четвртак, 7. јул 2016.

Ислушајме и потоа проколниме




Ислушајме и потоа проколниме
Зошто глобочините ме пијат
За ете самиот себеси да не се проколнам
И повеќе да не бегам со скаменети нозе
Голем е гревот мој,и сиот собран скрб во мене
И твоите черни утешенија веќе утробата ми ја ријат
Затоа и глаголам пред твојот олтар,а не пред Бога

Погледни
Веќе почна да  ‘рти во небесните очи пупката од мојата младост
А за тебе слушнав дека и од упокоените помош си барала
Само ноќе било тоа додека сите крстени со света вода спиеле
Погледни
Преданието е долго и ќе го отварам полека и тајно
Не си светителка,,прозирната трева среде ноќ те одава
Сетисе колкупати се отвори пород да донесеш
Чинам трипати тогаш молскавицата ти го осветливаше лицето

Ислушајме и потоа проколниме
Мојот грев е голем за кој нема прошка
Тој што ги познава ѕвездите,знам дека сега се моли за мене
Држеќи го во раката својот волшебен жезол
Од него само наслушнав  дека животот веќе ми дозреал

Очиве веќе се прекриваат со прав и мрак
Ислушајме и потоа проколниме
Или дај ми ги небесата
Не копнеам веќе за сончевата лач
Слушни дека напразно не бамборам

И пците во долиштата веќе здивеа од маглите на смрта.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...