недеља, 31. јул 2016.

Само Лош Сон




Додека капеше зелената густа крв
Зелени пајаци забрзано плетеа нова мрежа
На небото Месечината се смрзнуваше
Мракот небаре е зла чума,удираше на три страни
А искинатата приказна,самата се оплодуваше
И бараше,сите што ја слушаат
Да се пробудат,и да потонат во сиви соништа
Калуѓер во Бела Риза,со стогодишно кандило
Да,ги миреше повампирените зборови
И небаре тој им е Татко,ги советуваше
Немојте,немојте да скокате збеснато,ќе се вангелосате
Енеги огнените реки идат,ако не така,ќе ве спржат
Чудно,никој не го слушаше
На дабот,жолти врани се закикотија со човечки гласови
Богомилките во својата треска и колковите ги нудеа
И никој тука не гледаше
Шупливата бескрајност им се ширеше
Белите  шурки со небесна светлина бегаше од нив

Разбрав на крај што се случило
Кога заревија светулките од оганот
Другпат немој да трчаш кон ветерот
Идниот пат

Можеби студено ќе блескаат ѕвездите над тебе.


субота, 30. јул 2016.

Зошто само мрмориш низ ветерот


 Нема грутка на земјата што не сум ја допрел
Чуствуваќи ја нејзината гладна утроба
Зборуваќи си сам на себеси
Прооде на неа,иако мачителка ти е секојдневна
И не ти дава да избегаш од болката
Туку те скаменува,затвораќи те во нејзиниот темен оклоп
Ама пак не ја пизмиш

И така со зашилена ветка ја боцкам,прашуваќија
Зошто само коските неможеш да ги изглодаш
И зошто само кога ќе не поклопиш ја гаснеш треската од чемерот
Зошто
Зошто само мрмориш низ ветерот
Оставаќи ме да пропаѓам низ кратки соништа
Кој немаат ни почеток,ни пак крај.

И клекнувам
Си сув здив грееќи ја смрзната тупаница
Непокорен
Гледаќија  како  таа јадот што го плукав ноќва го препокрива
Писокот на Гајдата ме врати во светот
Скокоткаќиме по дамарите
Нема никој околу мене
Верувајте,безначаен е пискотот на гајдата.





Пусто решив да бидам Поет




Ми се фати јазикот од премаленост
Помогнетеми да го извлечам од устата
Пусто решив да бидам Поет
А тоа беше во Праисконот
Па наместо да ревам кога сум обеспокоен
Со зборови да го распарам времето на пола
И лесно да ја напишам линијата на Животот и на Небото
Не ми смета ,така мислам Смарагдниот прстен на раката
Подарок од Самовилата Агапи,да ме чува ете од Проклетијата на Поетите
И да не играм како збрлавен на дожд
Туку само со врвовите на прстите да ги допирам капките
Во кој се кријат сите некажани зборови

Вие пиштете од утробата браќа и сестри
Ваша е измамата додека сте живи
Неутешните души ги слушав кога кобнички зборуваа
А ним Смрта им ја кажала Вистината
Би било злостроство за ова подоцна да дознаете

 Само Смрта и Вечноста се тие кои некого го нарекуваат Поет
И името негово го втиснуваат засекогаш во Каменот
А вие дотогаш
Вашите нејасно развлечени зборови расфрлајтеги
Бидеќи не сте сеуште измиени со молитво исцедени од тагата
Јас знам
Во ноќта ја слушате својата песна,со разденување ја заборавате
А сепак ги подавате рацете кон сите сеќавања повторно да воскреснат

Јасно е
Ве демне вашиот безумен уплав на заборавот
Та зборувате дека Душата е црвена,жолта,и дека се предавате на Оганот
И пресметано се ослободувате од вашите создадени стихови
Во кое е барањето за земна лицемерна почест
Ви се чудам
Мафтате со ветерот,додека огништата се гасат насекаде
А вие опуштено воздивнувате,сонуваќи како седите на врвот од светот
Разберете.не сум подбивник со арамиска душа
Туку ви кажувам,

Какви се оковите во кој е окован Поетот додека го има перото во рака.


