понедељак, 18. јул 2016.

Живи Дамки




Крваво пукаа тајните извори на Сечијата Судбина
Најавуваќи
Дека е создадена и исткаена наметка за сите бесилни
Кои сликата на својата иднина ја задушиле во бесцелни молитви.

Создадениот облик ете тогаш започна да галопира
Од местото каде се распукуваше бескрајот,отвараќија бездната без дно
Кој со ударите на копитата без ехо,се креваше пред нивните очи
Кинеќи им го сивиот синџир,сплетен од суви пупки,кои некогаш ’ртеле во младоста

Наместо да се вооружат повторно со Сон кој е роден од нивната енергија
И кој е поврел и од оганот,и кој е посилен и од Смрта
И кој е возможен и во невозможноста
Тие пак залипаа исто како во длабочините на своето детство,глаголеќи немоќно
Сонот е мртов,и коњот на кој јаваше,и неродената ноќ веќе минува без него

Беше така
Од изгревот до полноќ,со ѕверот заедно се загледувале во празно
Даваќи му ги дланките за да брести неродени ѕвезди втиснати во линиите
И да гровти весело,бркаќи ја белоогненицата од нивните црнки

И да знаете
Ако некога,ј некаде,некој го видите
Дека пишува својат химна,и го слави животот
Тој умира со песна во очите
Но не е од сојот на бесилните кои  се само живи дамки на земјата.




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...