среда, 17. октобар 2018.

Колекција од Болки




Ако мојата тишина и твојата тишина
Се прегрнат онака заљубено како некогаш
Дали и понатаму ќе  мислиме исто, како и сега
Дека дождот залудно паѓа.

Ако мојата душа и твојата душа
Заиграат на празниот булевар некој непознат танц
Дали пеколот што го создавме самите
Ќе се распадне под светлината на фенерите.

Молчиш зарем не
Молчам исто како и ти
Вдишуваќи го мирисот на Ванила
И,Надеваќи се дека повторно ќе се стретенеме во некој сон.

А се што е недоречено
Останува и понатаму
Во нашата колекција од Болки
Која ете ја,виси во некое непосакано утро.









уторак, 16. октобар 2018.

Наликува на Еретички Запис




Не клекнувам пред олтарот на Бога
За да ми мине ете така времето
Заедно со Бабетините кои им е ладна душата и кога сонцето ќе изгрее
за пцалам празна молитва
Ами наутро,мојот прв поглед го пали кандилото
Во моето срце,,кажуваќи ми дека на патеката каде светлината ќе не води
Повторно ќе стретниме
Курви кои личат на домаќинки,Неблагодарници во убави Одела
Плашливци со девет амајлии околу вратот
Полупијани скитници без грам надеж
Кои копнеат ден и ноќ за само една прегратка
Да,можеби и ќе се видиме себеси,во нечии бескрајни пространства
Како чмаеме исплашено во крајот на некој лилав облак.

Ете,само да знаете,Денес
Ќе бидам Среќен,Ќе бидам тажен
Ќе ги мирисам цвеќињата,ќе се радувам како дете на капките дожд
Ќе ви кажам,Добро Утро,Добар ден
Сеедно ми е што вие ќе молчите
Ќе го градам денот,без да го рушам вчерашниот
Грчеќи се исто,и на мојата и на вашата болка.









понедељак, 15. октобар 2018.

Химната на Љубовта и Животот




Незнам дали да ја отпеам грловито на Пладне
Или тивко,тивко на полноќ
Химната на Љубовта и Животот
Зошто некако знам
Дека вие лажни црвени Буржуи
И Големи лицемерни лигави Поданици на Христа
И мене,како и другите пред мене
Мад мадскара ќе ме сторите
Не оставаќи ме да ги напишам сите природни тонови на бојата
По недогледното синило
А потоа со младото лудо ветре да заскитам по вжештените покриви
Каде се кријат сите погледи кон далечните ѕвезди
За најсетне во чекорите да ги втиснам
Нотите во кој се вградени сите мириси на Љубовта.

И стариот Атанас,кој липса како куче на плочникот од Градот
Ја нудеше својата прегратка секому бесплатно
Со солзите им ги замиваше на сите валканите дланки
Не раскажуваше никому за избледените спомени
Туку играше секогаш танго со папсаните соништа
На музиката која му ја свиреше Месечината
Ете,замина ,замина Атанас заедно со Виножитото
Без да го разберат сите дека ја пееше секој ден Химната на Љубовта и Животот.

Незнам,навистина незнам дали ја отпеам химната
Или да оставам рапавиот ветар да скита по вашите испукани усни
Каде се сокриени сите ваши несреќи
И залудни потраги по совршенството.







недеља, 14. октобар 2018.

Доволно е




Доволни ми беше само еднаш
Да погледнам во твоето синило.
за да ја видам сета скриена тага
позади сите твои широки насмевки.

Доволно ми беше само еднаш
да го слушнам твојот таен шепот
што го пушташе во тишината
за да знаам како душата твоја рика од болка.

Доволни ми беше твојата близина
за да го почуствувам немирот на твоите дамари
кои танцуваа нервозно секогаш
кога мојата воздишка умираше на усните мои.

Доволно е твоето постоење
За да ги отворам очите
И  денот да го прегнам
Со една широка прегратка.





субота, 13. октобар 2018.

Непозната Ѕвезда




Им забранив на мислите да танцуваат со ветерот
Некако знаев,дека така ќе те заборавам лесно
Затоа ги оковав во муграта
И не ги пуштав да скитаат во денот со сенките

Им забранив на зборовите да се раѓаат
Секогаш кога сојката пее тажно
Некако знаев,дека повторно на осамениот даб ќе му раскажувам
За твојот мирис од кожата кој е поубав и од ванила.

