среда, 31. јануар 2018.

Животен Круг



Гледам дека твојот лик сеуште виси во воздухот
Не плашисе,не трепери толку
Нема да го допрам,не сум луд ветар
Гледам дека си се сокрила во тишината
Како тајна мисла која чека срцето мое да ја слушне
Не плашисе,одаите се затворени засекогаш за твојот глас

Ах да,те видов и на крајот од небото седеше
Наслушнуваше како тажната ѕвезда ги раскажува моите песни
За ноќите кои немирисаат веќе на Љубов

Но сега дојдов,само да ти кажам
Омразата е веќе мртва во моето срце
Избришиги солзите од твоето лице
Од сите твои неуспеси и порази
И седни на каменот што е до тебе,оставиго тука товарот од душата
Биди стрплива,можеби Бог ќе се смилува и над тебе.

Ете,сега и ноќта знае дека сум среќен
На малку чуден начин

Можеби затоа што го затворив и овој животен круг.


уторак, 30. јануар 2018.

Што и да се случи



Ако некогаш животот ве скрши на половина
Ете така како сува гранка
Да знаете дека веќе не живеете во цветот на Љубовта
И сите скриени светови ќе заминат во неповрат
Луѓето околу вас ќе застанат како птици грабливци
И ќе грабаат парчиња од вашата тага и немир

Ако некогаш животот ве однесе во слепа улица
Чувајтесе добро,и верувајтеси само на себеси
Седнете на камен,и насмевнетесе онака детски
Со ѕвездите треперете,со ветриштата разговарајте
Од сенките не се плашете
Бидеќи тие во светлината на денот умираат.

Ако некогаш животот ви стане комедија
Знајте дека не сте тогаш попрскани со месечева прашина
Ѕвездите позади вашиот грб со тивок лелек умираат
А сите насмевки се само искривени линии на усните
Музиката што ќе ја слушните,тоа се само капките на дождот.

Затоа
Што и да се случи,погледнете во далечините
И без солзи во очите,тргнете напред

Кршеќи ја илузијата на мигот која ве лепи на местото.


Од Другата страна на пеколот




Од Другата страна на пеколот
Каде одмара Вечната Судбина
Заедно со Вечноста без крај
Куклите земни само немо стојат
Без плач и воздишка
И со испукани усни
гледаат во сувиот бунар пред нив
а толку сонуваа дека Феникс ќе ги воскресни
а толку посакуваа на Вечната патека да газат
кутрите
дојдоа без да знаат барем една Небесана Тајна
дојдоа,влечеќи го мракот позади нив
кутрите
сега ни небото празно го нема над нив
барем да заплаче
бескрви,во немоста и литоста стојат
под сенката на своите гревови
кутрите тие
кои упорно мислеа дека се зеницата на Светот

од другата страна на Пеколот
само жешката пустина пред нив се распосла
ете, ни мирисот на Ружата го немаше тука.





понедељак, 29. јануар 2018.

Немој




Солзо моја
Што катаден те носам
Во дланкава стисната
Посакувам понекогаш
Кога дождот паѓа
Да ја испружам раката
И да те пуштам да се замешаш со капките
Но
Шепотот на срцето постојано ми кажува
Немој
Тоа е најубавиот бисер од Љубовта
Што ти го подари на разделба

Немој


недеља, 28. јануар 2018.

Останете барем една ноќ будни




Ако здивот на Смрта ве исплаши
Тогаш
И понатаму седете во вашите зачадени соби
Но барем ноќва
На полноќ бидете будни
И слушнете го гласот од под земја
Кој како екот се буди катавечер
Понекогаш јачи бучи
Небаре е лелек траорен
Зборуваат предците
И опоменуваат.

Вие сте мртви.ние живееме
Вие сте безимени,ние име имаме
Вие сте на туѓо,ние сме на свое

Останете
Останете барем една ноќ будни
За да го слушните гласот
Кој морничави.




субота, 27. јануар 2018.

Кога го зароби сонцето



Кога го зароби сонцето во твоите очи
Ете тогаш
Несвесно станав роб во светлината
Та започнав
Да ја лажам ноќта дека сум се променил
Но
Времето стана наш непријател
И
Ги донесе сите бесни бури
Од кои срцето не издржа
Незнаеш

Пукна на илјада и едно парче.


субота, 20. јануар 2018.

Оф само оф ќе кажам



И ноќва Ангелите ќе плачат повторно
За да ги исчистат Човечките валканици и гнасотилаци
Кои катаден ги кријаме позади своите маски
И ноќва повторно ќе ни кажат
Дека источно од рајот
Секогаш можете да ги соберете плодовите на гневот
И да се прпелкаме како свињи
Во живата кал која гревовите ни ја месат.

И во мугрите ќе замолчат
Оти сотонските стихови ќе се читаат
За повторното добредојде на светлината
Каде дува ветерот од Проклетија
Носеќи ја благодета на трговецот со души.

Мислите дека сето ова го сонувате
И дека имате моќ да се сокриете од плачот
Слушаќи ги веселите ноти на виолината
Оф само оф ќе кажам.







петак, 19. јануар 2018.