Лушпата на Сонот



Во последните разделувања на Сонцето со Месечината
Се јавуваше повторно Зломорница,спуштаќи ги клепките набабрени
Врз далечните планински висови
Каде грчот на ветерот претскажуваше дека ќе се роди нов свет.

И прастариот камен на оваа земја ја гледаше
Криеќи ги од неа црните дукати под себе
И,се урна со тресок,и небото оглуве
Будеќи го трепетот во скороистинатите меса на сенките.

Стравот од умирање лежеше само на педа од нив
И пресметуваше на кого му се ближи заодот
На кого му е секнат денот,на кого ноќта ќе му се издолжи
На кого тишината ќе му биде спокој вечен

Ноќ,се стемни,без да се запалат огнови
Поседнаа со темни избуричкани мисли
Сраснуваќи низ суровоста со изѕемнетата земја
Наоколу,злото го бришеше веќе сјајот од ѕвездите.

Некој спомена
Кога злото ќе го покори здравиот разум
Тогаш благиот занес во очите на Човекот веќе нема звук
И горчливиот подбив ќе избрише се запишано на папируси.

Со мака ги држеа отворени очите,гледаќија предавнички
Зломорницата,која ги потемнуваше и ослабнуваше
Недаваќи им низ истоштеноста да ја видат,како
Пред нив Свети Лушпата на Сонот,со завиткан свилен сон во себе.

Што да ви кажам
Бескрајното царство на Сиромасите е некаде далеку пред нив
А тие,спиат,без да сонуваат
И умираат со суви дишења,без да офнат.




петак, 29. јул 2016.

Меретната



Кога миговите ме правеа Безначаен
А Јас пркосев во сето празно време
Тогаш
Судбината се подбиваше
Јаваќи на волчја глутница која играше на скрките
Подаваќи се блудно на Ѕвезда со потемнет сјај

Срцето беше обоено со крвавава боја во тие мигови
И од премаленост неможеше да го симне превезот од Месечината
Кришум,очите потајно ќе му дадеа два три сончеви лача
А наоколу како бедем ќе се наредеа дванаесет амајлии за уроци

Само Смрта стоеше прибрана,неплашеќи се од оганот на пониженоста
Што ги ги пиеше сите соништа лакомо
Меретната,ќе се нурнеше во длабочините на минатото
И низ просторот ќе заглаголеше

Се сеќаваш ли кога ти блескаа молни пред олтарот,каде заветот го даваше
Дека и во последниот здив нејзиното име ќе биде залепено на усните
Остави,зборува сега со глас на покојник
Иста судбина немавте,твојата лоза таа не ја продолжи
Не се твои зелените магли за скитање
И не го чекај нејзиниот сатанаилски кикот да се огласи
Та воскресот да ти се нурне во дробовите каде е скриен скрбот за неа.

Молчев,гледаќи ги зелените мигови како се лепат по земјата
А таа
Ќе се нагрнеше со времето
Натопена во нов грев
Легнуваќи со покојник кој немаше машко семе во себе.
Од сето ова

Не сум жеден,но ви се напил седум капки света вода.



