субота, 1. септембар 2018.

Семе Проколнато




Изминуваше веќе четвртата година одкако заврши таа пуста војна,но единствено што се смени во животот на луѓето беше..името на стравот..претходно беше страв од Бугарите,и Италијанците,сега беше стравот од Удба..а Удба секогаш своето доаѓање го најавуваше со гласното брмчење на камионите и тоа рано во зорите,додека првите петли не пропеале..а каде бил гостин тоа утро стравот,дознаваа по првите лелеци и офкања,а понекаде и по првите истрели од нагантите кои беа обесени на колковите од безмилосните службеници..
Така и ова утро се разбуди и Миливој и само наслушнуваше од кој дел на селото ќе одекнат гласовите...и не требаше долго да чека..само две куќи после него ,кај Настевци,одекна истрел,а потоа и пискотници и лелелци до небото,клетвите веќе започнаа да се лепат на земјата,прво од мајката на Орде,потоа од Таткото,кој повеќе колнеше отколку што офкаше додека тројца службеници го тепаа со суројци..
-семето,семето да ви се сотри до еден,а тебе..тебе проклетнику ќе те најдам некоја вечер и главата ќе ти ја толчам како на змија,исто како што на таткоти му ја столчија...веќе цел месец сите знаеја за кого станува збор..стануваше збор за Глигура на Прлевци..дете кое војната ја помина покрај таткаси,докажан бугарски кодош,кој денот повеќе го поминуваше со бугарските жандарми,отколку со селаните..ама ете и Глигор продолжи со истата работа..овој на УДБА кодошеше и што треба и што нетреба..па така кога се замомчи,и го фрли меракот на Елена,од Блажевци,која беше таксана за синот на Здравет,Орде..но..еден ден Глигур му го пресече патот на Таткото на Елена и кратко му кажа
-глеј прај Елена да биде моја невеста..или моја или ничија..се заврти и си замина
Од овој муабет јанѕа го изеде Таткото на Елена,знаеше дека нема на арно д а излези ова,и дека ова куче нема да седи мирен..затоа веднаш отиде кај Настевци,неговите идни сватови и им кажа за средбата
-свате,она кучето на Прлевци фрлило око на ќерками,ама ќе прави беља,гледај прај бргу бргу да ги испратиме децава надвор од селово,па нека си се венчаат ако треба и настрана..
Се договорија двајцата сватој,иднината недела да дојди дома селскиот поп и да ги венча тајно,па потоа тие да заминат надвор,во странство..ама..ама попот си беше мераклија на ракија,па кога ќе се напиеше,незнаеше да го држи врзан јазикот во устата,туку ќе го пуштеше да лази дури и по земјата..ова го знаеше Глигур,па секогаш кога мракот ќе паднеше,тој одеше кај попот носеќи во раката по едно литарче ракија..и..јазикот на попот саде лаеше за се во селото..а тоа што ќе го излаеше попот утрото одеше дирекно во удба..и ете и ова приказна заврши трагично..Орде си го погребаа,Елена,му кажа во очи на Глигура..ако само ме допреш,на спиење срцето ќе ти го откорнам,а потоа ќе те одлежам во затвор..виде невиде Глигур крена рака од Елена,ама не крена рака од кодошлакот,за шест месеци после тоа беше примен во Удба и тој како службеник..но по две години во периферијата на градот беше пронајден со столчена глава..службата го осомничи таткото на Орде ,Здраве Настев..ама ништо тој не призна..две недели му ги толчеа бубрезите,но глас не пушти,ни тогаш ни после 5 години во затворот,но кога излегуваше,навистина беше сенка од човек,но на ликот ја имаше најубавата насмевка..



Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...