Невин Сонет



Откако дозна моето срце дека постоиш
Не му дозволувам на времето,ни пак на ветерот
Да те однесат на патеката која води во заборавот

Знам,душата напати ми е како темна шума
Во која луташ со чекор на исплашена срна
Но сакај ја како што јас ја сакам месечината
Ќе те осветли со својата златна светлина.

Мене судбината ми ги додели солзите
И тие лакомо ги јадат сите мигови неродени
Но не венеам така лесно како што сака тишината.

И хаосот го засакав,и во пустината се вљубив
Кога одев бараќи ги сите ненапишани стихови за тебе
Потоа,одмарав под сенката на Дабот
Гледаќи те како во далечините трепериш над соништата.

Да, Откако дозна моето срце дека постоиш
Не му дозволувам на времето,ни пак на ветерот
Да те однесат на патеката која води во заборавот




четвртак, 18. јануар 2018.

Бунтот на Сенките


Мачнина им вриеше во стомаците од скитањето
Стравот ги изеде во криењето
Та решија,и тие легенди да создаваат
Бајки да раскажуваат
Маѓијата да ја презираат
И така својот помрачен ум да го смират.

Излегоа на светлите булевари
И без појакување пред Апостолите плукаа
И невините со Крв ги Благословуваа
За Господари на Слободата се прогласија
И данокот на солзи го воведоа.
На полноќ во Гралови го собираа.

Министерството за тага беше нивното собиралиште
Каде надежта и на Прометеј ја закопаа
И урликаа како пци збеснати
Кога Света Вода крај нив ќе потечеше
Како синови на Хронос бараа да ги воздигнуваат

И би што би
Во таа нивна една ноќ

Пред да ги ги прекрие вечната тишина..


понедељак, 15. јануар 2018.

Зошто сте несреќни ?




Зошто исплашени избегавте во соништата
Оставаќи ја душата да скита во вековите
Зарем не требаше да биде поинаку
И зошто не го погледнавте светот со вашите очи
Туку  тргнавте по лоши патеки
Оставаќи низ прозорот на времето да дуваат урагани
Кои ги однесоа сите стремежи
И ве претворија во робови на страсти

Погледнете,продавачот на насмевки осамен е
Хроничарот само тажни приказни запишува
Не пеете песни,само урликате како волци осамени
Не гледате во небото,мислите дека пеколот ќе го видите

Зошто
Зошто сте несреќни

Кога Љубовта е насекаде околу вас.


Ајде да побегнеме од Судбината




Ајде да побегнеме од Судбината
Мојата и твојата
За да се венчаме со Вечноста
И на почетокот од нашата прва и вистинска патека
Со солзите радосници
Да ги тетовираме нашите имиња
А потоа,ќе те фатам за рака,невино,слично на првиот пат
Одеќи низ тревата зелена
......Носени од младите луди Ветришта.
Да ги заборавиме сите сеќавања

Ова е само дел од писмото
што го носам уште на градите залепено
додека танцувам повторно некое тажно танго со непозната жена
која ја пронајдов во еден згужван и фрлен сон
......каде сите беа уморни од играта на прстите
...од бесцелното гледање во стари часовници
И загушливиот воздух,исполнет со ефтини парфеми.

Којзнае дали оваа пролет,ќе дојдат љубопитни ластовици
Кои нема да се плашат од темните шуми
Да ги надлетаат
Носеќи го писмото до нејзниот прозор.














недеља, 14. јануар 2018.

Само јас и темјанушката



Само јас и темјанушката останавме да се сеќаваме
На мирисот од твојата коса
Само Јас и пурпурот наутро го оживуваме твојот лик
А потоа во Светлината од денот ја бараме твојата насмевка
И небаре сме проколнати,малку тагуваме
Одеќи со спомените собрани на дланката
Затоа те молам,немој да пееш
Ќе ја разбудиш тагата,која едвај ја оставив во темнината

Можеби затоа сега со соништата ги крпам сите порази
Со желбите ја хранам надежда
И чекорам кон светот

Каде што луѓето плачат само од среќа.


Еден Ден



Би ти подарил зрнца од мојата искршена ноќ
За да го закитиш сивилото во твојот монотон ден
Додека се борам со дилемата
Дали да ја напишам песната
За жената која сакаше да биде сакана
Би можел и да оставам на прагот од твоето утро
Полупапсани и полумртви туѓу воздишки
Што ги пронајдов,заборавени,или фрлени сеедно е сега
На клупата во стариот парк
Каде седев и го мирев хаосот на мисли
Но никогаш не би се осмелил
да го пуштам мојот плач да допри до тебе
знам,ќе речиш тогаш со малку сарказам
дека е тоа некое кучешко завивање

да еден ден ,сетику си кажувам
во еден чуден но инспиративен ден
ќе ја напишам најубавата песна
за жената која сакаше да биде сакана.


субота, 13. јануар 2018.

Во исчекување на Пролет



И твојот град ,и мојот град,се туѓи за нас
Исполнети со прашања без одговори
Полиени со сива боја  слична на непостоењето
Без грам на светлина,само со една улица
Која постојано мириса на застојан воздух
Овде онде по некој плач,и неми минувачи.