Меретната



Кога миговите ме правеа Безначаен
А Јас пркосев во сето празно време
Тогаш
Судбината се подбиваше
Јаваќи на волчја глутница која играше на скрките
Подаваќи се блудно на Ѕвезда со потемнет сјај

Срцето беше обоено со крвавава боја во тие мигови
И од премаленост неможеше да го симне превезот од Месечината
Кришум,очите потајно ќе му дадеа два три сончеви лача
А наоколу како бедем ќе се наредеа дванаесет амајлии за уроци

Само Смрта стоеше прибрана,неплашеќи се од оганот на пониженоста
Што ги ги пиеше сите соништа лакомо
Меретната,ќе се нурнеше во длабочините на минатото
И низ просторот ќе заглаголеше

Се сеќаваш ли кога ти блескаа молни пред олтарот,каде заветот го даваше
Дека и во последниот здив нејзиното име ќе биде залепено на усните
Остави,зборува сега со глас на покојник
Иста судбина немавте,твојата лоза таа не ја продолжи
Не се твои зелените магли за скитање
И не го чекај нејзиниот сатанаилски кикот да се огласи
Та воскресот да ти се нурне во дробовите каде е скриен скрбот за неа.

Молчев,гледаќи ги зелените мигови како се лепат по земјата
А таа
Ќе се нагрнеше со времето
Натопена во нов грев
Легнуваќи со покојник кој немаше машко семе во себе.
Од сето ова

Не сум жеден,но ви се напил седум капки света вода.



Неверувавте во Воскрес



Додеќа Сонцето го раѓаше пурпурот
Летнаа отсекаде дневните светулки од преданијата
И сознанието за Животот од исконот го распливнаа
И според записите ова бил нов Библиски ден
евеги,Лицемерите се исплашија од ова
Бедниците во сенките се завиткаа
Некажуваќи го своето име
Вистината за сето ова,од килибарни топки пукаше
Сакаше,руменилото на усните да им го стави
А тие,како чуство на умирање го доживеа
Ревеа
Ука од Темни Евангелисти не сакаме

Се скаменија,гледаќи го
Новиот Вестител,со крвав крст на челото
што Светлината му го втисна
додека Темнината му се кикотеше низ вените
го извлече,и го излекува со благ глас
го стори
монах без Црква,калуѓер без Манастир
кој
утрото со света вода ќе го благословува
напладне со Сонцето ќе се разминува
во наквечерините ќе ги брка призраците
на полноќ сенката на проклетијата ќе ја погубува

тогај
од сето ова
потемнеа сите златни соништа
усвитените зборови бабреа насекаде тркалаќи се по земјата
и се отвараа Мртвите Очи
читаќи ја Наглас
книгата на Сите Времиња
во миг
на многумина им истекоја часовите како песок
и од Север,долетаа Пеперутки кои времето го броеа наназад
водата,бесно скокаше од карпите
и небаре е извршител на пресуда шиштела
неверувавте во Воскрес

сега сраснете со ораниците.


четвртак, 28. јул 2016.

Нов Живот




Кога вистински посакав да го извадам скрбот од Душата
Клекнав пред Манастирските порти
При тоа слушаќи ги вилулиците кои виеа бесно позади твоето ладно срце
Клекнав,пуштаќи капки крв од колената,но знај
Не затоа што и можеби сум грешен
Не затоа што Бог неколкупати се закани дека со пламен јатаган вудве ќе ме дели
Не затоа што напати бладам пред сонот да ме натисне
Туку,затоа што сакам Жив Светител да ме исповеда
Да,калуѓерот,кој се симнал од Икона,и сега чудоредија прави

Ќе му кажам и за гревот кога Смрта ја поев со зла крв
И за секакви ноќи кои го дочекував заклучуваќи ја воздишката
И за тоа што напати се доверував на малоумници
И за веквите кои ги минав,гледаќи понекогаш како Човекот и Ѕверот се прегрнуваат
Ќе му кажам,за седмиот или осмиот век
Кога припадник на Легија Бев,и со меч Благослови делев

Го повикав милозливо,некој рекоа сум ревел посилно од ветерот
Држеќи го проклетието под нозете,со закана од десната тупаница
И шкрипев со шупливите коски химна,која ги успа и тревите и птиците
Заглаголив
Шумолеќи со врвоите на усните
Оче прво Простими,потоа благословија
Капката светлина на новиот живот,што евеја се прпелка на левата дланка
Смилувајсе

Исто како што се смилуваа сите Русалки над мене.


