понедељак, 28. мај 2018.

Не молчи Оче




Дојдов по совет,Оче
како да го најдам патот до вечното покајание
..еве …
нема да глаголам пламено  веќе
зошто сум откорнат од земја,со дрвен крст на грбот
ги цедам последните стутканости на душата
и напати така сам се разлевам околу мојата сенка
помнам кога ртеше и злото и проклетијата и во мене
и околу мене
немоќно вртев грб на сето тоа со строг пост
но секогаш на крајот
 ме чекаше виното на Јудејците во позеленет грал
….скрбев и за тоа
одот ми ти бил од пусто во празно
..да продолжам ли Оче…
не молчи Оче…
ќе расцветаат ли конечно пупките на Дрвото на Животот
или и понатаму скрамата на киселото вино на усните ќе се коти
не молчи Оче
имам и јас уште свои вистини
поучиме,и Воскресни ми ги поколенијата



недеља, 27. мај 2018.

Скрцкајте и сега со вашите кучешки катници





Ако искинатите сеќавања на животот не ве научија ништо
Ако самоодрекувањето беше бесцелно
Ако ви се здосади од курви и вино
Ако шупливоста на душата не ја наполнивте со вистински зборови
Ако сте веќе папсани од омразата и кон сопствената кожа
Ако со кучешка њушка го бацувавте крстот
Тогаш
Е веќе дојдено вистинското време
Таванот на ноќта да се урни врз вас
И малку пеколно да се спржалите
И да заборавите на Огледалото
Затвораќи ги очите и пред Боските на Самовилите
Не плашете се
Во очите на другите тогај ќе бидете суртуци големи
И само дватројца ќе видите окоу себе,како тебе
Кои одат бавно но сигурно кон ѕвездите

Нејсе,Баба Цвета од сето ова ќе списка до небеса
Како црна кукавица ќе прокука
Гледаќи ви ја ѕвездената плетенка околу главата
И над челото ќе ви забаботи со нејасни прашања

Ве жугнав до срцето,нели мали непрокопсани сенки
Кои на три талири во џебот се радувате сега
Ама ниеден не чувате за скеларот
Од невиноста на Земјата се плашите
И вретено на времето не го држите во рака
Пред Смрта клечите и со молитви ја бркате..Бегај Сотоно
Скрцкајте и сега со вашите кучешки катници
Килави се вашите намери пред неминовноста.

Еве на небово се разлева веќе сребрена нејака мугра
Имате дикат време,маглата да ја оставите позади себеси
пред туѓата војничка чизма ве стори лепешка.








петак, 25. мај 2018.

Време е за одмор




Се прегрнаа годините мои,и рекоа
..време е за одмор…
поклонисе сега пред длабочините на твојата душа
и почуствуваја твојата мисла некажана…
и ќе ги слушнеш тогаш чекорите неизодени..
знаете…
ќе се насмевнам…
зошто знам дека е тоа мигот што го исчекував…
ќе чукнам за секој случај на дрвото..
злото да не слушне..
чекаќи полноќ сказалките да се преклопат
а јас да се предадам на Бесконечноста



Ејгиди,ејгиди




Додека во ова будалесто крцкаво време
Се расчленуваме себеси во свои мудрости
Негледаќи како пред нас умираат исконските залези
Кои печатот на неродените дни го носат

Ејгиди,ејгиди,колку ли сме обземени од стари пергаменти
Со густ ракопис,каде само за болка пишува
Која продира до свеста,тераќи ве да остарите предвреме
Без да воздивнивните,додека сенките во главата танцуваат.

И нема да прашам,зошто повеќе верувате во Огледалото
Помалку во соништата
Та ионака се е нереално наоколу,кога живее омразата
А умира Љубовта.

Не се ова анемични зборови
Ќе ги разберете тогаш кога оганот во вашата крв ќе ве изгори
А ноќта ќе ви стане тешка
И ќе копнеете тогаш по далечна смеа на некоја жена.






понедељак, 21. мај 2018.