Можеби сето ова звучи чудно
Но импресиите од гледање во прозорецот ги нема
Чекањето веќе никој не го мери
Времето е исто како и минатиот вторник
И минатиот Април

Ќе оставам пролета да одлучи
Како ќе не пречека
Дали со аплауз
Или небото ќе го сруши над нашите глави.





петак, 12. јануар 2018.

Недовршена приказна



Зборуваа  во празнината,кога ќе ги стретнев
некои со продувани мината кои имаа
Дека во сите некрстени денови ако стоиш пред огледалото
Точно на полноќ
Ќе можиш да ги видиш отчукувањата на срцето како слики мали
Воздишките како облачиња сини
А непреболот како молњи лути
Зборуваа,зборуваа,а потоа,ќе ја изгаснеа музиката
За да биде повторно тишина насекаде

Мислите дека ова е само метафора
Не
Ова е најголемата тајна на темнината
А Љубовта најголемиот успех во Светлината

Ете,сега знаете
Дел од целата приказна која треба да се допиши
Од некој друг осаменик
После моето заминување.





четвртак, 11. јануар 2018.

Вреди да се запамети




Вреди да се запамети
Росата утринскат што паѓаше во мај
И онаа октомвриска тага што чмае
Да не заборавам
И приказните кои останаа ненапишани во новиот нотес
Сега е пожолтен со три прсти прав врз него
Единствено што и сега е исто,е
Само лавежот на кучињата скитници.

Да,да,вреди да се запамети
И спокојот кој секогаш го миреше немирот
И ги собираше соништата на едно место
Правеќи ја така најубавата тишина
Донаа тишина која за многумина беше несватлива.

Но што да се прави
Мојата Боженствена душа е сеуште врзана
Во еден сиромашен Поет
Со малку изморено срце
А ти,ти изгубена птицо во ноќите без соништа
Зарем сеуште сакаш да скиташ во сите ненапишани стихови.





Солзите на Ангелот(осми дел)

