недеља, 31. децембар 2017.

Гревот е Чест Голема



Ако некогаш ве нанесе патот
Во Градот каде Гревот е Чест Голема
Не се молете бесцелно
Зошто Блудниците ќе се соберат околу вас
За да ви го покажат рајот меѓу бедрата свои
Залудно нетрчајте како ветар
Ете таму,смрта е иста како животот
Не пркосете на моќта
Врелите ноќи ќе ви кажа со пеколни зборови
Немој ,немој,немој
Да го трошиш залудно уште неродениот миг
Но сепак лажете,ѓаволски добро лажете
За да не ви воскреснуваат сеќавањата
И сите пијани утра
Родените ноќе за ова знаат подобро
Дека не се буди совеста тука
Само запомнетего чуството кога сте гризнале од Јаболкото
А потоа сте спиеле под Светиот Даб со Русалките нежни
Ете тогаш звуците стануваат мокри
И не постои ни болка,ни пак мисли некои
Само веселиот мрачен Бог
Ја троши обилно омразата своја
Тераќи да се кажат зборови кои некогаш не се посакувале
Да не заборавам
Одата на тагата,секогаш пред полноќ ја свират
А потоа,потоа темнината некако интересно ве скокотка
Тераќи ве,дамарите да танцуваат со блудот се до пурпурноста
Сето ова нема смисла
Но така е секогаш во Градот каде Гревот е Чест Голема



уторак, 26. децембар 2017.

Вистинско Збогум



Твоите соништа се уште се кршливи
И немаат моќ душата ранета да ја излекуваат
Твојот живот се уште со лилава пајажина е завиткан
Та затоа си оделена од бесконечието
Ајде да речиме дека треба сеуште да те љубам
Но твоите буѓосани коски ме морничават
И место сок,скрама усните ти фатиле
Стоиш спроти сонцето,но сенката твоја ја нема никаде
Не се измачивај веќе,минатото го отфрлив
Ете таму во бездната каде демоните цивкаат слабо

Ова е сега она вистински Збогум
И нема во него бесцелни исчекувања
Ни пак потонати погледи во молкот
Заедно со светлината ќе ги рашириме криљата
Утре на ден Пладне

Претвораќи го гревот во бескраен спокој.


Мастилото на Тагата



Со позајмени илузии во реалноста на мрачните сенки
Зацрвенет и бесен,трчам брзо како ветерот
Собираќи ги мислите кои талкаат во просторот
Родени во искривената вистина
И одвреме навреме претвораќи ги во рев кој моли.

О Бескрајни ноќи,прегнете ме,и
Однесете ме на местото каде се цеди мастилото на тагата
Мојата болка не се лечи
Ќе ја напишам,во најтемната ноќ
Најголемата книга на сите Човечки маки и јадови.

Ако не знаевте,ви зборувам за предворјето на пеколот
Каде изгниената душа ги уништува сите чисти мисли
И очите се полни со замор.

Морам да признаам,овде
Нерасонетото сонце никогаш трепет нема да стори
Повторно
Со позајмени излузии во реалноста на мрачните сенки
Ќе го пуштам ревот да моли.



понедељак, 25. децембар 2017.

Кога ќе се стретниш со сопственото минато




Кога ќе се стретниш со сопственото минато
Застани така со скаменет поглед
И некоја бесцелна насмевка на ликот
Не покажувај дека си растреперен од болка
И разгневен од Јад
Токму поради поразите
Биди одмерен и внимателен
Па и малку таинствен
Образите нека не ти бидат пламени
Потстокмi се и кажи му

Сам си ископав во срцето гроб
Необзирнуваќи се на туѓите зломисли
И оставиго со тажен опул
Занемен,чиниш ќе чека повторно одговор

И замини  во магловитата квечерина







субота, 23. децембар 2017.

Бргу ќе не собори Вечниот Сон




Ете мили мои
Конечно клекнавме пред назабените ветришта
Кои прво восхитот ни го носеа
А сега кога ги нема само јадот остана
Не се грижете
Бргу ќе не собори Вечниот Сон
Та достојно со нашиот исконски идеал
Ќе ги смириме нашите измачени мозоци

Можеби,овде онде ќе остане некој сонувач
кој во грчот на времето со малку занес
нема да лачи злоба врз земјата
и ќе глаголи  покрај вејките кои само ќе се нишаат на ветерот
дека долга е раката на Родината
толку долга,што и Бесконечие може да се нарече
и напати повеќе со пискот,отколку рев ќе каже
сега талкаме по туѓи патеки
бараќи
вистината да и пресуди на лагата

ете мили мои
вие кои разбравте,ова е тешка навреда за вас
но разберете
не зборувавме со Јазикот на Љубовта
кој секојдневно излегуваше од нашите Очи

и се губеше секогаш во далечините.