Пупките на Човековиот Род



Една по друга,се менуваа ноќите,во кој беа патоказите
Кон сите ѕвезди и сонцето
Во тие ноќи беа завиткани пупките на Човековиот род
Не ги разбирав во почетокот
Но мојот поетски занес,како да беше код кој ги отвараше
Но малку ми помогнаа и очите со својата благост

Еххххххххх,и неможете да претпоставувате
Додека не ги допрев,бев Тажен Орфеј
Кој можеше со сопствената крв и ликот да си го измие од тага
И секое мигојавјение да го згазам бездушно
Ехххххххххххххххх,дозревала иднината во нив
Та кога ја доживеав стварноста,и преданијата воскреснаа.

Знам,Дедо Здраве,или Поп Цветко напати ме прекоруваа
И го бркаа заедно Улавиот Петко кој се потсмеваше
Не е убаво денес,кажуваа,Поет да бидеш
И да гинеш пред сите неродени столетија
Султани да те пизмат,душмани да те продаваат
Лицемери да те исмејуваат,час ти веруваат,час те мразат
Пред луѓето како стока да те изложуваат
А ти,со земјата се ородуваш за ним,преданија плетеш
Светители од Небото симнуваш,и кога е запурничаво
И кога кисели дождови те мијат,и голтките на двата света ги пиеш
Паганска песна пееш
И пред олтар се молиш
И севезден поетското проклетство те морничави
Но сепак знаеш дека ги дозна сите вистини за душата
Но ги таиш,бидеќи светот е повеќе пакосен отколку дарежлив
Знаеш,поголем си од многумина
Тоа и Смрта ти го кажува,затоа заедно со неа со пехарот наздравувате
И навечер спокојни очите ги затвораш
Кажуваќи си,гревота е да бегам од небото.

Јас ќе замолчам,гледаќи ги пупките со болскот
Вие слушајтеги утре моите близнаци
Штурците и гавраните како ќе пеат со занес.




Заборавете утре на се




Полека Надежите
Ќе ја надминуваат и најневозможната граница на остварување
А зошто да не биде така
Кога сум сеуште крстена душа
И коските сеуште не ми истинале
Безбели,дали ќе биде утре така...хм
Знам само дека тоа што го наследив е Библиски подарок
А тежок беше за носење досега тој блескав Крст
Дека е така,еден ден за ова ми раскажа и ветерот
Кога сум се родил,ги бришел и тој сопствените солзи
И месечината таа вечер шртбаво блескала

Ама ајде де
Мене ми е малку смешно,за тажно којзнае дали треба да биди
Знам само дека во иднината не се запишано старечки дни
Јас сепак ноќва ќе се простам и од земјата и од Небото
И ако е дожлива наквечерина
Значи сум во право
Плачат ветриштата низ облаците темни

Се спогодив со Судбината
Да ги тргни оловните раце од мене
И некаде пред полноќ заедно ќе пиеме
Голтка Јас,голтка Таа,прво Вино потоа Светена Вода
И лавиринтот на сите заплеткани Надежи ќе го отплетка

Би го натиснал уште денов со глаголења
Но јазикот ми се скаменува во стегите меѓу непцата
Додека низ ушите бучливиот порој на крвта бучи
Та кога времето ќе се продолжи со нова светлина
Прочитајтеги изгравираните молитви на Небото
А потоа заборавете на се
И на сите мои надежи кои ќе движат со мене низ Бескрајот.







Сонот е најголемиот освојувач



Сонувај,и живеј буден во тој сон
И не се плаши од Судбината кога ти наплатува сурово данок
И кога суварка си станал,таа те предизвикува тогај
Погледнија,онака загатливо под клепките
и распливниги дните неродени што поблиску до Небото
запомни
во дамнешни времиња,и мртвите сонувале
сега не е така
ако не сонуваш,и месечината ќе ја глода зелена ‘рѓа.