Се е поинаку




Додека Амброзијата на Љубовта течеше
Белите коњи го започнаа танцот под виножитото
Среќата,беше започна златната купола да ја извишува
И сончевите лачи осамата ја спобудалија со тоа
Од сето ова
Скрбот остана залепен само кај малоумните
Започнав во сето возвишување
Челото да си го мијам со солзи
И со пламена песна
Го уривав лажниот Бог во срцето.

Сега знаев сигурно
Оковот на празнината небеше наоколу
Ни пак тие сладострасни безредија кои мигот го крадеа

Не ми замерувајте
Што синиве очи со болскот ми се полни
И што златникава пајажина ме прекрила
И што ноќта сега со меки нежни усни ме љуби
Знае
Дека не би ја скрнавел нејзината невиност
што небесите и ја дадоа

вие
немора Љубовта да ми ја возвратите
доволно е само на земјата гревовите да и ги оставите
нека ги цица лакомо

Сето ова не е сказание
отворетеги очите
и допретеги ѕвездите
нека и на вашите дланки капки Амброзија потече
и небидете веќе тешки
со утроба каде е наталожена горчината

и пак велмам
повеќе личи сето ова
како мелем за човечката тага
нелипајте
и не купувајте од Јудејските трговци златни нишки
така оковите не ќе ви пукнат

се е поинаку
кога амброзија ќе се напиете

се е поинаку.












недеља, 20. мај 2018.

Плачи Земјо




Ја допрев со лицето земјата
а таа роморот кој беснееше наоколу го смири...
и реков..
ајде да плачеме заедно..
Јас
јас ќе плачам за сите мртви неродени денови
а ти..
ти плачи за сите безимени гробови..
и кога солзите ќе ги потрошиме
повторно заедно ќе ја кажеме Молитвата за дождовите..
за да лијат потоа...
силно
толку силно што јама таинствена се отвори од лиежот..
белким тогај земјо
гревовите од месото да ги одвојам и во јамата ги нурнам....
плачи земјо
плачи зошто ако не плачеме ќе пламнат Небесата
и обајцата пепел и прав ќе не сторат.


Бидете отпорни на стравот




Ако ноќта ве попречи да создадете своја храбра епопеја
Тогаш во утрото рикнете победнички пред светлината
И поделетеја на половина
Од сето тоа кожата на мракот ќе биде ранета
А вие сепак ќе бидете уште рано,познат лик во денот.

Од стреата не се плашете кога ќе застанете
Туку низ ноздрите нека ви се спроври тогај човечки здив
Напнетесе,и воздишката откинете ја
Така ќе кажете дека не сте грутка земјата врз земјата
Нема да видите,но црните Ангели ќе бидат тажни од ова.

И бидете отпорни на стравот,додека суво прашувате
Ќе им биде ли тешка дланката на усните,кога ќе им ја ставам на сенките
Кои споулавено како гнасни пци,до вчера ми паѓаа на градите
Бараќи да им бида пленик во нивното празно време.

Утре,ќе заборават на сите ваши денешни подвизи
Додека светлина ќе им се коти на сите
Но вашите шупливи коски ќе го запамета сето ова
И потик ќе им даваат на сите кои ќе липаат молитви.




субота, 19. мај 2018.

Од другата страна на Огледалото





Од другата страна на Огледалото
Гневот,беше се вознесе за Бог,и нареди
Бескрилните молитви да лазат по земјата
Надежите,со горчливи попарени треви да ги папсаат
И сите,ама сите,крвнички да ги гледаат облаците
И никој да не се срами од голотијата
Демек така времето ќе трчало побрзо од вчера.

И ете сите се восхитиа на таа судбинска лага
Се додека во скутот на ноќта не започна да се испилува новиот ден
Кој утехата ја носеше,тој благословен мелем за душата
И,им намигна на очајниците
Во пурпурот да сркнат со усните по малку света вода.

Нејсе,митот на илузијата повторно беше срушен
Но гневот,забесто неспокојство распливна
И повторно празен сон во главите всади
Пцуеќи погано,мајки,синови ,браќа
Кои во суводолицата седеа
Замајено пред Огледалото
Додека наоколу нивните сенки исплашено молчеа.