Му забранив на срцето,да трепери немирно
Секогаш кога твојата насмевка ќе ги израдува и неродените мигови
Некако знаев,дека тогаш повторно однекаде ќе долета птицата кобничка
Носеќи ја на криљата најтажната песна,која треба потоа во тишината да ја пишувам.

Ќе оставам само,немиот крик да се разлее насекаде
Поштедуваќи ја ноќта од непотребни грчеви
Ако случајно воскресне твојот лик,само да знаеш
Ќе го насликам на небото,покрај месечината,десно,на непозната ѕвезда.



четвртак, 4. октобар 2018.

Само верувај во себеси





Само верувај во себеси
Рече пророкот и замина во пустината да се бори со бурите
Само верувај во себеси
Рече калуѓерот и замина во темнината да ја голта лакомо
Само верувај во себеси
Рече продавачката на цвеќина и замина во градината да ги милува ружите
Само верувај во себеси
Шепотеше папсаното време покрај бездната додека рикаа сите мртви спомени
Само верувај во себеси
Извика ветерот додека заминуваше некаде на север
Зошто
Улиците станаа најлошиот лавиринт на пеколот
Само верувај во себеси
Зошто
Не знаеш колку е лесно да се изгубиш во сеќавањата
Каде прошката е како казна.
Само верувај во себеси
Така
Ќе имаш сеуште моќ да го смируваш вриежот во вените
И да се насмевнуваш со тишината.







петак, 21. септембар 2018.

Се сеќаваш ли




Се сеќаваш ли,кога седевме заедно
Додека Сонцето заминуваше со малку тага
На оние маси,валкани и полни со дамки од кисело вино
Од десно,стариот Виолиниста,свиреше
Повеќе за себе,помалку за нас
Ме праша,зошто грчот на на моето лице не се губи
Кога те прегнувам
И тогаш,а многупати потоа,само воздивнував
Како да ти кажам
Кога еднаш ќе ти ги скршат криљата,со кој си летал
Тогаш сите прегратки те болат

Се сеќаваш,кога ги газевме штотуку паднатите лисја
На Дивите Костења
Забораваќи при тоа,на сите слушнати песни
Прочитани романи,и изодени патеки
Ме праша,зошто ја сакам Тишината
Премолчив зошто Бескрајот беше пред нас
Оставив ветерот што не покриваше да ти одговори
Оставив ноќта што не допираше да ти потврди

Се сеќаваш на онаа ноќ,ноќ на ѕвездите
Кога нашите воздишки зборуваа
А ние небаре сме Адам и Ева,изгубени во вечна прегратка
Посакавме
Од таа ноќ
Сите сништа да ни мирисаат на Ружа.





четвртак, 20. септембар 2018.

Вечерва легни си порано





Би напишал денес илјада и еден стих
За твојата воздишка
Онаа,која твојата душа катаден ја испушта
Додека одиш до крајот на светот
За да го пронајдеш твоето пурпурно утро

Би напишал и за твојот трепер
Кој знам е твојата најтивка утеха
Додека ги стискаш дланките
Секогаш кога тишината беснее околу тебе
Недаваќи ти да ја кажеш молитвата на Љубовта

Би напишал,да би напишал многу стихови
но маглите лепливи ми ја зедоја хартијата
ветриштата луди го однесоа перото во пустината
дождовите кисели го разнесоа мастилото на сите страни
недаваќи ми да ги напишам сите посакувани зборови.

Затоа
вечерва легни си порано
да не закасниш во мојот нов сон
ќе го пронајдеш лесно
мириса на свеж Бадем.






среда, 19. септембар 2018.

Ти само дојди





Не сум Ангел,но знам да сакам исто како Ангелите
Ако не ми веруваш,праша ја Љубовта,таа ќе ти потврди
Но не зборувај насекаде
Тоа  е уште една моја голема небесна тајна.

Ти,само дојди,додека ветерот игра со твојата коса
Да ги доприме облаците,и да се поклониме пред ѕведите
Ти,само дојди,за да видиш дека бајките не се празни зборови
За да можат и нашите сенки да бидат бескрајно среќни.

