недеља, 20. новембар 2016.

Јас и Семоќниот




Јас и Семоќниот запловивме
Во вечно вечните простори
Каде свеста само постоеше
А сето збрано Човечко ѓубре
Го расфрла насекаде
Како последен чин
И ја подаде смртноста на земјата да се слади похотно
И да воздивнува со сенките лигави
Така
Се спасив од целата трагедија
Којзнае,можеби сето опстојување беше само еден апсурд
Во кој почетокот беше крај
Не бев пијан од успехот
Но одникаде се појави Јаболкото во рака женска
Од кое се цедеше вкусот на Животот
Кој полека паѓаше во гралот на судбината
Сега беше видлива,и чудно насмеана
Не сум лукав Демон
Ни пак Ангел милостив
Најмалку некоја твоја апстракна мисла
Зборуваше
А гласот доаѓаше прво од мрачните бездни
Потоа од светлината сеприсутна
Наликуваше на течение од музите
Кои секогаш кај мене го палеа пламенот на инспирацијата
Ти нудам
Сега кога излезе од длабочините на битисувањето
Ти нудам,поторно со едно трепнување на очите
Да се родиш повторно
Со натприродно спокојство да зачекориш
Во играта постојано која се игра
Помеѓу Животот и Смрта
А Светската Тага на Човештвото
Оставија на наивните нека ја фрлаат далеку
Во дупнатиот космос
Рамнодушно ја погледнав
И заминав
Оставаќи самата да одлучи што ќе прави
Со сите мемоари кои останаа расфрлани по земјата
Заминав,носен од мислата која сета светлина ја носеше во себе.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...