Некој ќе речат,ова се случува само во Лилав Град
Каде денот е невидлив,и само во приквечерина со бледа сенка на себе е
А ноќта,волшебник кој ти ги покорува сите таинствености
И секој почеток,има свој крај
И ниеден миг не е скаменет
И волчјата глутница,на дожд танцува
А пциите,и гавраните,во пурпурот ве поздравуваат
Никој од никого не очекува одмазда,стравот е налегнат под камен
Сеедно е таму
Дали глаголиш со рапав глас воздишки на возбуда
Или зборови на непознат јазик
Се се запишува,во просторот помеѓу Тишината и Животот
И ова е запис од тоа време.

По заповед на еден прастар Бог
Сето ова ќе биде преведено на повеќе Јазици
Да го разберат,и безработници,и питачи,и калуѓери
И никој да не е веќе без спомени

Годините минуваат,не ги броете
Сонувајте се,жени,сколовранци,злодејанија,мечки,па и сласт
И свои врсници,и по некој душман,и Дабот како трепери
Понекогаш плачете
Такви се сега овие времиња
Идните,поинакви се
Душата е за Господа
Месото и коските за црнејцата

Сонот

Сонот е најголемиот освојувач на сета Светлечка слава


среда, 27. јул 2016.

Непознати Светови




Побудалесто од покорноста е,
Да се притаеш до непостоење пред сончевиот лач во мугрите
И да не му дозволуваш,повторно да те дозрее
И тогаш
Наказанието кое ќе ти се прикаже како Набожен Човек
Ќе ти ја распука кожата,кажуваќи ти дека е тоа Распетието.

Напати,тоа Наказание
Етего ќе рипне и во нејасните сништа
ќе бабри,бабреќи ги и сеќавањата
а потоа,ќе пресуди во тие нејасни времиња
правеќи го сонувачот
безимен крадец,или скитник меѓу ѕвезди кои умираат во пурпурот

за веродостојноста од се што е кажано тука
не би се заколнал пред Семоќниот
но не ја отфлајте можноста,се да е така
или поинаку
но во други,непознати простори

каде  за вас,тоа се непознати светови.


Безимена




Твоите чекори лесно ги препознавам,па незнам колку тешка била ноќта...уште пострашно е кога го слушам нивното ехо како се распливнува на небото,со призвук на тага и солзи е исполнето..кога го слушам ова во самото раѓање на денот,морници ме лазат..зборуваше отсекогаш дека времето е твојот најдобар сојузник,а не погледна воопшто како тоа мели немилосрдно се во себе..јас доволно јасно можам да погледнам се во Огледалото на Вистината и да не се исплашам од сето што е длабоко врежано..но ти..зарем ти сеуште Илузијата ќе ја храниш со празни соништа,кои само болка носат повеќе на другите отколку на тебе..но сепак ..да сепак повторно како некогаш седам на прагот,и со занес го гледам залезот..навистина,не мој дом,но зарем некогаш сум имам дом..Скитник кој никогаш ниеден праг не го нарекол свој,скитник кој во животот одел од место до место,но никогаш својата Љубов не ја пронашол...а Ти,ти и твојата празнина,која од ден на ден е се поголема,не во просторот,туку во твоето срце..пробувам,ете така понекогаш со гласна музика да ги попречиш шумовите,но попусто,пробуваш д аизбегаш со бесцелно гледање на точка во таванот,но бесцелно..празните разговори кои се исти од вчера вистински те заморуваат,дека е така те одава грчот на усните кога се смееш.....Јас,Јас и моите соништа секојдневно живееме,тие сега се малку поспори,не се преморени,но сепак живеат,и полека стануваат стварност..навистина,жалосно е што не си веќе дел од тие соништа,но неможам да сонувам за некого кој повеќе се трудеше да ги закопа,отколку да ги оствари..знам,проба со многуте прегратки кои јавно ги покажуваше,да ме повредиш,но ти,токму ти со секоја нова прегратка беше се поочајна..ако мене ми требаа неколку мигови за утеха,ним им требаше часови и часови..и не успевааа..зошто за нив беше само ефтина забава...кога ќе ја потрошеа сумата која ја намеиле за теб,ти заминуваа,во своите домови..а ти повторно во паника се фрлаше во првата раширена прегратка,сеедно ти беше на кого е ..не ги броев зошто моите соништа требаше да живеат...и затоа моја безимена...остани таму каде што си...во твојат лага,која на сите им ја продаваш ефтино дека е блескава Љубов...