Да,да,ти само дојди,по онаа патека,каде што липите шумолат
И низ шумолот зборуват за осамените кои се плашеле да дојдат тука
Додји,за да видиш дека во моите ноќи нема темнина
За почуствуваш дека во моите длабочини нема крај.

Ти само дојди
Додека ја распостилам ноќта низ бескрајот.









уторак, 18. септембар 2018.

ИЗВОР




Тече, капка по капка..
Низ ситните камчиња ...
На денот надојден...
Стихови се тркалаат..
Поезија- река која тече ...
И пулсира низ жилите на неспокојот,...
 Громови татнат во градите,...
А плунката се залепила...
На ѕидовите на душата...
Сокривајќи ја таа љубов...
 Што блика како извор..
 Непресушен кладенец ..
Запишана трага на вечност..
Грмат одаите на срцето , погледот милува..
Трепери телото , чекорам босонога..
 Сакам да ја чувствувам...
 Дивината и полските цвеќиња...
Со кои ја галиш мислата..
И вечно живееш во погледот..

Оливера .Ш...18.09.2018



Потомци на Феникс





Би те запишал во Срцето како Тамара
Или како Ирена,сеедно е нели
За дамарите што ќе треперат деноќно
При тоа повикуваќи ги капките крв на нов див клокот

Би те запишал на хартијата,како Сузана
Или како Пенелопа.сеедно е нели
За мастилото кое ги слика сите мои тајни воздишки
На крајот од секоја густа ноќ.

Би те праша повторно,наивно но и малку безобразно
Онака како што умеам во денот кој се раѓа
Зошто мораше,без срам и перде,да станеш мој неспокој
Кој се расплинива во сета моја тишина.

Гледаќи ме со твојот скриен поглед
Во кој горат нашите тела
Небаре се потомци на Феникс
Кои во Пурпурот се нови пламени желби.








Знаеш и Ти,Знам и Јас




Би те сакал многу повеќе од Цвеќето што го сака сонцето
Од Рибата што ја сака Водата
Но Ехото на Тешките Чекори на Калдрмата што ги оставив
Безгласно зборуваат,дека срцето мое е  уморно за нови љуњи.

Да,би застанал спроти ветерот со таен повод
Да го слушам како раскажува за неговите допири
Врз твојата коса,врз твоите усни,врз твојата кожа
Притоа гледаќи во небото каде е пресликан твојот лик.

Ахххх,е тајниот запис кој патува до Месечината
Ехххх,е записот кој го оставам на земјата
При тоа завлекуваќи ги прстите во косата
Сакаќи тоа да се твоите допири.

Но,Знаеш и Ти,знам и Јас
Дека клучевите од нашите срца,мораме
Ама навистина мораме да ги фрлиме во бездната
За да не ,не натера повторно Судбината да го пиеме Пелинот.









уторак, 11. септембар 2018.