петак, 18. мај 2018.

Ах, Земјо,Земјо





Ах, Земјо,Земјо
Сета послана со чемерни стапалки
И сонот ти го исплашија
И обрачите ти ги вудвосаа
Та црни цветови секаде насеаа
Од сето ова,се рониме како грутки варовник
Пагурчето ни се одмили,не оти е празно
Ами пелин ракија не послужија денес на пладне
И сетне,како Пауни таму на Агората од Дедо се шепуреа
Е де,тие кои до вчера талкаа во Проклетијата
И од звукот на камбаната бегаа како улави.

Ах,Земјо Земјо
Сега чинам си Легенда со расцепена глава
Која се морничави и од младото лудо ветре
Татнежот ли ти го поклопи гласот
Кажими
Или превезот на тишината те препокри
Што стоиш само така во мракот.

Ах,Земјо,Земјо
И тебе некрологот те исплаши
Та снеможи,глас немаш да викнеш
Пејте деца мои
Оти реата на Натемаго е страшна
Челата ќе ви ги дупни,и ќе ве гони како диви јарци насекаде
Во Црквите не ќе се клекнува веќе
И не ќе звонат нивните мали благословени метални срца.

Ах, Земјо,Земјо
Сета послана со чемерни стапалки
И сонот ти го исплашија
И обрачите ти ги вудвосаа







среда, 16. мај 2018.

Искачи се во непознато соѕвездие




Те гледав
Како из’рти од својот грч
И проба да ја налутиш тишината
За да не ти се склопат разјадените клепки
И повторно,со својата незрела омраза развеа горчливи мириси
Кои се родиле одамна во мракот на твојот разум.

Аште  ли апежот во туѓите срца
Ти носи врелина во крвта
И аште ли ќе се поклонуваш пред ѓаволско копито
Стара си веќе,полна со смрт
Доволно ја наѓубри земјава со твоите пакости,зарем не.

Ако носиш во рацете,нешто повеќе од умирачка
Еве,ќе ги затегнам уздите на животот
И сите грутки молк што ги собрав,во неврат ќе ги фрлам
Така,трагите на гонењето ќе ги снема.

Веќе блиску си до небото
Утре,во пурпурот додека паѓаат солзите на Самовилите
Измиј ги сите твои стари и заборавени гревови
И чекај,кога двете Вечности ќе се спојат со делче од миг
Искачи се во непознато соѕвездие.









уторак, 15. мај 2018.

Стои сеуште скаменето камата




Со крцкотот на катниците го задушував ревот во себе
И оставав пискотливиот ветар да ја отвори спиралата на времето
Каде меѓу разбуфтаните камшици врз грбот на бедните
Стои сеуште скаменето камата меѓу скрките
Одвреме навреме ќе се јавеа,будалести херои,со набабрени утроби
Суви и жилави,чекаќи со неа да станат гонители
Но во залезот ги наоѓаа вкочанети,со крвави солзи.

Наслушнете,скркивие еве повторно пукаат од клетвите
И најавуваат нова свадба
Која ќе им подари модрикава тага на многумина во приквечерина
И притаена тишина,во која нема да се ронат млади ѕвезди.

Еххх,глаголам,глаголам,глаголам
Отворете ги очите,оти спиењето е чисто предавство
И не давајте горчливото семе да ви го исуши срцето
Околу очите темна рамка да не ви става

И доверливо ќе ви шепнам нешто
Сакав да бидам денес Хамлет
Да им се одмаздам на пупунците за предавството кон земјата црна
Што нивната неизмерна тага и зовриен гнев го истураа обилно
А потоа,во своето лудило,измислуваа приказни
Дека се вестители на светлината.

Сега ќе оставам,невидливата вода да потече
И проколнатите нека се измијат од гревовите
А ние,не сме слепи...нели
И за олтарот на Црквата,и за Лулката
Камата од скрките ќе ја извадиме....ако треба.....







недеља, 13. мај 2018.