Неможеше да се каже дека Владимир секојдневно славеше за своите животни успеси,но затоа пак беше сведок како околу него полураспаднатите гласови на париските курви во вид на кикот одекуваат...не му требаше да Учи премногу,оти самата природа го надари со натпросечна интелегенција,па затоа секогаш кога одешше на испити,полагаше без некој особен напор..Благодарение на своите Пријатели чекореше кон патот на Успехот,но кога зачекори првиот ден,си вети самиот на себеси,дека ќе биде подобар од неговиот татко..
Но секогаш,ама секогаш имаше некое чуство дека е под закрила на некои луѓе,кои тој не ги гледаше,но нивното присуство беше секогаш во близина..таа енигма ја откри кога беше втора Година на Факултетот..
Кога некои настани во неговиот живот,ќе тргнеа по некој  нелогичен пат,имаше обичај да оди на реката Сена,да седни на нејзиниот брег и да ја бара непокорената мисла која ќе го доведеше до решението...така и вечерва..ја немаше вољата повторно да оди во Борделот,и покрај што неговите пријатели го канеа..но тој културно ги одби..
Седна на празната клупа,целосно внеусуваќи се во немирната игра на брановите со светлината која се прекршуваше од нив,и правеше волшебни виножита..некаде во тие светлосни пазуви се криеше и сега мислата,или нешто друго..во тој цел занес не ни забележа кога старецот седна до него..кога раката на старецот го допре на коленото тогаш како попарен скокна..но кога виде кој е,се врати на местото и го праша..
-што бараш ти тука...и како ме најде..
-твојот немир кој никако да го смириш,ме донесе тука..
-не те разбирам што ми зборуваш...
-знаеш за што зборувам..средбата која ја имаше пред три дена со двајцата непознати во барот не ти дава мир...
Владимир замолчи...и не му беше јасно од каде знае старецот за таа средба
-кажими веќе еднаш кој си и што сакаш од мене..
-ќе ти кажам прво кој се тие,потоа ќе ти кажам кој сум јас..
-те слушам....се навали малку поудобно на клупата и погледот го пушто повторно во малите бранови на реката,но сепак вниманието беше свртено кон старецот..
-тие двајца непознати се членови на тајната служба,и припадници на тајна секта..ти предложија соработка со службата,а за возврат ќе ти дадат брз успех во кариерата која ти е скоро пред твоите раце..но воедно те предупредија за твоите излети со неколку курви кои скоро си ги масакрирал во налетот на твојот бес..нели..
Сакаше Владимир да се извлечи некако на овие зборови,но тешко му одеше..
-за кој курви зборуваш
-Знаеш премногу добро за кој..тие сега се инвалиди,и вртени во државите од каде се дојдени..но бидеќи си интересен за тука,не те чепкаат сеуште..момче...Французите имаат мерки на сигурност кој функционираат перфектно со векови,и не ги менуваат..значи..овде се се знае..но се одговара кога ќе ги поминеш гранците на дозволеното..токму и затоа ти е понудена соработката..бидеќи си на самата граница...немаш голем избор..
-тебе,тие ли те пратија..
Малку се насмевна старецот и го потчукна по рамото..
-дојдов како твој роднина да те предупредам добро да размислиш...
Мачнината започна да се развлекува помеѓу нив..
-ајде како Балканци да разговараме..биди тука.ќе одам да земам пиво ,па потоа полесно ќе оди разговорот..
Додека Старецот одеше кон блиската продавница,Владимир започна да размислува за се што му кажа овој старец..навистина беше во право..кога се врати му подаде една лименка и за кратко време пивото течеше во нивните грла..
-сега кога веќе наликуваме на Балканци.како што кажуваш ќе ја имам ли конечно честа да знааам со кого разговарам..праша Владимир..и започна во грлото да истура добар дел од течноста
-со твојот Чичко разговараш..му одговори кратко и смирено..
На ова Владимир од преголемото изненадување го исплука пивото далеку од себе во силен млаз..стана и со неверување го гледаше старецот ,кој мирно голтка по голтка уживаше во пивото..
-знаеш..Чешкото Пиво е едно од најубавите пива на светот..и ја подигна лименката во здравица кон Владимир.
-ти,ти мој Чичко...ајде те молам старче не се подбивај со мене...ако дојде да ти позајмам пари,ќе ти дадам,нема потреба да ми ги враќаш..но те молам не се подбивај..Јас немам Чичко,Таткоми е единствен син..имам уште две тетки,но немам Чичко..
-мислам дека е подобро да отидеме некаде малку да касниме,знаеш на празен стомак не се зборува..а и не се прифаќа ништо ново на празен стомак..тука во близина има еден добар Српски Ресторан со добра скара и преубаво вино..ќе одиме таму..и ќе вечераме..низ вечерата ќе ти раскажам се..па потоа ти верувај или не..мене ми е сеедно..