Преморен сум




Времето е полжав кој не окова со синџирите на одминатост
А се зборува некаде
Во друштвото на сите скитници
Дека во младоста небило така
Кога будалесто сме мислеле,дека сме постари и од каменот и тревата
И кога преданијата сме ги оставале токму за сега
Кога евене збрчкани глаголиме и со збрлавените желки

Малку сум збунет во сета ова збрана мудрост
Дали земјата се лади,или со животов не сум дораснат за утрешниот ден
Не се сожалувам со ова
Туку посакувам денес со мислата да им се придружам на орлите
И со отворени очи да го гледам небото,и сите победи,па и порази
Кои можеби сега се доверуваат на Судбината

Ќе речете можеби
Ги претчуствувам ударите на разбојот каде ткае црни нишки Смрта
А кога одмара,резбари последна молитва на пехарот за вино
Верен сум, кон Крстот да знаете,белким името ќе ми го спомене
Но...да не поверувам дека ќе биде така

А се зборува некаде
Во друштвото на сите скитници
Дека некој непрокопсан,се вратил од пеколот
И дека сега само копнее по чуда,и стои над јама усфитена
И бамбори,Дека ќе се скаменам,и бездруго Смрта не ми може ништо

Преморен сум
И од полжавот,и од желката,и од орлите
Ама и од скитниците,за непрокопасниот нема да кажам ништо
Ќе се помолам,и ќе му кажам на Бога за мојата Душа

Вие не сте Свети Луѓе за да ме Благословите и да ми простите.



Не чемреам веќе




Не пробувај да си го ослободиш месото од грев
Само кога Судбината ќе те камшикува со камшикот сурово
Утешението тогаш бргу,бргу ќе ти стане ужас
Ќе те натера,наместо крстот во рака да го носиш
Земјата жешка да ја дишиш,и правот нејзин да го голташ
И да се згусниш со бецелни молитви на непознат Светец

Би зборувал уште многу за се ова
Но веќе бзди подземната влага на празнината
Каде етего таму се испружиле и се дембелее мртвото минато
Та кога ќе побесне,онака
Буди вилулици од ладни морници
И реви,спрегнуваќи ги сите диви ветришта да беснеат по белината.

Нејсе
Не би го барал веќе коренот на животот,во едно друго време
Бидеќи таму,токму таму се обновуваат клетките на гревот
Без никаква смисла,и со малку загадачност
Влеваќи се во браздите каде семето на злото ‘рти дури и кога е само

Не чемреам веќе
Сребрената месечина воздивнува од сето ова
Но сепак
Ги пребројувам ѕвездите во модриот утрински бескрај
И се исправам,одминуваќи ја спулавената надеж дека,

Ќе се исповедам секогаш кога Судбината камшикува.



уторак, 26. јул 2016.

