субота, 30. јул 2016.

Лушпата на Сонот



Во последните разделувања на Сонцето со Месечината
Се јавуваше повторно Зломорница,спуштаќи ги клепките набабрени
Врз далечните планински висови
Каде грчот на ветерот претскажуваше дека ќе се роди нов свет.

И прастариот камен на оваа земја ја гледаше
Криеќи ги од неа црните дукати под себе
И,се урна со тресок,и небото оглуве
Будеќи го трепетот во скороистинатите меса на сенките.

Стравот од умирање лежеше само на педа од нив
И пресметуваше на кого му се ближи заодот
На кого му е секнат денот,на кого ноќта ќе му се издолжи
На кого тишината ќе му биде спокој вечен

Ноќ,се стемни,без да се запалат огнови
Поседнаа со темни избуричкани мисли
Сраснуваќи низ суровоста со изѕемнетата земја
Наоколу,злото го бришеше веќе сјајот од ѕвездите.

Некој спомена
Кога злото ќе го покори здравиот разум
Тогаш благиот занес во очите на Човекот веќе нема звук
И горчливиот подбив ќе избрише се запишано на папируси.

Со мака ги држеа отворени очите,гледаќија предавнички
Зломорницата,која ги потемнуваше и ослабнуваше
Недаваќи им низ истоштеноста да ја видат,како
Пред нив Свети Лушпата на Сонот,со завиткан свилен сон во себе.

Што да ви кажам
Бескрајното царство на Сиромасите е некаде далеку пред нив
А тие,спиат,без да сонуваат
И умираат со суви дишења,без да офнат.




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...