понедељак, 18. јул 2016.

Зарем




Зарем
Воздишките на одминатост започнаа повторно да ја поместуваат
Таа магична и непредвидлива временска граница
Правеќи ја иднината со матни мигови
И со прецутените глуварчиња ја разнесуваат дилемата
Каде некаде,некој далечен глас довикувал
Зарем
 Навистина и Соновите убиваат
И во тоа убивање го расфрлаат најодвратниот талог на тагата
Зарем
Во заодот ноќните одаи веќе не се полнат со лилавост
И зошто не се наѕираат веќе бескрајностите
Во кој се раѓаа и враќаа соновите




Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...