среда, 16. новембар 2016.

Најдов мисла



Најдов мисла
Која ми ти била како забрадена старица
Сокриена за да не ја чујат
А таа ми ти носела
Грст насмевки
И една патека неизодена
Кога пријдов до неа
Малку заржа
Бидеќи беше жива стуткана
Не сум семожен,тивко и кажав
Ни пак истакен од темнина за да бидам зол
Само сакам
Една разблажена ноќ
Каде нема да сркам дождливи сомневања
Етеја
Малку се заниша
И шибна секавичност
Наслутив
Кога ми се залепи на градите како топла пареа
Дека заедно со очите
Распливната магла ќе ја растера
И нечујно
Со чекор на бестелесност
Заедно ќе газиме по новата врвица




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...