четвртак, 14. јул 2016.

Писание



Сето ова го запишал,чинам испосник бил
На камените ѕидови,исчадени од блажени и благословени воздишки
Со прстите свои,го длабел каменот
Писаниево
Кое на места беше малку неразбирливо
Или несватливо за сите нас

Не е многу веродостојни прераскажано
Бидеќи јазикот на места беше,Старословенски,на места беше Ерменски
На места беше со некој свој измислени испоснички зборови
Којзнае.можеби за себе глаголел
Или за некое свое видение,или сновидение
Јас поверував во сето ова
Бидеќи ги видов неговите очи како се расплинуваат врз водата
Некажувајте вие како него сомничаво Хм
Туку само погледнете во пространствата

Неговиот поглед еве што гледал

Седев на брегот додека бескрајните води се брануваа
Пееќи ја румената песна која меките облаци ми ја растураа насекаде
Во тој блаженј миг небев  обземен од нејасна тага
Повеќе наликував на пеперутка која пие лакомо од цветот
Кришум,само со крајот од едното око ги гледав сенките околу мене
Навидум неподвижни
Како се бабуњосуваат,со мувла под кожата
Бараќи се себеси во сопственото слепило,потоа одарот каде ќе се исповедаат

Си кажав сам на себеси
Хм
Зарем сега кога се враќам од бездните на човечкиот очај
Сеуште должник да сум ви
Ве слушам и гледам како сакате повторно низ моите солзи
Злото да го наречете добро,а доброто зло
Хм
Крикот на вашата омраза ќе ве стаса
И судот на судбината ќе ви суди

Чекорам кон големата врата
Каде Тој што го создал животот
Повторно ги буди дамарите во мене и светлината ја оплодува

Ете толку
Гревота е повторно да се стретнеме некаде и никогаш

Сега покорен на крстот сум.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...