уторак, 12. јул 2016.

Животот од вчера,и животот од утре





Животот од вчера,и животот од утре
Денес го сместувам во една пеколна воздишка
Пробуваќи така полесно да го прифатам грчот на Разумот
Кој во леплива пајажина на сон ми го пие сето сознание
Не сум повторно обземен од безумие на мислите
Ни пак сум вообразил дека Небесата за сведител ќе ме имаат
Повеќе би рекол дека ова е повлекување пред надежите
Кои и тие како мене се преморени и папсани
Во студенилото на дождот кој морничаво не фрла на земјата
Ќе ве молам
Не ме слушајте кога ќе си ги апам усните до болка
Кога ќе се отплеткувам од пипалата на мракот
И додека сенката умира
Се исправам гледаќи со очите на тој што е во мене
Без крик
Бавно ,небаре на литија Набожна ќе одам
Без да проколнувам
Животот од вчера,и животот од утре
Денес го сместувам во една пеколна воздишка




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...