розеви свилени ѕидови
И дни без дно
А дали се каев
Кога би ви кажал,и вие тогаш ќе раберете
Дека животот е едно мое бескрајно умирање
Каде сите искинати реченици
Во пурпурот се губат

Оваа е дива и трома ноќ
Ако сакате да замолчам
Ви само убијтего мојот сон
И ете
Веќе сте ја скротиле мојата судбина
Кога ќе се раздени
Не гледајте во млечната магла што ќе испарува
Ќе одам кон голите сртови
Да се предадам на споулавениот ветар
Кој ќе ме носи далеку
Исто како што ја однесе надежда.

Сега простими душо моја
Што немам веќе бигор да ти дадам
Ако Љубов никогаш не ти дадов
А ти,така молчелива
Чекаше постојано
Исто како што јас чекав барем еден ден
Да бидам Човек.









четвртак, 17. новембар 2016.

Третата Наречница



Тргнав
Да се прегрнам повторно
Со Љубовта
Исто како некогаш
Но ете,повторно
Небото го распараа три огнени мољни
Не се завртив
Но знаев кој зборува
Тое беше бесот на третата наречница
Која на небото пишуваше
На земјата шиштеше со глас змиски
Сакаше одмазда
Што не пишувам повеќе за тагата
И за таа бездомна дива старица
Која сега ни самата не си го знае името

Гледав напред
И шепотев
Не сум тврдоглав
Но нема да лазам повеќе како магла
Во ноќта каде владееш
Ти чопкај повторно
Во старата болка
Но некаде во бездните каде сега таа реви
И тешија со твоите копмарни соништа

Да знаеш
И понатаму
Моите заби ќе го глодаат зборот
Кој го раѓа грешното човештво
Но моите дланки
Се простиа од тебе
И од неа
Та мољните не ме плашат
Шиштењето не ме тревожи
Со душата плачам
Со срцето сакам
Та затоа сега секое утро е убаво
Секој залез е волшебен.






среда, 16. новембар 2016.

Најдов мисла



Најдов мисла
Која ми ти била како забрадена старица
Сокриена за да не ја чујат
А таа ми ти носела
Грст насмевки
И една патека неизодена
Кога пријдов до неа
Малку заржа
Бидеќи беше жива стуткана
Не сум семожен,тивко и кажав
Ни пак истакен од темнина за да бидам зол
Само сакам
Една разблажена ноќ
Каде нема да сркам дождливи сомневања
Етеја
Малку се заниша
И шибна секавичност
Наслутив
Кога ми се залепи на градите како топла пареа
Дека заедно со очите
Распливната магла ќе ја растера
И нечујно
Со чекор на бестелесност
Заедно ќе газиме по новата врвица




уторак, 15. новембар 2016.

Глува Ноќ



Чекаќи ја ноќта глува
Додека оганот и мразот ме стискаше рамномерно
Јас го испраќав Светителот од тука
Сакаќи така повторно да го отворам воведението во проклетијата.

Заличува,дека сум улав од болка
Но разберете
Делкам нова врата кон небесата
Кон таа бесконечна Арена на времето.

Скрбот,таа непознаница на малоумните ме натера
И Белите коњи родени во виножитото
Дека е така,утре слушнетего шепотот на дождот
А потоа,во вашата осама гребете по душата сопствена.

Идолот во моето срце го срушив,етеја
Таа жена,проклетница,неверница.блудница
Која оковот на празнината саде го стегаше
и сладострасни безредија во крвта ми правеше,ја нема сега.

Животот има криља,а јас лазев змиски
Бараќи го спасот во стари Манастирски записи
И чудни податоци од разноразни гатачи и чудотворци
Негледаќи како папукот ми расне од болка.

Не ќе се оженам,таа е сама,со празна душа
Глаголам,а надвор врти студен ветар на северниот ѕид
Кај соседтката Цвета,вие тој проклет пес
Се прекрстувам,но не си пресудувам

Чекам
Глува ноќ
Која ќе ми исцеди две три созли од очите
Кои ќе ја довикнат далечната молитва за мир во душата.










субота, 12. новембар 2016.