Кога беше тажна




Кога беше тажна,некако знаев
Дека сите светови умираат околу нас
И ете,замина,оставаќи ме со мислата... зошто
Мислев дека избега од тие мртви светови
А ти си бегала од самата себеси
Бараќи го одговорот во времето
Кое подмолно плетеше пајажини
Околу сите твои надежи

Сега името ни е мрак




Сега името ни е мрак
Ако утре за ова историјата се сети
Нека не излее како кипови мраморосани на гребените рапави
Сетне,Земјата нека ни ги отвори бездните
И нашите сплетени ребра ни ги спрложи.

Почнува свадбараската игра во мртва шума,нели
Почнува,почнува,иде црната невеста
Со животен грч на срцето,ама жедна е за крв да знаете
Сонот од нашите пресни очи испари веќе
Гревот се собра во моминска утроба
А ветерот со камшици ни го скапува месото.

Мајко,се наежив оти те надживеав
Ете ,со нож ги заклав сите мои зборови,нека кркорат и тие
Утре со заскрната смеа ќе не лепат сите,на земјата
Небаре сме лепешки воловски
И во мракот,ќе ни цедат мрак место здив.

Кога смрта ќе не помилува,утре,задутре
И не праша онака Човечки
Ви студи ли,ќе и кажеме низ гладна уста
Не,со студенило се родивме,со студенило расневме
Затоа сме вака проѕирни,затоа тешко ти беше да не најдеш.

Сега името ни е мрак
А утре,утре ќе бидеме исто како развеани глуварчиња
Чекорите ќе ни гаснат,тивко,без лелек
Не ќе знае никој да раскажува за црковниот двор и гласната камбана
Само Светците ќе бидат сеуште без трошка сомневање.



субота, 12. мај 2018.

Не скбете мили мои





Не скбете мили мои
Оти пајажината на сонот ќе ви биде подебела
Ами малку потпевнувајте,па макар и како улави
И ќе се извишите,над скитниците,над сенките
Кои ќе ве споменуваат насекаде

Кога ветерот ќе ве допре,летајте без страв
Ама до ѕвездената лузна на небото
До таму на смртник му е дадено
Понатаму ќе ви натежнат многу солзите на проколнатите
Та ќе паднете во магли лилави.

И никогаш не кажувајте,не ми е денот
Посебно на полна месечина
Така брзо,брзо ќе ви воскресне изминатиот живот
А светлината во огништето ќе спласни
И од сето тоа цветот на времето ќе венее.

Не скрбете,не скрбете мили мои
Клепките ќе ви натежнат,сеништа ќе се радуваат
Ами станете и сончевите лачи заплеткајтеги со вашите воздишки
Утрешното виножито од сето тоа ќе се радува
А некаде весело ќе шумоли водата.



Прагот на Стварноста и Илузијата




Вардан беше чудна мешавина на интелегениција и глупост,некои од зградата тврдеа дека е тој Паднат Ангел и дека е постар од сите во населбата,Баба Меланија,која имаше 85 години,и беше доста почитувана меѓу сите маалски бајачки ,но колку што беше почитувана,толку и,и се плашеа останатите од неа,ја имаше таа храброст,кога ќе го стретнеше Вардан на улица,да го гледа без страв во очите,и да му каже и Добар ден..а раскажуваше,дека го познава уште од младоста,и дека малку била заљубена во него..а Тој ..Вардан..го имаше ликот на Триесетгодишен,со насмевка која никогаш не ја симнуваше од усните,и поглед,поглед ,кој ако добро се загледаше во неговите црни зеници,да Вардан имаше црни зеници,веднаш се добиваше чуството дека земјата се отвара,и дека паѓаш во дупка без дно...и затоа жителите на населбата одбегнуваа да го гледаат во очите...

Чичко Златан,кој навистина имаше златно срце,кога Вардан ќе влезеше во неговата продавница,го пречекуваше со една голема прегратка,но и тој,одбегнуваше да го гледа во очите..единствено Вардан и Златан,знаеа да разговараат,кога ќе беа сами со часови....така беше и денес..

-Вардане..