За неполн час мирисот на свежо испечено месо ги ширеше ноздрите на Владимир и на Старецот..да потоа со сласт и двајцата се фрлија да уживаат,уживањето го надополнуваа со прекрасно црно вино..токму виното беше тоа кое ја отвори душата на Старецот..
-Јас сум Владимире,твојот Чичко Вангел..најстариот Син на Коста ..ја започна својата приказна старецот..верувам дека ти знаеш за историјата на нашата Фамилија..
-да знам дека мојот дедо бил голем трговец со жива стока,и дека сме биле една од најбогатите фамилии во целиот регион..
-да точно е дека бевме Богати..и тоа повеќе отколку што некои само претпоставуваа..но трговијата со живата стока беше покритие за она што вистинската  тргуваше твојот дедо,а мојот татко..
-нема повеќе да те прекинувам,ќе слушам само..повели..
-вистинската трговија со која се занимаваше нашето семејство беше Опиум..да Опиум,кој твојот дедо,и неговиот Брат Алексо го земаа од цела Бановина..потоа,тоа што требаше да оди легално,го транспортираа до Белград со помош на Жандармеријата,а тоа што требаше нелегално да се носи,беше носено во придружба на десет Фамилии Аранаутски,кој беа во наше владение..тие му беа верни до Гроб на мојот Татко Коста..хм..Татко..колку е интересно кога ќе кажам татко..тој само имаше облик на Човек.но беше вистинско Животно,Ѕвер..а посебно уживаше кога ќе го земеше камшикот во рака,тогаш неговиот лик се изобличуваше до степен на непрепознавање..на два пати имав можност да ја почуствувам таа негова суровост..на сопствениот грб..прв пат видов кој е тој уствари,кога имав 14 години,ме зеде со себе на собирањето на опиумот..одевме од населено до населено место покрај Вардар,и таму каде што тој ќе ја кажеше цената,и ако почнеше некој да се ценка..со помош на камшикот постигнуваше се..првиот пат,кога ги слушнав пискотниците од неговото пазарење..застанав малку подалеку и започнав да плачам..но некој од Аранаутите му кажал за ова..се појави пред мене бесен,и замавна со камшикот...ја гледаш ли оваа голема лузна на лицето..ете таа ми е подарок од неговиот пазар..вториот пат повторно ме зеде со него..во Гевгелиско..отидовме во едно село,и повторно истата слика..но тогаш ,кога се измори,дојде до мене и му го даде камшикот во рака,кажуваќи ми да продолжам додека тој пушел цигара..го фрлив камшикот на среде двор..од таа моја постапка,збесна во вистинска смисла..им нареди на двајца Аранути,да ме врзат на дрвото кое беше во дворот..и пред сите нив ме камшикуваше се додека не паднав во несвест..
Со малку неверување слушаше Владимир што му раскажува овој човек..
-дедо бил таков,не ми се верува..
-погледни ако не веруваш...бидеќи седеа во самиот крај на кафаната,а гостите беа скоро отидени старецот брзо ја соблече кошулата која имаше темна боја,и се заврти према Владимир..од тоа што го виде навистина доби чуство на гадење...не постоеше место на неговиот грб,кој имаше здраво место,и покрај толкуте поминати години,сепак лузните беа длабоки,што личеа на една неправилно изорана нива..седна,отпи една чаша црно вино во еден здив...и испушто едно големо оххххх,па потоа продолжи да зборува
-од тој ден,започна за мене вистинскиот пекол..никогаш повеќе несмеев да му излезам пред очи,каде ќе ме видеше постојани ме тепаше...мајками несмееше да зуцни кога тој ќе го истураше својот бес врз мене..твојот татко беше мал..но веќе од мали нозе му стана миленик...и така,кога наполнив 16 години,избегав од дома..заминав во Белград,а потоа насекаде по светот..слушнав од нашите,дека кога сум заминал,забранил моето име да се споменува...ете,тоа е мојата приказна Владимире..сакаш Верувај,сакаш не..тука во Париз има сопруга и две деца...би било добро некоја ден да наминеш до кај нас,ако не друго да ги запознаеш твоите Братучеди..и твојата внука,која е само неколку години помлада од тебе..што знаеш,животот секогаш прави изненадувања...затоа евеја адресата..и намини..го кажа ова и стана да си оди...но се сети па се наведна над масата,тивко кажуваќиму..нема потреба да му споменуваш на твојот Татко за мене..бидеќи можеш лесно да си поминиш како мене,да ти кажам,камшикот е сеуште кај Таткоти,нели..и не се грижи за плаќање..платено е тука се ..
Со тешки но сигурни чекори Вангел ја напушти кафаната,заминуваќи во своето секојдневие..