Поздрави го Господ од Мене




Звукот на моторот престана да ја пара планинската тишина,Ѓорѓија го остави возилото на ледината,која беше само на педесетина метри од неговата викендичка,го зеде палтото од седиштето и со спори чекори тргна повторно после напорната седница да се одмори...сам..и покрај неколкуте повици од неколку млади девојки да му овозможат и вечерва да го види Рајот,тој ги одби..којзнае  дали тој сакаше вечерва да биде сам,или судбината..
Но веќе ги качуваше првите скали ,незаклучуваќи ја надворешната врата,кога го почуствува силниот удар по главата,кога се освести,само слабото светло во дневната соба го осветлуваше непознатиот ,кој седеше спроти него на масивната фотеља,тој беше силно врзан за столицата со неколку нови јажиња,ги напрегаше очите за да го види ликот,но едноставно не можеше,зошто погледот му беше заматен од силниот удар.
-кој си ти...праша тивко,со малку страв во гласот..
-не е важно кој сум,туку прашај се себеси што сакам..
-служај Говедо едно,да си ме одврзал веднаш,бидеќи ти незнаеш кој сум јас,и што можам да ти направам..и колку да се трудеше да изгледа строг и нескршлив,сепак гласот го одаваше дека паниката веќе завладеала со него.
-види вака братче,можеш да викаш,урлаш колку ти душа сака,но и самиот знаеш добро дека во ова годишно време,и на ова место,никој не може да те слушне...
Ѓорѓија малку си ја подголтна плунката,и сега навистина во овој миг се покаја,зошто ја направи викендичката на толку одалечено место,ама ете,до вчера тоа не му пречеше кога носеше млади девојки,ама денес,денес навистина му беше криво.
Проба повторно својот авторитет да го продава.
-слушај ме сега...можеби знаеш,можеби незнаеш,но од мене половина држава се треси,и затоа,ако имаш некој проблем,одврзиме,и ќе го решиме проблемот како луѓе.
-повторно грешка..утре сабајле кога ќе го најдат твој труп тука,другата половина од државава итекако ќе биде радосна,а и еден добар дел,од таа твоја половина ќе биде задоволна што те нема....
На Ѓорѓија му стана јасно дека ѓаволот ја однел шегата,но сепак проба за последен пат да делува на непознатиот..
-одврзиме,зошто за 1 час ќе дојдат моите луѓе,и ти ќе бидеш мртов..
-само за твоја имформација..Јас сум мртов веќе 2,5 години,и тоа благодарение на тебе..а кога ќе дојдат твоите луѓе ти ќе бидеш веќе на пат за другиот свет..
Крикот кој се откорна од самото дно на Ѓорѓија,беше оној крик што го пуштаат очајниците,кога се фаќаат на последната сламка за спас.
-кој,кој си ти проклетнику,и што сакаш од мене...којјјј..на последниот збор започнаа солзите да се тркалаат по неговото лице..
Непознатиот стана,и ги запали сијалиците на огромниот лустер кој висеше во дневната соба..лустер,кој Ѓорѓија го демонтира од една стара воена зграда..какви ли не перипетии направи додека не го изваде..но секогаш кога ќе ги запалеше сијаличките,неговиот лик блескаше од радост..кога светлината ја осветли собата го виде ситниот и мал човек,со темно лице,скоро ид а немаше некоја нормална човечка црта на неговиот лик,болката која орала,направила толку длабоки бразди,што ни најделотворниот мелем не би ги исправиле ти бразди.
-ќе бидам краток...започна да зборува,држеќи го пиштолот во рака..пред две и пол години,да пред две ипол години,токму во ова вила,Ти..додека зборуваше,гласот му беше едноличен,без никакви емоции,но сепак една солза се срина од неговот десно око...Ти си ја силувал,а потоа твоите телохранители ја убиле мојата дванаесетгодишна ќерка..да Ти си ја силувал,и од тогаш,мене ме направи само сенка,цела година тагував,но потоа се соземав,и решив да го пронајдам виновникот....а те пронајдов лесно..благодарение на кристалот од овој лутер,кој беше најден во раката на мојата ќерка..таа и мртва не го испушташе,но кога мојот бакнеж се најде на нејзиното мртво чело,кристалото падна на земја..го зедов,и барав,барав цела година од каде би бил..кога мој роднина ми кажа дека кристалот припаѓа само на овој лустер,и дека тој е кај тебе,веќе немаше сомнеж дека си ти..а тие солзи..не ти вредат...
Жолтилото беше толку налепено на ликот од Ѓорѓија,што беше немоќен да каже нешто..кога ги собра последните сили,проба да ја добие барем милоста...
-простими,простими те молам...ќе сторам се,ама се да ти го направам животот убав..те молам простими...
-Ѓорѓија..такви ѕверови како тебе не заслужуваат да живеат..затоа не моли...го крена пиштолот во висина на неговот чело..
-те моламмммммм,те моламмммм..просто цвилеше Човекот од кој многумина се смрзнуваа на место кога ќе се појавеше,неговиот авторитет беше толку голем,што некои кажуваа дека нема сила,освен Божјата што може да го сопре..
-Ѓорѓија..Поздрави го Господ од Мене...и него моли го да ти прости..не сум јас тој кој простува..ги кажа овие зборови,и ладнокрвно го повлече орозот,истрелот одекна во собата правеќи ехо и надвор...откако висна главата на Човекот кој своите злостроства ги криеше позади својата функција,непознатиот,мирно и со спори чекори ја напушти викендичката...после половина час пристигнаа неговите телохраните,кои мирно го гледаа мртвото тело на нивниот господар,но од друга страна заеа,дека од утре ќе имаат нов господар.истрагата тапкаше во место,или многумина кои беа задоволни од тоа што го немаше Ѓорѓија,се потрудија истрагата да тапка во место.