Ноќта кога започна се.-Трет Дел



Полека,коцка по коцка,чекор по чекор,одевме према безистенот,размислуваќи секој различно за својот свет,при тоа добро внимаваќи да не чепниме во таа урна на времето,каде што се чуваше пепелта од сите мртви спомени.
Стигнавме конечно пред камената порта,која беше влезот,а мене повторни ми изгледаше дека е онаа капија на соништата,навистина кога ќе се пречекореше оваа порта,го немаше оној мирис на лаванда,но го имаше мирот во тој мал круг на дуќани,и токму тој мир ги тераше сите намерници или случајни минувачи да седнат во било кој од неколкуте кафичи..но ние се упативме во самиот крај на најдолгиот ходник,каде се гледаа скржавите светулки,кои ги осветлуваа ѕидовите,во кој не постоеше граница на желбите...
Стигнавме на самата врата,од полузатемнетата просторија,пред да го пречекори прагот ја предупредив..
-Пред да влезиш овде,симнија твојата лицемерна маска на човек,и влези онаква како што си дошла во овој видлив свет..
Малку чудно ме погледна..
-да,погледни,внатре има само насмевки...но верувај искрени се...
Влеговме ,а на самиот влез не дочека Фејзула,младото момче од Чаир,кој во рацете го држеше кристалниот послужавник,на кој имаше повеќе Бајадери,посипани со ситни ореви..се нацмевна како шро знаеше само тој,искрено ширеќи ги усните...
-вечерва стандардно да ви ја препуштам вашата вселена,или да осовјувам некоја друга..малку низ шега праша..
-доволно е и таа што ја имам,но сепак ти благодарам за твојата пожртвуваност..
-повелете..по мене
Одеше пред нас до масата,небаре беше рицар,кој само што не застанал пред кралот за да го добие благословат  за сите досегашни победи..
-повелете...и нормално прво се упати кон понежниот пол,да го потргни столот како би миожела да се седни.
Тивко и неприметно и ја зеде нејзината наметка,спуштаќи ја на столицата,исто како што ноќта се спушта над се што е видливо и невидливо.
Седнавме,навистина мал беше мигот на молчеше,но тоа мала миговност тогаш изгледаше за бесконечна,се додека не проговори прва.
-ако ги затворам очите,незнам дали ќе го имам истото чуство
-кое чуство
-твојата близина,во мене буди нејасни чуства дека сепак однекаде се познаваме
Се насмевнав на ова,Јас бев сигурен дека не се познаваме
-голема е вселената,којзнае,можеби додека сме патувале во сништата,сме се стретнале на некоја ѕвезда..
-биди малку сериозен..
-можеби ти личам на сеуште непораснато дете,но верувајми,подобро ја познавам вселената,отколку човекот..вселената е многу едноставна,со едноставни закони кои не се променети со милениуми,а Човекот,тој е толку комплициран,што секојдневно гледам,нови и нови личносто,под еден ист лик.
-колку повеќе те гледам,толку повеќе сум сигурна дека сепак ние сме се среќавале,не еднаш,туку повеќе пати..сигурна сум
Одеднаш добив една малку луда идеја..но вредеше да се проба..или ќе се навреди,и ќе замине,или ќе продолжи да седи..
-кога би ти подарил еден бакнеш,дали сеќавањата побргу ќе се врата..
Ги отвори толку широко очите,и којзнае можеби се прашуваше дали сум сериозен...додека таа ме гледаше,станав брзо доближуваќи се до неа, бесрамно ги залепив моите усни на нејзините..не се опираше,ни пак направи и мал отпор со кој ќе ме одалечеше од себе..го чуствувам вкуусот на нејзиниот јазик,на кој беше сеуште мирисот на бајадерата,сеедно ми беше што другите малку скришум не гледаа....несакав ова да престане,но таа се тргна и малку строги кажа...
-седни на столот..
Очекував,да очлекував вистински дожд од зборови,со кои ќе покаже дека  е навредена или повредена,но тоа што го кажа ме шокира..
-воопшто не си се променил..дрскоста и непостојаноста не си ги изгубил...ми беше потребно половина свет,за да те пронајдам..
Незнам,навистина незнам како ми излета нејзиното име..
-Анастазија,што зборуваш.
Тогаш таа ме погледна чудно.
-од каде го знаеш моето име.
Се насмевнав...а таа малку с еопушти,отфрлуваќи ја сериозноста...
-беџот кој го носиш на твојот врат,сеуште не си го извадила,на него пишува јасно  Анастазија.
-извини,извини,во последно време сум толку расеана,што некои работи едноставно не ги приметувам.....