среда, 10. јануар 2018.

Бела Птица



Таму,ете таму каде што замре треперот на дамарите
Ете таму,стотици стотици минати мигови остана сами
Да ги чекаат
Твоите ѕвездени очи кои сега само скитаат по небото
Бараќи го одговорот на прашањето
Зошто утрата не се веќе пурпурни
Би ти кажал
Но моите неспокојни солзи клокотат во душата
Молеќи
Да ме удри мољна
Да ме распара на половина
Та да потечат
Како дар на земјата
Би кажал уште нешто
Но бесконечната празнина пред мене,етеја проклета нека биде
Пехарот со пелин го остава тука
Покрај стутканите колена
Во овој светол и благословен мрак
Да го пијам
Па да воскреснам

Во Бела Птица која ќе раскажува за радоста на Срцето.


Солзите на Агелот(седми дел)

Измина и првиот месец,и со изминување за Владимир веќе онај сјај што го имаше Париз,сега бледееше..навистина,топлата покривка што паѓаше насекаде низ улиците,веќе го немаше вкусот на авантура..единствено што сега имаше некаква убавина во неговите денови беше бесцелноста..Имаше,Стан,Имаше Пари,Имаше во своите раце Сон кој многумина го посакуваа,но овде Владимир ги немаше Другарите,ги немаше сите игри кои ги научи,сега во неговите 18 години кога остана Сам,ја немаше и смислата на неговото постоење..
Гласот за доаѓањето на Владимир во Париз за кратко време се рашири.Македонската Емиграција веќе знаеше дека синот на Сотир е тука..тој самиот неколкупати одите во неколку клубови каде се собираа Македонците,но освен ладни погледи не виде ништо друго..последниот пат кога отиде,само што го пречекори прагот на кафаната,настана молк,сите погледи беа вперени во него..навистина тука доаѓаше и Макеоднската Интелегенција..и токму затоа сакаше бараем да поразговара со еден стар пријател на неговиот Татко,но молкот му кажа дека нетреба да се задржува тука многу..почуствува како срцето му чука побрзо отколку што одеа секундите на часовникот..излезе и се упати во полусцветлената улица која водеше до Булеварот..кога одмина добар дел,се заврти,бидеќи не го напушташе она инстиктивни чуство дека некоја сенка се влечи по него..и беше во право,како што беа брзи неговите чекори,така и сенката брзаше позади него..се до мигот кога сенката проговори..тс.подвикна за да го слушни Владимир...
-не се плаши момче,застани и ислушајме...за твое добро..
Тогаш Владимир одлчучи да застане,па што сака нека биде..си помисли во себе..
Човекот со доста Корпилетна Снага за стана спроти него..имаше свои 70 години,но неговиот лик беше целиот избразден со длабоки животни бразди,кои животот ги орал најмногу на челото,очите,ако можеше да се наречат дупките кои зјаеја на ликот за очи,кога излезе на Булеварот,светаа,исто како и сијалиците..ја виде тогаш најблиската клупа во малиот парк и со раката му покажа таму да седнат.
Не му се престави кој е,но сепак започна да зборува со својот продорен и длабок глас.
-Владимир...на споменување од неговото име момчето се сепна..не се грижи,знаеме кој си уште од третиот ден откако дојде овде..Јас сум Роднина на твојот Татко..по потекло сум од Галичник..но сепак ќе ти дадам еден родителски совет,ако ме послушаш нема да имаш никакви проблеми тука..но ако мислиш да се однесуваш исто како и долу..ќе имаш големи проблеми..
Веќе му стануваше Јасно,не само сега,туку и од неколкуте претходни средби на Владимир дека Старецот е во право,и затоа молчеше..
-овде Твојот Татко не е многу омилена личност,зошто неговите злодела многумина тука на сопствен грб ги почуствувале..но воедно,многу,многу не само пред Македонците,туку и пред другите Балканци,не го споменувај името на Таткоти..подобро ќе биде да не одбегнуваш,за твое добро,и твоја сигурност....но сепак бидеќи сме на некој начин роднини,евети го телефонскиот број..барајме само после 22 часот..и барајме само за нешто што е невозможно за тебе..во никој друг случај..и никогаш не му споменувај на твојот татко дека си се видел со мене...
-но вие кој сте,ако може да знам
-кога ќе дојди времето ќе дознаеш...го кажа ова ,во рацете му го остави ливчето со телефонскиот број и замина..брзо вовлекуваќи се во темнината која беше пред него.
Не му преостануваше ништо,освен сега тука да создава нови пријателства..па за д аја разбија сета таа монотонија,во вечерните часови стана редовен гостин по баровите и борделите...и повторно во Борделите кај проститутките го покажуваше својот опак карактер,но сепак бидеќи беше во странска држава.внимаваше да не оди до крајност..но ете токму тука на своја кожа ја почустува и опакоста на ноќниот живот...по една жестока расправија во еден Бар со група на Млади Мароканци,го извлече подебелиот крај..беше претепан од нив,и заврши во Болница со искршени три ребра..сега веќе во болница мораше да каже кој е чин син...така да неговиот Татко за само 4 часа откако го примија,преку Француската Амабасада беше известен дека неговиот син е тешко повреден во Тепачка..Сотир,го повика својот секретар,и му даде прецизни упатства...да оди во париз и да види каква е состојбата на неговиот Син,нека ги покрие трошоците за лекување и нека види кој е виновен..
Вториот ден од Амбасадата дојдоа двајца службеници кои незаинтересирано направија белешка и си заминаа..на излегување,го слушна едниот ,помладиот како на постариот му кажува со потсмев..малку му било ова тепање,требало плескавица да го направат..ја заврти главата тогаш на перницата и полека но јасно му стануваше дека навистина неговиот Татко го мразат насекаде..
Имаше премногу гордост во него,за да се јави дома и да им каже..но и тоа што остана во Болница десет дена ,и никој да не се јави од дома го погоди..веќе му стануваше јасно дека се во неговиот живот и досега било само лага,и дека отсега па натаму лагата ќе биде дел од неговиот живот.



