понедељак, 11. јул 2016.

Еден ден




Еден ден
Да еден ден
Кога ќе застанете помеѓу моето минато
И вашата иднина
Не им вртете грб на вашите гревови
И моите јалови молитви
И не пробувајте да ги изџвакате бесцелните мигови
Бидеќи мртвиот крик во грлата ќе не угуши
Сепак земете вино,повеќе ради реда
Со јасни гласови божем ќе Благословуваме соменинија
И ќе славиме на крајот од денот вестители
Кои во светоста се изгубиле и животот го продале
Сеуште не ви е јасно
И малку невозможно
Но магиското толкување на Судбината е токму вака
Испомешано,неповрзано и малку замрсено
Не само јас
Туку и многумина кои немаа иднина вака толкуваа
Глаголеа за  едно
Шепотеа за друго
Се кикотеа за трето
Сказание кои им ги открива тајните на постоењето
Но
Ако Вечноста помине крај вас
Вие оставете трага за секој случај кај неа
Не сум Вечен нели
Не сте Вечни
Но Вечноста ги има нашите траги
Кои се таложат како мртви имиња
И воскреснати патеки
Еден ден






Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...