четвртак, 30. новембар 2017.

Песна на Незаборавот




Некаде Тиквешко, во некое село
Некаде Гевгелиско покрај порта
Некаде Прилепско,под Спилите Маркови
Плачеше Мајка по Синаси
Некаде Штипско,на калдрма стара
Татко тупаница стегна,и Кмет проколна
Некаде Скопско,во сокак тесен падна Кара Севда
На Бајрак распартален.

Некаде таму на Шара,молк се смкна
Некаде покрај Вруток повторно крв потече
И Абер стигна до Струга
Нема веќе место на оваа земја за нови Гробови

Ех ,ако поживеев уште малку
Пушти шепот Јунак некаде крај Битола
Само во Охридско крај чинови скапани
Три Родилки рожба родија
Аирлија нека е,рече Рибар стар.

И Јас ќе пуштам Душа некаде
Дали крај скрки,или меѓу Багреми
Но барем ова нека биде Песна
Песна на Незаборавот



субота, 25. новембар 2017.

И пеколот е за луѓе




Ајде нежали,не тагувај деноноќно
Пријателе
И пеколот е за луѓе
Малку е тажно што испокинати сенки танцуваат деноноќно
Таму,и што нема ѕвездено небо
Ама нејсе
Темнината навистина сечи како брич
И шурки полни со плач покајнички потекуваат
Сеедно ти е дали ќе биде Март,или Јули
Но врелината е иста како бедрата на блудниците..нели

Ајде не молчи,и не крикај немо со Душата
И не се вудвосувај покрај карпата,нема да бијат ноќва камбаните
Можеби некоја веда ќе ни го спржали грбот
Ама нејсе
Сега некој на клепалото ни ги врежува имињата да знаеш
Сетики крвта блуд ни сонуваше
И како клетници црни чекоревме по земјата.

Заплачи,онака како што знаеш само Ти,и кучешкото виење нема да го слушнеме
Прашината пред нас кал ќе се стори,ќе замесиме и ние некое чудно човече
Незнам каков живот ќе му вдахниме,ама сепак ќе биде среќно до првиот дожд.

Само да знаеш,и Бетовен бил осамен,но ја напишал Симфонијата на Смрта
Со чудна насмевка на лицето,и меѓу нотите го оставил сиот свој чемер
Само да знаеш Пријателе,ние и вистински не умираме
Поинакви сме од другите,зошто можеме ветерот да го држиме на дланките
И без лажен срам да отидеме на причесна
Само да знаеш,килибарното небо нема да плачи за нас.

Ајде
Пријателе
Да го сошиеме денот кој е излитен од празни фрази
И да ја дочекаме ноќта со црвено вино
И не тагувај
И пеколот е за луѓе.











петак, 24. новембар 2017.

Чекори кон Вечноста



Кога вкусот на твоите бакнежи,ќе останат во заборавот
Тогаш,криците на мојата болка ќе се изгубат нечујно
Во лавиринтите на времето
Но
Евего тоа проклето минато повторно како сенка лилава
Се влече околу мене
Недаваќи
Сите парчиња од душата да ги составам во целина
И
Зарем
Овој нечуен плач на моето срце
Не и е доволен доказ на судбината
Дека треба да продолжам да чекорам кон Вечноста.

2011 година


понедељак, 13. новембар 2017.

Еден Ден.



Еден ден,кога ќе го пронајдан изворот на Тагата и Болката
Повеќе за вас,помалку за мене
Ете тогаш во тој,за вас среќен за мене обичен ден
Прво,ќе преспијам на клупата во најблискиот парк
За да го слушнам заборавениот здив на покојниците
Оти и тие тажно воздивнувале
Потоа,од Судбината ќе побарам,барем еднаш
Само еднаш да сонувам Совршен Сон
Каде нема да бидам скитник по полутемни сокаци
Каде нема да плачам заедно со дождот
Каде мирисот на веќе згаснато огниште нема да ме морничави
Само еднаш,во тој Совршен Сон
Ќе бидам спокоен,исто како Бескрајната Вселена.

Потоа
Во Пурпурот
Ќе ја избришам сета пајажина околу вас што не ја гледате
Ќе ги одлепам сите празнини од вас
И
Ќе ве прегнам
Онака како што ја прегнувам и Иднината
Иако сте полни со гревови
Иако сте со пис јазици
Иако некои лаите по мене како пци збеснати
Ќе ве прегнам
За да ја стопиме сета тага во срцето
Навистина
Ќе ве прегнам.

Еден ден
Кога Ангелите нема повеќе да не чуваат.





недеља, 12. новембар 2017.

Еј ти Човеку




Оставиги твоите зли зборови
Додека месечината ти спие на дланките
Некаде меѓу искинатите соништа
И мртвите бумбари што си ги закопал во бавчата
Зошто сеуште не завојувавме со времето неродено
И сеуште понекогаш разговараме со Ангелите
Еј ти Човеку

Знам,знаеш,знаеме
Дека ноќта ќе не спои во некоја само неа позната форма
И ќе не залепи потоа по раштрканите облаци
Та ни вечност ќе видиме
Та ни утре од снегот топки ќе правиме
Ни пак ќе можеме да седиме
Помеѓу две задоцнети и неиспеани песни.
Еј ти Човеку

Не раскажувам расеано,како некој бесплоден Калуѓер
Кој се грчи на секое чукање од камбаната,како знаме на крив јарбол
И не сум луда пеперутка,која исполнува мртви желби
Ме покри и покори светот
Ах да и двајца Светци кои беа без сенки свои
Оти тие навистина немаат сенки,а сенките не се светост
Еј ти Човеку
Не јавај на заморен ветар.

Оставиги,оставиги твоите зли зборови
Еј ти Човеку
И слушни како плачат дивите елени за мртвите шуми
Оставиги и отфрлиги
Исто како чопорот волци што ги отфрлаат смрзнатите коски
Еј ти Човеку.





субота, 4. новембар 2017.

Јас толку можам





Јас толку можам
низ слабиот шепот и кажа момчето на Девојката
која сакаше сета негова Љубов да ја продаде
ете,навистина толку можам
на Бранот да го напишам твоето име
во срцево да го насликам твојот лик
со ветерот да пеам за тебе се до Вечноста

и
и кога Месечината ќе ме праша повторно
зошто и понатаму те сакам
ќе и кажам
зошто си ми единствен Ангел во Мојот Пекол

да
за тебе би направил и повеќе отколку што мислиш
би ги прегнал и тие кои ме презираат
би им простил на тие кои ме мразат
и повторно
и повторно би одел на дождот по градот
додека улиците се празни и тажни

ете толку можам
шепотеше момчето додека ехото на неговите зборови
и потврдуваше на калдрмата дека е така.





Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...