понедељак, 8. јануар 2018.

Солзите на Ангелот(шести дел)

Милоста Божја и понатаму доаѓаше према земјата и рамномерно се распоредуваше насекаде во секое земјино катче,напати леташе да стигне што побрзо,напати одеше полека,кон тие кои беа немоќни да ја допрат,па така и над Градот во кој Владимир живееше се чуствуваше таа сила,но беше претешко да ги пробиа неговите високи ѕидови кој тој ги имаше кренато околу неговото срце,преголема енигма беше и за неговата мајка,од кого ја наследил таа негова суровост,дали од неговиот Дедо,или Неговиот Татко,честопати кога ќе го гледаше во налетот на неговата лутина,како се изобличува неговиот лик,и самата се плашеше ,посебно од неговиот поглед,кој имаше премногу ѕверско,животинско..навистина,неговиот Татко неможеше да се пофали со некоја голема Човечност,но ете Владимир уште од мали нозе го надминуваше и него..Дрскоста и Ароганцијата беа негово секојдневно однесување..се симна во дневната пространа соба каде седеше неговиот Татко.не му кажа ни добро утро,туку застана спороти него и со презир го гледаше,овој поглед ,ладен поглед започна да шета по телото на Сотир,кој честопати се морничавеше,и морници го полазуваа,но секогаш гледаше да биди победник во тие борби што двајцата ги водеа.
-си ме барал..со премногу студенило во гласот му се обрати Владимир
-да те барав..седни да разговараме како Татко и Син..на ова Татко и Син,Владимир се насмевна громогласно
-Син,за кој Син зборуваш..за мене..па јас сум само еден предмет како и сите други предмети во оваа куќа,предмет кој ти мислиш дека си го купил на пазар,и имаш право да го поседуваш кога ќе посакаш.....ајде кажи што ќе кажеш и не филозофирај многу..
Го погледна оштро Сотир својот син,но немаше никаква реакција од тоа...
-гледајме колку сакаш со тој твој поглед,но не сум Јас од оние безвредни суштества кој секојдневни го ведат грбот пред тебе и ти се плашат..
-добро како сакаш...види Синко...
-премини на главното,не си на седница да држиш пламени говори..
-бидеќи ти заврши школската година,идната недела патуваш во Париз,ти купив стан,така да постојано ќе живееш таму,и следната година ќе го завршиш образованието во Училиште кое го најдовме,а каде ќе одиш на Факултет,самиот ти ќе одлучиш..ти отворив сметка во Банка,и редовно ќе ја добиваш сумата која е итекако пристојна...
Интересно,ретки беа моментите на радост што можеше да се види кај Владимир,но сега на неговиот лик се разлеа една голема и широка насмевка..но таа насмевка траеше кратко,бидеќи неговиот татко ја симна брзо..
-Внимавај добро,мојата рака не е долга колку што ти мислиш,посебно во Странство..таму повеќе сум немоќен,отколку што сум моќен..така да,ако направиш било какво срање,многу тешко,или невозможно ќе биде да го исчистам..значи Владимире...кога го изговори неговото име,стана и застана спроти него..гледаќи го сега тој во очите со скриена насмевка на краевите од усните..сега ќе бидеш навистина меѓу вистински волци,кој ќе бидат  спремни и за чашка алхохол да ти истурат мозокот на асфалтот..јасно ли ти е Синко..и тоа Синко го кажа со толкав Цинизам...што Владимир ја подголтна слинката која му стоеше во грлото..
-сакаш да кажиш дека на галантен начин се отарасуваш од мене..ааа
-види вака Млад Човеку...му се даде влице дирекно..е олкави заби ми пораснаа..покажуваќи го кажипрстот,е олкави заби ми пораснаа,додека не го исчистив твоето јунаштво со девојката..а,ако ти е проблем тогаш,не ми е тешко да се јавам кај началникот,и уште сега може да те соберат...а сега губимисе од пред очи,и започни да се спремаш..
Бесен како Рис,Владимир замина од дневната,и на самиот излез прво се заврти кон неговиот Татко,а потоа ја зеде скапоцената Вазна,за која знаеше дека му е омилен предмет,и со силен тресок ја искрши пред неговите очи...мислеше дека ќе се изнервира,но Сотир само незаинтересирано го гледаше..бидеќи само тој знаеше дека е безвредна вазна која му ја дадоа пред многу години некои небитни кинези,сакаќи така да го фасцинираат,но сепак му се допаѓаше шареноликоста на таа вазна..и затоа ја сакаше..Владимир од собата замина нервозен.но за кратко во дневната соба влезе неговата мајка,која пак прво одеше со доста оштар тон,но за кратко време го менуваше..
-Сотире,Сотире завртисе према мене,и кажими како си смеел нашиот син да го испратиш во странство,и да го препуштиш самиот на себе....а...кажими зошто не ме праша мене..нели сум јас мајка,и треба да знам за ова...викаше на висок тон..но Сотир мирно стоеше пред големиот прозорец,гледаќи го како на дланка градот...кога му се смачи да го слуша пискавиот глас на својата жена,се заврти и мирно и се обрати..
-кажуваш Мајка,душо моја...ти заборави дека твојата задача во оваа куќа заврши пред многу години..
-Сотире не го врти разговорот на друга тема..кажими зошто донесе таква одлука без мене да ме прашаш...
-види душо моја...тоа душо,го кажуваше секогаш со потсмев..зарем не се сеќаваш која беше твојата улога во оваа куќа..ти .само да те потсетам а и колку што се сеќавам беше донесена само за една работа...да родиш син,и толку...како благодарност,ние ти овозможиве во годиниве назад,таков живот,што цела држава сонува за тоа..
Сега тонот на Велика се смени...малку плачливо..
-но сепак ќе беше добро барем да ми кажеше,како ќе живеам сега без мојот син.
-прекини да ми се лигавиш,зошто си одвратна..а ќе заборавев...ако не ти допаѓа животот откако Владимир ќе замине во Франција,можеш слободно да се вратиш во твоето село Говрлево..но се сомнева дека воловите што ги купи твојот татко со твојата продажба сега се живи..се насмевна на овие зборови и замина во својот кабинет,каде можеше на мира да седи со часови...







недеља, 7. јануар 2018.

Солзите на Ангелот(петти дел)

