недеља, 6. новембар 2016.

Чекаќи го Скеларот



Ако навистина
Ги броев сите видени бои на небото
И изминати виножита
Самиот себеси ќе се убедев
Дека сум Светец
Но сепак за се треба да се има граници
И за ѕидовите кои не заградуваат
И за тишините кои не милуваат
И за морниците кои не полазуваат
Така е да знаете
Ние со нашите копнежи и желби,катаден
Ќе дупчиме неуморно во виугите
На крај ќе дојде безбоен дожд и се ќе испери
И како за беља,понего поројот ќе однесе
И пак сме голтари
Со ситни радости кои се вртат во хаосот околу себе
Но сепак
Еве
Ме скокотка гласот што го слушнав пред олтарот
Дека ете пред него сум ајванче,невино јагне
Припитомено,и спремно за клање од судбината
И ете
Кога клечам наземи,на тие ладни мраморни плочи
Стравот не ми се снови од крвта што ќе ми тече
А надвор
Се зактнали сенките под стреата,и ме чекаат
Заедно да дишеме под небото од кое само пепел се сурнува
Сепак
Виножитото ќе го размачкам по ѕидовивие бели
Нека тие бидат вселена непозната
За идниот станар во одајава
А Јас.Јас скришно ќе се насмевнувам
Кога ќе се згуснувам во облаците
Знаеќи
Дека продорниот плач оди некаде во бездните
Блесокот
Кој ќе го понесам со себе
Ќе ми треба на брегот од реката
Додека го чекам скеларот
За да се ослободам од темнината




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...