понедељак, 3. септембар 2018.

Синот на Ноќта




Рече,додека ги јадеше изладените макарони,дека негов Татко е Ѕверот,е де оној Ѕвер со копита место нозе,и дека сеедно му било која е негова Мајка,та Мајките биле само да ги донесат децата на свет,и ништо друго..и дека немал солзи,и дека никогаш не плачел,и дека сеедно му било што другите плачат..и дека никогаш не сонувал..а спиел како заклан..
Кога и последната ронка ја снема во ваганката,зеде да си го шиба месото со прачка врбова,плескаше по голиот грб,а глас не пушташе,ни пак сакаше некоја молитва да каже против болки,молитвите биле за слабаци...оти неможеле да се искачат високо до небото,та саде клечеле на земјата и молвеле...а тој беше целиот завиткан во месечевите нишки..Синот на Ноќта..
Во одајата малку се рашири мирисот на свежа крв,ноздрите му се раширија од тоа,и прослови повеќе за себе,помалку за мене..
-не фрлај сол на мојата рана...ќе мине во зорите ќе видиш..самиот се исцелувам,не е маѓија тоа некоја,ама воља голема..подобро замачкаја твојат рана,низ која се цеди јадот од твојата душа..и околу пладне сркни малку грав,за сила да збериш..и погледнисе во огледало,види како очите ти набабреле од празните желби..една солза,една мртва празна желба..умен беше,ама сега мислиш дека нафората и испиените капки вино ќе те сторат повторно тоа што си бил..
Чудно си помислив,како ли може да го толкува мојот таен живот што го водам со мислите..сакав да му кажам јасно..ти проклет крадецу на мисли..но не бев сигурен дека е таков,ќе сторев грев ако го кажев тоа гласно..само му прословив..
-животот е толку краток,што следниот миг ни е подарок..навистина,до предминатата топла пролет,ликот ми беше бабуњосан од јадови,оти ѕвездата која беше секогаш над мене згасна..ама еве сега во дланкиве носам живо пламенче што ми го даде мојто Небесен татко,и тоа пламенче ми ја мекнее сега утробата...
-ни на Твојот Небесен татко,ни Мојот ѕвер татко им е гајле што бамбориме сега тука,и што ќе правиме во утрината...јас се навикнав на студенилово и вилиците не ми штракаат како воденица,ама тебе,машала.меѓу јазикот и вилиците десет ока пченица ќе сомелеш..
-оди подалеку од мене непрокопцан еден..кај ме донесе ноќва судбината да коначам покрај тебе...
-а синоќа,чија судбина те донесе..а претсиноќа..ааа..или несакаш да си признаеш дека бездомноста те тера секаде каде што ќе видиш стреа да се присобереше малку..
-ајде,ајде скопиги тоа клепките на кратко...немора да сонуваш,ама немора и да бамбориш...непрокопцан..
Надвор повторно започна да вие вителот каде хаосот на сите нејасни мигови се спремаа да не навјасаат кога пурпурот ќе загосподари..ама ајде,белким утревечер со овој непрокопцан ќе се разминам..






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...