И овој пат,повторно по којзнае кој пат Судбината седна позади Седмата планина,покрај изворот каде извираа сите чисти солзи,и гледаше долго во камшиците со кој беше заграден тој извор,гледаше малку колебаќи се кој да го земи..кобта,нејзината блиска пријателка,ја потсети дека е време повторно да галопира во нечии живот,и да камшикува сурово,гледаше,гледаше,и го одбар токму тој кој беше исплетен од млади црни штотуку родени ждребиња,мек но со танки конци кои кога ќе зафучеше во воздухот,тогаш лузните се познаваа и во душата..
Ја стави чашата на масата со млеко пред својата внука,и седна спроти неа да доручкуваат.
-ајде чедо испиго млекото,и барем за миг ќе видиш чистотота на млекото ќе те ги разведри мислите.
Да се расправа со Дедото,Анастасија знаеше дека е бесцелно,посебно откако се случи тоа што се случи,дедото не ја оставаше ниеден миг сам,не и даваше на ниеден начин да биде тажна,затоа ја зеде чашата и го испи мелкот,а потоа ги зеде двете парчиња пржине лепчиња,јадеше молчешкум,кога завршија и со тоа,таа се потпре на масата гледаќи го дедаси во очите и го праша.
-Дедо зошто петлите не пејат повеќе кај нас
Ја погледна својата внука Дедо Атанас,но барем сега научи,да ги контролира тие проклети солзи
-Пејат,душо пејат тие секое утро
-Но Јас не ги слушам
На ова длабоко воздивна
-Не ги слушаш зошто несакаш да се раздени,затоа не ги слушаш.
Ќе разменеа по неколку зборови и тоа беше скоро целокупната дневна комуникација помеѓу нив,а потоа молот некако ќе се развлечеше насекаде недаваќи можност да протече некоја нова мисла.пред да замине повторно Анастасија во нејзиниот мал свет,кој се соштотеше од четири бели ѕидишта,стоеќи на вратата од собата го погледна дедоси и го праша..
-дедо...постои ли праведлива казна тука на земјата
Ја погледна и знаеше за што го прашува
-постои чедо,постои,најправедливата казна се вика Грев..
-а кога казнува гревот
-тогаш Кога Бог ќе одлучи...само тој знае кога и како..
-А дали дедо гревот старее
-само две работи тука на земјата никогаш не стареат и не ја губат својаат сила..Гревот и Ветерот..само тие секогаш стугнуваат таму каде што треба..
После овој разговор Анастасија отиде во својата соба,повоторно да да гледа во белината на ѕидовите,несакаше повеќе да контактира ни со своите другарки,ни со психологот кој повеќе пати разговараше со неа дома,но ниеден нејзин збор не допре до Анастасија..Дедо Атанас излезе пред портите да види кој го вика..а тоа беше негов сосед,кој сакаше некако алат..додека разговараа,по улицата помина новиот Командир со уште еден полицаец,кога ги виде Дедо Атанас му се обрати културно со Добар ден и се престави кој е,при тоа прашуваќи до каде е истргата за неговата внука..го погледна малку чудно Командирот и незаинтересирано му одговори..
-Дедо,истрагата тапка во место,бидеќи лицето кое го посочувате како виновник,не е достапен,неможеме да го најдеме,плус тоа немаме извештај од лекарот,па така неможеме да утврдиме и дали тоа навистина се случило тоа што тврдите..ако има некоја промена ќе ве известам....ги кажа овие зборови и си замина,без да каже пријатно.
Додека зборуваа за ова,на прозорот стоеше Анастасија и целиот разговор го слушна.и тоа малку црвенило што и беше на лицето,сега исчезна,повторно и се врати онаа бледа боја.
Наредните денови ги поминуваа во молк,целосен молк,Анастасија само молчеше,јадеше радиред.и откако ќе јадеше повторно одеше во собата,не му помагаа на Дедо Атанас,ни молитвите пред Куќниот Заштитник,ни пак молитвите кои ги кажуваше во Црква..посетите кои и доаѓаа кај неа,беа кратки,бидеќи молкот на Анастасија ги бркаше сите..
Така и тој ден,излезе Дедо Атанас,одеќи кон една своја роднина која му кажа дека ќе оди кај некоја Бајачка,барем вода да му донесе,не веруваше воопшто во тие Бјачки,но ете маката му беше преголема,та затоа реши и тоа да го проба.и кажа на својата внука дека ќе се врати за кратко,таа го погледна незаинтересирано  и замина.
Одеше,но нозете го враќаа дома,некоја сила постојано му кажуваше дека не е овој ден за бајачки,но сето тоа тој го препиша на својата премореност од мислите,и продолжи д аоди,но чуството што ја остави својата внука сама дома не му даваше мир..кога стигна на портата од својата братучетка,одеднаш реши да се врати назад..одеше колку што можеше брзо,толку брзо што тој мислеше дека е брз како ветерот,ама во стварноста небеше така,наталожените старечки години не му даваа да брза,како одеше така и застануваше да собери сила..
Кога ја виде куќата малку се смири,но се додека не ја види својата внука неможеше целосно да се смири,отиде бргу во нејзината соба на спратот,но таа небеше таму..ја побара и во другите соби,но ја немаше...сега навистина незнеше што да прави,каде би отишла..излезе повторно на улица и ја праша својата сосетка,која скоро целиот ден го поминуваше на седеќи пред својата порта,дали ја видела Анастасија,ноп таа му одговори,дека не ја видела да излези од поратата..се врати во дворот и размислуваше брзо каде би можела да биди,.стоеше со лицето према шупата,и виде дека вратата е подотворена,колку што го служеше памтењето,последен пат кога влегол во таа шупа,беше пред 1 месец..а сега вратата беше подотворена,се доближи полека,и внимателно ја потурна да с еотвори...од глетката што ја виде,гласот му се зеде,и стоеше како закопан на место,неможеше ни да викни да мрдни,само вкочането гледаше во телото на својата внука која висеше на гредата..тогаш во дворот повторно влезе еден од соседите,и кога се доближи за да му каже за што дошол тогаш виде зошто Дедо Атанас,стоел така вкочанет..истрча бргу на улица и започна да вика...
-луѓе,помош,помошшшш...викаше толку силно што за кратко време скоро цела улица беше во дворот собрана,похрабрите брзо зедоа нож со кое го пресекоа јажето и внимателно на земјата го спуштија телото..некои веќе се јавуваа во брза помош,на нивниот повик,навистина брзата помош стигна брзо..но единствено што можеа докторите беше да константираат смрт.
Од тој ден,веќе во улицата никој не се сеќаваше дека потоа Дедо Атанас прозборе,болката во неговите гради беше толку голема што ни солза пушти ни пак збор кажа..но сите се сеќаваат дека после смрта на својата внука тој замина кај неа после три месеци,оставаќи ја во куќата сета собрана болка.






Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...