Кога ќе се споменеше неговото име,имаше обичај брзо да се заврти према соговорникот..Кажи Златане.

-Дарија,учителката на мојот внук,баш пред три,или четири дена беше..ја знаеш колку е скромна,и срамежлива..тивко се наведна ете тука..и покажа на излитениот и стар пулт на кој сега беше потпрен..и кажа дека честопати те гледала со копнеж,дека ноќи,ноќи посакувала да бидеш крај неа,а ти,ете така секогаш кога ќе си ја одминел на улица,не си ја ни забележувал..

-ах Златане,Златане,мој стар пријателе..остаре и памет не ти дојде,ама и ништо не научи од животот...колку пати сум ти кажувал бре Златане,дека жените ти се со лик на Светица,а со тело на ѓавол,единствено што се немоќни,душата да пробудат...во левата рака го носат пехарот полн со Света вода, а во десната рака го држат клучот од вратата на пеколот..

-е добро де Вардане,добро..ама и без нив не се може..сега што да му правиме,а..да ги оставиме по илици сами да шетаат како глуви кучки..небива,што небива небива..

-нереков Златане да ги оставиме..ама жените...па и мажите не се спремни сеуште за Љубовта,онаа листа,небесна Љубов..не се..а ако пак им ја подариш,и само малку..тогаш исплашени од таа моќ,бегаат како улави..

-Е добро,,ајде оставиго сега тоа..ти зборував за Дарија,можеш баре едно кафе да испиеш со неа..

-Златане,позади сета таа нејзина скромност и срамежливост се крие премногу блуд,страшен блуд..и затоа судбината и одредила да биде сама,и да нема пород..ако би имала,тогаш тој нејзин пород ќе нанесе премногу зла на луѓето...ама оставија сега дарија..мене нешто друго ме плаши..

Малку и на шега го заврти разговорот Златан.

-Ајдеее,имало нешто што и Вардан ќе го исплашело..

-има,има Златане...наскоро..Смрта ќе почне да зема преголем данок,луѓето ќе немаат време наутро ни очите да си ги замијат,а таа ќе коси пред нив,обилно..веќе и земјата ќе се огади од толку многу човечки трупови..ете тоа ме плаши Златане...тоа..и се поради Човечката лакомост и Глупост..

На ова што го слушна Златан се изнервира и почна да шета нервозно низ продавницата..

-ееее ама ми го расипа денот,што ми требаше да почнам разговор со тебе денеска..туууу..

-е добро де..ако ова не ти го кажеш денеска,ќе ти кажев утре..и пак ќе беше исто..тоа што треба Златане да се случи ќе се случи..ајде бркај си работа...и тргна да си оди вардан..кога дојде на вратата од продавницата,се заврти и низ насмевка му кажа..

-не се грижи пријателе..кога ќе ја затворам вратава,ти ќе заборавиш на овој разговор..зошто живееш во свет на илузија..додека стварноста од многу поодамна ти ја напушти.





Не сме Кучешки Пород(не ќе истребите)




Додека ја чекав светлината,заедно со пурпурот
Ноќта сеуште обилно се излеваше над сите винопијци
При тоа слушаќи им го молкот,кој се цедеше од очите нивни
Не ќе ова сказание,разберете,повеќе покана
Со сребрени и златни нишки да го исплетеме нашето Небо
Под кое ќе не плиска слатка вода
И не ќе ревиме покрај сите глобочини
Вината за целата наша себичност ете тука
Ќе стане само минат покојники
Под сенката на Западниот Даб,нема да ни се спржалуваат криљата
Кон исток ќе се радиплува нашата иднина

Некои,кои се испилиле од кукавички јајца
Со рапави крици на крволочни волци
Катаден и бамбореа на земјата
Дека сме ти биле кучешки пород,та затоа сакале да не истребат
Да и коските наши бидат безимени

Не ќе ова сказание,разберете,повеќе покана
Со сребрени и златни нишки да го исплетеме нашето Небо
Под кое ќе не плиска слатка вода






четвртак, 10. мај 2018.

