четвртак, 14. јул 2016.

Секогаш ти зборував за Бескрајноста




Секогаш ти зборував за Бескрајноста
И сите Волшебни убавини кои се врзани со нишки од седум бои
Но
Ти никогаш не веруваше ни во следниот чекор
Кој Јас го правев во денот
Полесно ти беше да го вртиш кругот на Илузијата
Која те заробуваше со лагата
Еден ден ја лажеше ти  дека ќе ја направиш стварност
Другиот ден Илузијата тебе те лажеше дека утрешниот ден ќе биде Светлина
И се така со години
Негледаќи го моето постоење
Кое беше вистинско
Полесно ти беше да стоиш со часови на терасата
И кога вкочанета од студ беше,и кога сонцето печеше пеколно
Гледаќија Љубовта невозможна
Како среќата ја дели со потомството свое
Чинам во соседството беше

Честопати додека сонуваше,гласно го изговараше неговото име
Бегаќи од моите соништа кои ги сонував
И секогаш кога ќе го изговореше тоа име
Јас полека Умирав,заедно со мојот сон
Знам Месечината понекогаш утеха ми даваше
И Небото ѕвездите ги тераше барем малку да танцуваат
Колку тие мигови ги сторат весели

Евеме сега
Во празнината тивка која ја прегрнувам
Малку и на тебе наликува
Бидеќи повеќе празнини имаше во тебе
Оваа која е околу мене е барем со топлина исполнета
Овде онде има и по некој шепот
И неколку насмевки
А Ти
Со твоето студенило
Сеуште ли сонуваш,изговараќи го неговото име
И подаруваќи ја твојата празнина на некој друг
Кој можеби исто како мене,еден ден
Ќе разбере дека над твоето небо нема ниедна ѕвезда.








Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...