Нејсе



     Ги слушнав седумте небесни трубачи
Како се кикотат на земната бедотија
И човековите глупости
И ги следев со замаглени очи
А толку сакав да им кажам за Човекот
Но сега сум само посрамотен
И понижен

И седумте Ангели беа собрани во клупче
Во аголот од Вселената
Повеќе од тага                                                                                                                                                                                                                      
Отколку од восхит
За Човекот
Што никогаш не ја разбрал
Смислата на животот

  Ѕвездите
Беа смрзнати од сето ова
Исто како мраморните паметници
Расеани насекаде по црнејцата

Нејсе
Му реков на бучниот порој
Кој во крвта рикаше
Ако и оваа есенска рѓа не ги опамети
Овие неблагодарници
Зошто за ним наслушнуваш во небесата
Тие
И понатаму ќе бидат испотени од блудот
Ќе се женат,мажат радиреда
И пак ќе пијат ракија.мислеќи на мртвата љубов
Која и никогаш не ја доживеале,а ја упокоиле
И пак ќе бидат одмазници за туѓо зло
Нејсе
Земјата пак ќе пука
Кутрата
Под тежината на гревовите
Нејсе
Ти запиши што виде
И величенствено извишисе над гревот
И немо залипај
Без каење.




среда, 9. новембар 2016.

На мојата сакана Курва



Стануваш мој копнеж кој го носи секојдневно шепотот на времето
низ безбројните шупливи молитви
 што ете во празново време ги смислувам
и ги изговарам  со премалените и испукани усни..
се насмевнувам потоа
што и денешните се празни и бесцелни молитви…
станав миленик на илузијата
а таа проклетницата
низ своите тесни измислени ходници ја провлекува сликата на твоето тело
со своите подивени страсти што си ги криела од мене…
колку си само убава
посакувана,
сега знам зошто машкиот поглед неможе да ти одолее.
Ти и со појавата мамиш…
не сум љубоморен на мажите кои сега те имаат
малку сум лут на судбината
што мораше да ме награди со такво женско суштество,
а да го осакати даруваќи му нему лажни страсти….
мирисот на карминот кој е со арома на јасмин го обожаваш.
го почуствував низ тесните Битпазарски сокаци
каде како печат си го оставила...

2011 година

Никодин чернодримски


Љубовта на Сонувачот




Знаеш ли
Никогаш не би променил мојот Пекол
За твојот Рај
Би прашала онака радиреда
зошто
Овде,и болката е вистинска.и солзата паѓа
И се радува кога звукови на земјата прави
Таму
Во твојот Рај,секоја насмевка имам цена
Секоја прегратка е лажна
Секоја утеха е цинична
Да
не би го менувал мојот Пекол за Твојот Рај.

Знаеш ли
Колку пати ми требаше да ја закрпам душата
Со Месечевите нишки на полноќ
Знаеш
Но другите незнаат
Дека секогаш ревеше од глобочините
како збесната волчица
Да ме окова маѓијата која во љуњите ја ставаше

Ама ете
Со помодрени усни си
Очите покриени со тешки клепки ти се
Без солзи
Излижаните непца сувотија прпелкаат внатре
Не ти се лутам веќе
Денес  е Сведен голем
На Ден Пладне  се Венчав пред олтарот
Со светлината на Ѕвездите
И ќе го вратам животот во изгаснатите очи.

Сето ова го правам во чест на Судбината

Конечно да ја види Љубовта на Сонувачот



уторак, 8. новембар 2016.

Ќе те задржам во себе



Ќе те задржам во себе без никаков сомнеж
Но во другиот живот каде што јас ќе бидам птица
Со чудна моќ
И уште почуден талент
Ќе пеам песни за сите заборавени лета
За сите твои заминувања,ќе пеам со човечки глас
Ќе се насмевнувам онака наивно
И на другите птици ќе им кажам дека е се во ред  со мене
Но ќе плачам со сите тишини

Недаваќи звукот од солзата да ме предаде


Суво Кандило.



