петак, 7. септембар 2018.

Можевте да имате Име еден ден




Можевте да имате Име еден ден
Име кое и дождовите во следните столетија
 ќе ви го плетеа со своите дождовни нишки.
можевте и понатаму со месечината да танцувате
можевте и со поглед да ги премерувате далечините
 на реките и планините
можевте секогаш да ги храните вашите внатрешни гласови
кои го будеа болскотот во вашите очи
можевте и кога ноќта ќе пукаше
вие да ја сошиете
можевте тајните во вашите очи да ги сторите видливи
можевте пламено да глаголите
и во своето врело пијанство со блудници да се прегнувате
а никој да не ве плука
можевте одеждите на Вечноста да ги носите
Можевте и понатаму да бидете Поети

Ама тргнавте по Славата
и сега само кркорите неразбирливо
Живи сте
ама веќе не сте долги како Вечноста
живеете сега во ноќта со сув здив
бараќи ја повторно онаа пламена река која тече од кај Музите
барате повторно лачот на месечината да ве огрее
но ете,ве повлече маѓијата на лажните почести

Од овој стрмен камен ве гледам
како веќе не сте поклоници на вистината
можевте да бидете Поети
 а ете паднавте во глобочините
и сега со сенки се дружите
напати на дланките гледате
исчекуваќи дека некаде таму ќе видете збор роден во занес.

Не плачете сега што Музите заминаа далеку во пустината
да плачат за вашата смртност.
сега повторно сте  тоа што бевте кога се родивте
смртници,кои еден ден пепелта ќе препокрие се ваше
па и вашите писанија,кои немаат веќе здив од Вечноста.




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...