понедељак, 11. јул 2016.

Одарот на Љубовта



Кога Љубовта ја положував на одарот ладен
За миг се претвори во пепел
И во пепелта остана заплеткан мојот бескрај
Кој тука имаше крај
Веќе немаше светло моќно да го осветли  мракот
Но сепак ладниот здив од твојата задгробна насмевка се ширеше
Ја  чуствував уште  долго
Со моите празни раце и врели солзи ја оплакував Љубовта
Додека ти,повторно на продажба ја стави
Навистина,кога тагата со прстите по косата ми минува
Ветерот е тука да ја растера на сите страни
Малку и месечината помага со сјајот
Кога ноќта ме греби по лицето
Сега,во секој нов ден
За мојата љубов зборувам
Незнам Ти,на кого Смрта му ја носиш во постела
Незнам
Зошто одарот на Љубовта треба да го посетам

Ехото од твојата празнина за ова зборува насекаде


Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...