петак, 7. септембар 2018.

Можевте да имате Име еден ден




Можевте да имате Име еден ден
Име кое и дождовите во следните столетија
 ќе ви го плетеа со своите дождовни нишки.
можевте и понатаму со месечината да танцувате
можевте и со поглед да ги премерувате далечините
 на реките и планините
можевте секогаш да ги храните вашите внатрешни гласови
кои го будеа болскотот во вашите очи
можевте и кога ноќта ќе пукаше
вие да ја сошиете
можевте тајните во вашите очи да ги сторите видливи
можевте пламено да глаголите
и во своето врело пијанство со блудници да се прегнувате
а никој да не ве плука
можевте одеждите на Вечноста да ги носите
Можевте и понатаму да бидете Поети

Ама тргнавте по Славата
и сега само кркорите неразбирливо
Живи сте
ама веќе не сте долги како Вечноста
живеете сега во ноќта со сув здив
бараќи ја повторно онаа пламена река која тече од кај Музите
барате повторно лачот на месечината да ве огрее
но ете,ве повлече маѓијата на лажните почести

Од овој стрмен камен ве гледам
како веќе не сте поклоници на вистината
можевте да бидете Поети
 а ете паднавте во глобочините
и сега со сенки се дружите
напати на дланките гледате
исчекуваќи дека некаде таму ќе видете збор роден во занес.

Не плачете сега што Музите заминаа далеку во пустината
да плачат за вашата смртност.
сега повторно сте  тоа што бевте кога се родивте
смртници,кои еден ден пепелта ќе препокрие се ваше
па и вашите писанија,кои немаат веќе здив од Вечноста.




уторак, 4. септембар 2018.

Не е тоа плач на Небото за вас




Изминува пладнето,додека пламнувам од надежи,благодарение на потечените шурки на сонцето,ги оставив позади себе сите глобочини во кои кркореа болните спомени,и со блага насмевка,исто како некогаш во детството,кога се стретнува со Големиот Сон,сега повторно тргнав..него како..Тргнав кон Големиот Сон..
Од левата страна ќе ги оставам во малку недоумица,и со некој нивни трепет на месото,сите кои повторното ртење на Големиот Сон ми го спровираа низ темните ходници на времето,и го миеа со лилав кисел дожд.
Од десната страна,некаги љубопитните кои се без тегоба од денот,нека глаголат насекаде дека симболот на Љубовта е клучот за отварање на сите Небесни висини,и дека Амброзијата на Животот пресушува тогаш кога Името ќе биде запишано со Вечни Букви на Паметникот.
И вака ќе биде до златниот заод,и после квечерината,па и некаде пред полниоќ,на полноќ,со Месечината ќе зачекориме по патеката на Покорноста,која води само да знаете до сите соѕвездија.
Ете мили мои,вие ме обогатувавте со горчливост,јад,чемер,па и понекогаш ме гаѓавте со лепешки,и чекавте да залипам без солза,исто како што липа земјата по вашиот покој,чекавте,името ваше во црковни житија да го читам,чекавте во сказанија да ве проврам,па така за навек да останете како сведители на мудроста...ама не..неоди тоа така,само лазар се вратил од таму каде што и вие ќе отидете,ама нема да се вратите..и никој после тоа веќе нема да ве спомиња..само одвреме навреме некој заскитан дожд ќе ви ја накваси земјичката и толку...ама не е тоа плач на небото за вас..не е..освен злото,не оставивте ништо во Чељустата на Времето да рти,та во некоја непозната утрина да се испили живототворен крик.




понедељак, 3. септембар 2018.

