среда, 13. јул 2016.

Нека ти е простено.








Додека го корнев мракот околу себе
Видов во близина дека твоите јудејски чекори сеуште се тука
Немаше спокојство и мирис на рузмарин во нив
Ни пак нишки во кој се сплотени воздишките сладострасни
Да ,ми помогна месечината која се тркалаше околу сето ова да го огласам
Крај заборавените траги во дивината беше мечот пламен
Подземниот татон и криковите на невините веќе не ти даваат да го носиш
Стана и ти дел од скитачкото племе кое проклетството го храни на раскрсници
И повеќе ги оплакуваш живите,отколку покојниците
Но сепак севезден си гладна за коски,не глодаш,гламна ги правиш
Продолжив
Песот крај тебе молкна,му се цеди крв од твоите милувања
Се згуснува повторно мракот,ќе го корнам
А ти кого го повикуваш
Овде и сонот има меѓа
Само ќе прословам
Нека ти е простено и од мене,и од утрешнината
Воздишките на есенскиот ветер ме потсетуваат
Да го совладувам крикот во себе со болна врелина
Наоколу е тивко,се вртам према исток,сонцето ќе се роди повторно
Нека ти е простено.






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...