уторак, 12. јул 2016.

Модра Празнина




Побарајме
Во оваа проклета земја
Или на оваа проклета земја
Кога ќе ги ќажуваш твоите млаки Побожни молитви
Со малку збунета насмевка
Побарајме
Последното пламенче во срцево мое да го изгасниш
Кое полека испарува во жолтава густа магла
Пробијсе,јаваќи на ветерот

Побарајме
Зошто во далечините пиштат змиите пееќи ја твојата славеничка ода
Побарајме
Зошто неможам да доодам до мраморот кој ме чека
Веќе ги нанижав дните
Остана уште јазолот да се врзе
Побарајме и пронајдиме
За на крајот да плукнеш на последната патека
А потоа
Наречиме Кучкин Син
Вртеќи се Величенствено кон Небесата
И тие ќе разберат
И Јас нема да се налутам

Знам
Љубовта во болка ја пресоздадов
Кога с егрчев под патилата од празните години
Побарајме
Се спушта Ѕвезда од небесата
Некаде,да некаде лаат здивено пците
Додека Јас се расплинувам,оставаќи модра празнина на земјата.





Нема коментара:

Постави коментар

Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...