Синот на Ноќта




Рече,додека ги јадеше изладените макарони,дека негов Татко е Ѕверот,е де оној Ѕвер со копита место нозе,и дека сеедно му било која е негова Мајка,та Мајките биле само да ги донесат децата на свет,и ништо друго..и дека немал солзи,и дека никогаш не плачел,и дека сеедно му било што другите плачат..и дека никогаш не сонувал..а спиел како заклан..
Кога и последната ронка ја снема во ваганката,зеде да си го шиба месото со прачка врбова,плескаше по голиот грб,а глас не пушташе,ни пак сакаше некоја молитва да каже против болки,молитвите биле за слабаци...оти неможеле да се искачат високо до небото,та саде клечеле на земјата и молвеле...а тој беше целиот завиткан во месечевите нишки..Синот на Ноќта..
Во одајата малку се рашири мирисот на свежа крв,ноздрите му се раширија од тоа,и прослови повеќе за себе,помалку за мене..
-не фрлај сол на мојата рана...ќе мине во зорите ќе видиш..самиот се исцелувам,не е маѓија тоа некоја,ама воља голема..подобро замачкаја твојат рана,низ која се цеди јадот од твојата душа..и околу пладне сркни малку грав,за сила да збериш..и погледнисе во огледало,види како очите ти набабреле од празните желби..една солза,една мртва празна желба..умен беше,ама сега мислиш дека нафората и испиените капки вино ќе те сторат повторно тоа што си бил..
Чудно си помислив,како ли може да го толкува мојот таен живот што го водам со мислите..сакав да му кажам јасно..ти проклет крадецу на мисли..но не бев сигурен дека е таков,ќе сторев грев ако го кажев тоа гласно..само му прословив..
-животот е толку краток,што следниот миг ни е подарок..навистина,до предминатата топла пролет,ликот ми беше бабуњосан од јадови,оти ѕвездата која беше секогаш над мене згасна..ама еве сега во дланкиве носам живо пламенче што ми го даде мојто Небесен татко,и тоа пламенче ми ја мекнее сега утробата...
-ни на Твојот Небесен татко,ни Мојот ѕвер татко им е гајле што бамбориме сега тука,и што ќе правиме во утрината...јас се навикнав на студенилово и вилиците не ми штракаат како воденица,ама тебе,машала.меѓу јазикот и вилиците десет ока пченица ќе сомелеш..
-оди подалеку од мене непрокопцан еден..кај ме донесе ноќва судбината да коначам покрај тебе...
-а синоќа,чија судбина те донесе..а претсиноќа..ааа..или несакаш да си признаеш дека бездомноста те тера секаде каде што ќе видиш стреа да се присобереше малку..
-ајде,ајде скопиги тоа клепките на кратко...немора да сонуваш,ама немора и да бамбориш...непрокопцан..
Надвор повторно започна да вие вителот каде хаосот на сите нејасни мигови се спремаа да не навјасаат кога пурпурот ќе загосподари..ама ајде,белким утревечер со овој непрокопцан ќе се разминам..






недеља, 2. септембар 2018.

Погазен Аманет




Пукаше повторно небото на половина,ама и кожата пукна на Ефтима,та затоа Тимотеј запали во собата малку темјан,за да ја смири болката негова,и да ги подисплаши оние луди демони кои надвор весело играа оро околу огинот.
А Ефтим,со еден крај на окото ја фаќаше светлината и саде бладаше,та ќе се насмевнеше малку кисело,а кога болката од глобочините на неговите дробови ќе срикаше,пак како малоумник ќе го побараше Тимотеј.
-Тимотеј брате,биди барем ти во овие мои последни мигови до мене...се плашам,се плашам брате..не од смрта,ами од средбата со татка на тој свет...Аманатето,Аманетот на Татка не го исполнив...ами го погазив...го испоганив..
Панде на Клашеви,го потчукна нежно Тимотеја по рамото и тивко му дошепна за Ефтим да не ги слушне.
-Оставиго накратко,болката нека му се смири...таков е веќе четириесет дни..ти дојди надвор да прословиме како луѓе...
Излегоа пред прагот,гледаќи како лутата есен полека ги влечеше првите снежни прамења,од лутината нејна сенките веќе клекнаа под стреите,пците го штедеа својот виеж,а црните јата врани гракаа болно ..
-стрико Панде,за како Аманет глаголи Братми..
-Тежок,тежок Аманет му остави Татко ти..пред да ги фати небесните пространства,го допре по темето  Ефтима и му заглаголи...Не ја Голтај пребрзо Иднината,не фрлај пепел на Минатото,земјата не ја испустувај,на туѓинци не ја давај,и Гробот...малку здивна тогај..и гробот не ми го оставај Безимен..Името,Името да ми го Врежиш на каменот..ако е безимен тој камен,премногу ќе ми тежи ,ако има име синко,ќе ми биде лесен...
Го кажа ова Панде и замолче слушаќи ја камбаната на Црквата како бие на Мртво...
-со секоја пролетна топлина,Брат ти,и Арсо на Тодора го крчмеа имотот и вашиот и на селото,парче по парче,носеќи ни од фитфиделија некрстени дојденци,та сега глаа неможеме од нивните пизми да крениме..на мира не ги оставија и мртвите..ги збришаа и нивните имиња од земјиниот лик..ете тој Аманет го погази...и сега незнам дали Бог ќе се смилува на неговиот грев...