Би сакал да верувам


 Би сакал да верувам
Дека Ти можеше да ми дадеш нешто вистинско
Што сите го нарекуваат Љубов
Но тажната мелодија на Јавето разлева поинакви акорди
И по празниот Булевар ги тркала Скаменетите солзи

Би сакал да верувам
Дека времето застанало,тука во хаосов на мисли
Гледаќи го стариот часовник како шкрипи додека ги брои минутите
Но сепак го слушам дождот како спомените ги тера да играат
Правеќи така нови лузни во душата

Би сакал да верувам
Дека ако застанам на место,и чекам да се роди некој сон
Така полесно ќе ја сопрам реката на песни
Попусто






Аманет




Аманет им оставам
На сите диви ветришта што лутаат во ноќите
Кога мојата Душа
Ќе стане Бела новородена пеперутка
Нека тие
Го кренат со виор силен
Купот од коски и кожа во висините

Аманет им оставам
На сите Гаврани кои летаат во јата нераскинливи
Кога мојата Душа
Ќе стане Бела новородена пеперутка
Нека тие
Запеат во хор на јазик непознат за луѓето
само една тажна ода која ја пеев на брегот

Аманет им оставам
На сите змии и смокови кои во присојните долови задремале
Кога мојата Душа
Ќе стане Бела новородена пеперутка
Нека тие
Запеат безумна песна  заедно со Величенствената
Додека мене ми истинува крвта

Ќе оставев и Аманет и на Породот
Но го немам
Единствено Судбината после ова нека раскажува насекаде
Дека сум бил само измислен сон.





Овде е нов почеток




Согоруваше Земната Љубов заедно со копнежот
Во светлината на самите брегови од Семожноста
Зборовите веќе немаа никакво значение
Пред Ореолот на Живиот Оган што ги расфрлаше искрите во роеви
Ви зборувам за убавината,кога Човековата свест е веќе покорена

Овде,следува Нов Почеток
каде ни Таванот од Ноќта неможе да се урни
ни пак на Деновите ќе им се брза
Светлиот Праг на Небесниот Дом е Веќе Благословен
И заштитен е од разни,чинки,маѓии и разни злонамерија

Не плачам,но соленоста од солзите се уште на дланкиве ја чуствувам
И во името на нероденото време погледнувам
Кратко во меѓу просторот
Свеќите на многумина се гасат на таа граница
Оставаќи ги сами со студ во коските да се борат

Јасниот поглед сега ги гледа сите познати далечини
И знам,некаде во тие празнини позади
Остана Тагата да се бори со злото
Врз која плискаше ладен дожд

Ете навистина така согоруваше земната Љубов заедно со копнежот.



Кажав што имам да кажам





Започна руменилото да станува достапно само за моите очи
Во просторот помеѓу земјата и небото
Каде повторно заживеа се што живееше некогаш во срцето
Деновите минуваа без да го чуствувам присуството на Ѕверот
Ете,си велвам сам на себеси
Тука си бескрвен,без мирис на смрт околу себе
И не ја мамам Судбината со бесцелни молитви
И можам да се исповедам,преобразен во нов лик
Без ронка тага во очите
Повторно си велмам
Не го слушаш како во шурки тече студенилото во коските
И не се криам од црните облаци кои се раѓаа на исток
И не скрбам низ стиснати усни.

Лилавиот пурпур малку ме обеспокои
Виорот во кој се затворени сите твои потајни стравови одлета кон тебе
Би те пробудил додека спиеш со немирот
Но пепелта од земјата ме предупредува
Глаголи злокобно,дека ќе ме прекрие предвреме
Се доближува чудниот монах со искинато расо на себе,до тебе
И Четири крстови околу тебе постави
Према Небесата покорно се наведна,и заглаголи
Испратен сум повторно да те Крстам,Благословот ти е одамна испоганет
Кога ќе се разбудиш,одлучи дали ќе се причестиш
Или по Три Полни Месечини како Наказание ќе се влечиш по земја

Првите млади ѕвезди се спуштаат наоколу
Кажав што имам да кажам
Ќе се нурнам сега во сон,на безбоен облак ќе биде тоа
А ти како сакаш
Распливнисе во твоето Величенствено зло
Или клекни пре Позлатените Божји Нозе.





Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...