Додека Божјата птица леташе




Додека Божјата птица леташе над небото
Златните глави на сончогледите се нишаа
Од жешкиот ветар кој ги обеспокојуваше
Оти,кутрите не сонуваа
Туку од раѓање живееа само за својата покојност
Не знаеа за зима
Ниту пак во нивните неделни утра имаше смеа
Попладневната тишина ете ги одминуваше
И само со градски безделници гевреци јадеа
Кога кланица ќе видеа,крвта им смрзнуваше
Интересно
Од крстот не се плашеа
Но крај ластегарките се морничавеа
Блудници проколнати низ ановите нивни шетаа
Им раскажуваа
Семето ваше нема со скрб да го храниме
Ами во бескраен ден,и бескрајна ноќ ќе го плодиме
Да,да
Додека Божјата Птица леташе над небото
Златните глави на сончогледите се нишаа
Од жешкиот ветар кој ги обеспокојуваше




среда, 9. мај 2018.

Убијте ме и Мене и Љубовта




Бавно,со чекор потежок од сите јадови
Ја следам песната,која го живее својот измислен живот
И во тие ретки мигови,ете ја тргам сонливоста од очите
И го оживувам јазикот,кој веќе станал труп меѓу непцата
Знам дека и смета тогаш лутиот мирис на прашината
Па затоа и измислувам повторен необичен почеток.

Вие мали и ништожни,барате,со притаена радост
Да ја осудиме Слободната Љубов,не доликува
Робовите сеуште ја воздигнуваат,Блудниците катаден се сладат
Но  барем со проклетството на златото не ја наградуваат
Вие за сето ова убијте ме и Мене и Љубовта
И од вретеното на времето одврезетеме
Ако за тоа утре неродените денови ви кажат Алал да ви е
Доброчинители сте..но ако
Ве натераат да одите по моите трнливи патеки
Тогаш,од Перун чувајте се добро
А на Бахус не му верувајте многу.

Ете,бавно со чекор потежок од сите јадови,сега и чемери
Ја следам песната,која иако има нејасни мисли
Сепак ме чува од сите глобочини на темнината.









понедељак, 7. мај 2018.

Така беше,така ќе биде





Тој што е најблиску до Вистината
Знае дека во овој зелен и лилав град,веќе вино не се пие
Додека белите сенки наутро само скрб појадуваат
Донесен од под земја,каде сета врева е стивната.

Не се верни веќе на крстот
Ни пак на Велес ,ни на Перун
Под тежината на коските,саде се влечат во посните лета
Не сонуваат,којзнае,можеби се веќе пењушки.

Зошто живеат,и зошто пепелта нивна да ја растуриме меѓу ѕвездите
Кога Благословената Светлина незнаеа да ја џвакаат
Зарем да им простиме,што и Божицата Весна ја Сотреа
И ја натераа низ зајачки плашливи очи да не гледа.

Испукани се овие раце до глуждови,да знаете
Но преданијата не ги фрлија во бунар смрдлив
Така беше,така ќе биде
И сега и по пет века




петак, 4. мај 2018.

Заскитани меѓу лажни Светци




Тргнавме во потрага на сопствените илузии
Без да го најдиме прво к‘сметот
Во долапот ни останаа надежите на Дедо
Крај црквата поминавме,не се прекрстивме за секој случај
И така заскитани меѓу лажни Светци со црни криља
Полека започнавме да исчезнуваме
Оставаќи другите да пиат жедно од соковите на нашата младост

Никакво ехо не се слушаше
А ние,заробени во мислите се плашевме да се запрашаме
Дали сме живи покојници во проклетијата
Или гости во лош сон
Ете тука узнавме,времето стои
Додека некои не откорнуваа од нашето

На сето ова Сонцето беше нем сведок
Позади нас останаа маглите и глувотијата на карпите
Та сите кои не спомнуваат
Сега глаголат насекаде
Дека сме повеќе грди,отколку убави
И така ни треба,постојано бамбореше некоја сува старица
Стопани бевме на земјичката,сега станавме аргати
Така ни треба.




Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...