субота, 1. септембар 2018.

Семе Проколнато




Изминуваше веќе четвртата година одкако заврши таа пуста војна,но единствено што се смени во животот на луѓето беше..името на стравот..претходно беше страв од Бугарите,и Италијанците,сега беше стравот од Удба..а Удба секогаш своето доаѓање го најавуваше со гласното брмчење на камионите и тоа рано во зорите,додека првите петли не пропеале..а каде бил гостин тоа утро стравот,дознаваа по првите лелеци и офкања,а понекаде и по првите истрели од нагантите кои беа обесени на колковите од безмилосните службеници..
Така и ова утро се разбуди и Миливој и само наслушнуваше од кој дел на селото ќе одекнат гласовите...и не требаше долго да чека..само две куќи после него ,кај Настевци,одекна истрел,а потоа и пискотници и лелелци до небото,клетвите веќе започнаа да се лепат на земјата,прво од мајката на Орде,потоа од Таткото,кој повеќе колнеше отколку што офкаше додека тројца службеници го тепаа со суројци..
-семето,семето да ви се сотри до еден,а тебе..тебе проклетнику ќе те најдам некоја вечер и главата ќе ти ја толчам како на змија,исто како што на таткоти му ја столчија...веќе цел месец сите знаеја за кого станува збор..стануваше збор за Глигура на Прлевци..дете кое војната ја помина покрај таткаси,докажан бугарски кодош,кој денот повеќе го поминуваше со бугарските жандарми,отколку со селаните..ама ете и Глигор продолжи со истата работа..овој на УДБА кодошеше и што треба и што нетреба..па така кога се замомчи,и го фрли меракот на Елена,од Блажевци,која беше таксана за синот на Здравет,Орде..но..еден ден Глигур му го пресече патот на Таткото на Елена и кратко му кажа
-глеј прај Елена да биде моја невеста..или моја или ничија..се заврти и си замина
Од овој муабет јанѕа го изеде Таткото на Елена,знаеше дека нема на арно д а излези ова,и дека ова куче нема да седи мирен..затоа веднаш отиде кај Настевци,неговите идни сватови и им кажа за средбата
-свате,она кучето на Прлевци фрлило око на ќерками,ама ќе прави беља,гледај прај бргу бргу да ги испратиме децава надвор од селово,па нека си се венчаат ако треба и настрана..
Се договорија двајцата сватој,иднината недела да дојди дома селскиот поп и да ги венча тајно,па потоа тие да заминат надвор,во странство..ама..ама попот си беше мераклија на ракија,па кога ќе се напиеше,незнаеше да го држи врзан јазикот во устата,туку ќе го пуштеше да лази дури и по земјата..ова го знаеше Глигур,па секогаш кога мракот ќе паднеше,тој одеше кај попот носеќи во раката по едно литарче ракија..и..јазикот на попот саде лаеше за се во селото..а тоа што ќе го излаеше попот утрото одеше дирекно во удба..и ете и ова приказна заврши трагично..Орде си го погребаа,Елена,му кажа во очи на Глигура..ако само ме допреш,на спиење срцето ќе ти го откорнам,а потоа ќе те одлежам во затвор..виде невиде Глигур крена рака од Елена,ама не крена рака од кодошлакот,за шест месеци после тоа беше примен во Удба и тој како службеник..но по две години во периферијата на градот беше пронајден со столчена глава..службата го осомничи таткото на Орде ,Здраве Настев..ама ништо тој не призна..две недели му ги толчеа бубрезите,но глас не пушти,ни тогаш ни после 5 години во затворот,но кога излегуваше,навистина беше сенка од човек,но на ликот ја имаше најубавата насмевка..



Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...