уторак, 26. јул 2016.

Аманет




Аманет им оставам
На сите диви ветришта што лутаат во ноќите
Кога мојата Душа
Ќе стане Бела новородена пеперутка
Нека тие
Го кренат со виор силен
Купот од коски и кожа во висините

Аманет им оставам
На сите Гаврани кои летаат во јата нераскинливи
Кога мојата Душа
Ќе стане Бела новородена пеперутка
Нека тие
Запеат во хор на јазик непознат за луѓето
само една тажна ода која ја пеев на брегот

Аманет им оставам
На сите змии и смокови кои во присојните долови задремале
Кога мојата Душа
Ќе стане Бела новородена пеперутка
Нека тие
Запеат безумна песна  заедно со Величенствената
Додека мене ми истинува крвта

Ќе оставев и Аманет и на Породот
Но го немам
Единствено Судбината после ова нека раскажува насекаде
Дека сум бил само измислен сон.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...