Седнав на прагот,а знаев дека не е мој
Во ниедно време,во глува доба
Со суво кандило во раката
Прашуваќи го Светителот,кој молчеше долго
ако се доближам до софрата,каде Ангелите вечераат
Дали тоа значи дека сум ги надраснал живите
Кој енеги се прпелкаат како стока
Во живата кал
И дали тоа значи дека сум се ослободил од сите тегоби
Кои ми се налепиле уште кога ја видов светлината

Молчеше
Додека
Во таа густа темнина позади мене
Во осамата
Сеуште одекнуваа лелеците на другите
Кои и тие
Исто како мене
Мрмореа

Ги поделивме последните парчиња од крстот
Помеѓу себе,несакавме да падне во рацете на неверниците
И застанавме заедно со неизвесноста да гледаме
Некаде на запад каде лиеа црни дождови
И севаа старотни грмотевици
Не се плашевме,зошто и стравот ни го продадоа
Поповите и владиците,кога на југ одеа
Оставаќи ни го празниот благослов
 даден од мрсните усни на кои висеа парчиња пилешко месо
ние,кои останавме повеќе на глутница наликувавме
отколку на горостасен народ
немавме пари слободата да ја платиме,останавме
земјата да ја чуваме,од која и глувците избегаа
патриотите,етеги во бочвите со вино се удавија
да,и шепотот на Ангелите сега неможе бесот да ни го смири

седнав
а другите
којзнае
можеби клечеа
можеби лежеа
а можеби и тие само немо гледаа во празното небо
кое несакаше ни јадот да го земе.






недеља, 6. новембар 2016.

Огнени Ноќи



Стоев на крајот
Каде што Човечкото спознание завршуваше
И непознатото за душите започнуваше
Стоев
Гледаќи ги огнените ноќи како пламтат
Со сета збрана мудрост во нив
Секако
Станав љубопитен да ги допрам
Но капката смртност што остана ме колеба
И пепелта растурена наоколу
Мислам дека тоа беа некои претходници љубопитни

Сето ова беше невидливо за разумот
И за иловицата по која имаше многу врвици
И за павлаката на очите што натежнала

Но разберете
Пролеав многу крв додека другите ме плукаа
Остапив многу сништа на темнината
Со месечината нацртавме невидлив крст
И се надраснавме над покорноста вселенска

Малку ќе воздивнам
Зеленкастата светлина на ѕвездите ме исполнува
Студот не ме мори
Ги кревам рацете над главата
Отфрлуваќи го чудотворниот оклоп на моите верувања

Тоа бил чекор пред пламенот на ноќта да ме обземе


Чекаќи го Скеларот



Ако навистина
Ги броев сите видени бои на небото
И изминати виножита
Самиот себеси ќе се убедев
Дека сум Светец
Но сепак за се треба да се има граници
И за ѕидовите кои не заградуваат
И за тишините кои не милуваат
И за морниците кои не полазуваат
Така е да знаете
Ние со нашите копнежи и желби,катаден
Ќе дупчиме неуморно во виугите
На крај ќе дојде безбоен дожд и се ќе испери
И како за беља,понего поројот ќе однесе
И пак сме голтари
Со ситни радости кои се вртат во хаосот околу себе
Но сепак
Еве
Ме скокотка гласот што го слушнав пред олтарот
Дека ете пред него сум ајванче,невино јагне
Припитомено,и спремно за клање од судбината
И ете
Кога клечам наземи,на тие ладни мраморни плочи
Стравот не ми се снови од крвта што ќе ми тече
А надвор
Се зактнали сенките под стреата,и ме чекаат
Заедно да дишеме под небото од кое само пепел се сурнува
Сепак
Виножитото ќе го размачкам по ѕидовивие бели
Нека тие бидат вселена непозната
За идниот станар во одајава
А Јас.Јас скришно ќе се насмевнувам
Кога ќе се згуснувам во облаците
Знаеќи
Дека продорниот плач оди некаде во бездните
Блесокот
Кој ќе го понесам со себе
Ќе ми треба на брегот од реката
Додека го чекам скеларот
За да се ослободам од темнината




субота, 5. новембар 2016.

Непознат ден




непознат ден осамна
во кој прорти непознато семе
мислите тоа ги скокоткаше
и нејасни радувања даваше
и соништата и тегобите,ете ги однесе

се е пресметано од порано
и нема причина сето ова да се запира

навистина,пак е светлина
и пак клокоти силата на злото
и пак се кострежи доброто од бучавата
чиниш во сета оваа нејаснотија,ако не судиш
искушението ќе одмине

ама не е така
многумина уште бабрат од квасот на стравот

заблудениот и кога живее е мртов
и сите судбински белези му се видливи
носеќи ја бучавата на својата крв во главата
брза,брза во своето човечко дувло
негледаќи како осамнува непознатиот ден.



Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...