среда, 13. јул 2016.

Јас малку поверував во ова...а Вие.

.


Денот полека и со малку злокобност се одмотуваше од замрсеното вретено на времето..исполнето со киселкаста дожливост во призрачната Јулска пладневнина..додека седев на прагот од татковата куќа,исто така седев и кога бев дете...со показалецот ги отурнував од мојата близина капките кои се тркалаа без никаков предвереме определен правец..и сакав само да прословам,кога...
-не ме прекинувај..прогрми гласот покрај моето уво..јас глаголам,незнам колку значение ќе има тоа затебе..но молчи..
Се завртив ,а позади мене исправен со голема болка во себе стоеше сеништето кое едвај да имаше човечко обличие.
-притаениот оган сеуште ти го суши грлото..зарем не..сеуште не му дозволуваш на никого до дебе да допри,само во лутина кажуваш молитви,а знаеш потајно дека Бог не ги слуша..ја префрлуваш болката од едниот на другиот дроб,така лесно што и Светците малку ти завидуваат за таа вештина, ја научи,а,конечно ја научи и таа тајна..но да го оставиме сето тоа настрана...штом се најде во оваа дождлива густина,чекаќи некој среќен миг од минатото да ти се насмевне...ме дочека мене,од пеколот на облаците да се симнам и да ги растерам сите нејасни мисли,бараќи да престанеш да се топиш...
-но тој твој поглед ми е познат,да многу ми е познат,за тој поглед имам читано и јас,и другите во приказните...да,познати ми е навистина тој поглед..
-нормално дека ти е познат,на свадбата ти блескаше со златни зраци...
-познат ми е,навистина,и многу познати предели гледам во него,но ајде,небиди загатлив и кажимиго името..
Над нив пролета ветерот кој на опашката своја го влечеше сонот недосонуван,малку ги обеспокои,но гугутките со песната ги вратија во мигот што се роди
-погледниме подобро,не сум Божја птица ако мислиш,или некој Ангел Спасител...Јас сум,Ти а Ти си Јас...
-ти се шегуваш со мене,ова е последица од киселиов дожд што испарува брзо..
-пробај да ме гризниш,пробај да ме повредиш,пробај да удриш..но внимавај,болката ќе ја почуствуваш и Ти..како и Јас
За настанов што се одвива,подоцна само малкумина ми поверуваа
-сега повторно молчи,јас ќе глаголам....не се јадосувај веќе..ти никогаш не живееше во нејзиното срце,се беше лага,но гледаш заврши..таа сега живее во уште поголема лага одколку со тебе што живееше, потајно го нарекува кутар човек,напати бедник, и тој е завиткан во магла,многу погуста од твојата во која ти беше завиткан,сам си бараше..ајде повторно погледниме,Јас сум Ти,но после една деценија...ајде престани да одиш по суводолици,и да пиеш матна вода,нејзините денови се одбројани..а ти,,престани да се јадосуваш за лагата...твојата вистина те чека тука до тебе,но само ако сакаш да ја видиш...ајде променија иднината...оставија лагата нека ја разјадува...ајде променија иднината бидеќи сите неродени светли денови се  само твои...
Јас малку поверував во ова...а Вие..




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...