петак, 8. јул 2016.

Аште умеам да молвам




Кога би знаел би ми било полесно
Сите одминати копнежи што ги растев под Марковата Грамада
Како да ги отгрнам од студот што ги повива секој ден таму
Чуствувам над нив порои ќе бувнат
Ќе ги сторат јалови,без никаква иднина
Подземната Титанска река за ова ми кажа

Да,да, би отишол кај Господарот на Соништата,нели
Ако без очи сум,сепак сонував понекогаш
Ако ми се премалени дланките
Ако на кожата се нафатиле триста туѓи гревови
Сепак ќе заглаголам малку погласно, и тука и таму
Прозирен човек сум со нејасен лик,и ако
Името веќе на ниедни усни не ми се шепоти
Развлечиги,и ноќта ,и денот до бескрај
И недавај смрзнати кртови да гризаат од нив.

Е така е
Некој ќе речи и за ова
Го навјасало старечка јад
Но
Девствената Белина околу зрее веќе
Јас се покорив на сите Небесни сетила
Единствено останаа уште копнежите да ги ослободам од окови
Аште умеам да молвам
Нејсе,ќе бидам должник и тука и таму.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...