понедељак, 11. јул 2016.

Деновите на Киселите Дождови



Ја слушнав Марковата Грамада кога тажно зборуваше
Дека твоите денови со таен чемер си ги полнела
Прашуваќи се,зошто небото над тебе сеуште е туѓо
Некои стари на ова само ќе кажат
Така било пишано на недогледната црвеница
А ти,без корен и на иловицата,гревот го пресоздаваш
И повторно на месечина тајни грешни молитви кажуваш
Сакаќи новата туѓа прегратка топлина да ти даде
Со скрб во очите бараш барем Ронки Љубов да добиеш
Хм
Зарем не се измори под тежината на сопствените гревови
Јас
Нема да ги втиснам нивните смртни имиња
Некаги нека бидат твои тајни записи во бездните на твојата душа
Знаеш и Ти
И небото е мало за сите да ги собере
Би кажал само за денот кога чекорев по калдрмата на сокаците
Беше тоа пред само седум дни
Знае и таа за твојата измама
Мудро молчи,чекаќи да дојдат деновите на кисели дождови
Кога злото ќе затропа на твојата врата
Бараќи твојот втиснат жиг низ телото

Стане видлив со сите гревови.


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...