Збунет Адам



Никој
Ама никој неможе да ги стиши огновите во душата
Како осамата
Понекога,чиниш влегуваш во сопствената скривница
И ја гледаш светилката слична на фенер папсан
Пробуваш,ете така да застанеш во жестоката реалност
Со суровата вистина
Но,морално си разоружан
Духовно измачен
За на крај
Како збунет Адам,седнуваш на под
Гледаш
Како низ сенката на дамнината
Истекува несоницата и немирот
Но тоа трае,до бесконечие
Додека ноќта одминува крај тебе небаре си мртов воин
Потајум,пробуваш од нишките месечеви да исплетеш јаже
За  цврсто да ја врзиш тишината
Оти придушениот далечен шум те морничави
А тоа ти било крвта која протекува низ вените
Всушност,пука срцето без рев во болки

Да

Никој
Ама никој неможе да ги стиши огновите во душата

Како осамата


четвртак, 21. децембар 2017.

Не ги ставајте смоквините лисја на појас




Не кажувајте вие сенки лити,дека ја Љубите Родината
Ако не сте ги заветиле животите
Што ќе ни се нам,вашите заматени мисли
Кога гледаме дека ни клетвата нејзина не ве морничави
Дека сте потомци на Аветите
Зборуваат чекорите ваши кои ехо свое немаат
И си мрморите напати пред огледало,убавец на мајка
Ама не сеќавате дека мирисате на туѓа мочка.

Знам дека е така
Искусен грешник сум кој носи туѓу гревови
Навистина,валкан е овој свет
Но вие,неможете никогаш
Ама никогаш да ја нацртата сликата на среќата и радоста.

И сега
Не ги ставајте смоквините лисја на појас
Доаѓа времето кога вистината ќе суди
Некому пеколно ќе му врие крвта
Некому ќе му бидат смрзнати воздишките
А некому повторно болското во очите ќе му се раѓа.




Прангите на Смрта



Излитени пустеници,кои само смрдат на гнила истрошеност
И во себе го носат гнасниот пекол на очајот
Започнаа да не убедуваат дека надежта е втората Човекова Душа
Та се возвишија
И етеги секој ден се ,се повозбудени од навредите
И без грам срам
Во крвта ни се натрупаа и сакаат да не одродат

Ми остана само Оф да кажам на крај
И да ја ловам секоја морница која ита низ телото
Но полесно ми е кога зборувам
Простете ако ви додевам

И еве не додржав
неизвесноста ме боди се до длабочините на срцето
заскитаниве по род само се сноват насекаде
со омлитавена поцрнета кожа се
и секогаш покорни,чиниш на плеќите им овиснала вина
оти никогаш не го слушнале тајниот шепот на земјата.

Нешто ми кажува дека се само апстракни лидери
Кои членуваат во вештачка религија
Не ги плаши ни стравотниот грмеж
Но нам не плаши
Тоа што што ќе исчезнеме во тишината

А толку сонував да одам по патот на Горки
Прво да се осознам себеси
И на другите да им кажам какви заблуди се котат во нив
Но
Излитениве пустеници со својата мрачна правда
Прангите на смрта ги отвараат.








петак, 8. децембар 2017.

Песна во чест на сите курви



Кои гребат по рамењата,оставаќи траги длабоки
Кои те тераат да останеш заробен помеѓу нивните бедра
Да тие
Кои се чуден спој на пламенот и бескрајната  нежност

Скриени од очите на овој прозирен свет
А опкружени со толку безвредни работи
Те водат длабоко каде исчезнуваш и бегаш од сето лицемерие

Ги познаваат сите празни зборови,недаваќи
Некој да го види нивниот пекол
Во кој умреле многу свештеници,директори и сиромаси

Моралот,тоа лажно совршенство
Се губи во тој нивни пламен од нагони
Затоа,.не ги прскајте со крстена вода,не ја крадат никогаш душата

Јас ќе наздравам со чаша вино во чест на сите курви
А вие Филозофи,Моралисти  кои лажете со отровни мисли

Тие молчат,и ќе молчат,и нема да ја откријат никогаш вашата измама.


четвртак, 7. децембар 2017.

Без Патоказ кон Судбината



Крвавиот немир се буди,во ендеци,во угари
Неплашеќи се од грев
И не е веќе како вчера исплашен
И не се таи како клетник во килер темен
Скита евего в мисли со бучен од
Во суштества кои немаат судбина
И мајка не ги прегнала

Не се плашам,ни пак сум малодушен
Со потсмев ќе го гледам,заедно со песот до мене
Та нели на болката вака и се облекува румена риза
И кандило врака имам,за секој случај
Ама не кажувам како многумина,трпение спасение

Ајде,не чекате некој друг ниви да ора
Не чекајте троскот да не јади
Ни пак Јудејци леб да ни служат
Сега студено е,камен пука,но немир се буди
Крвав,во ендеци,во угари.




уторак, 5. децембар 2017.

Вкусот на Животот




Ајде не тагувајте
Барем ноќва не тагувајте,само
Сететесе на вашите стари,заборавени сништа
А потоа,кренетего погледот некаде во далечините
Да ја прочитате Небесната Вистина,што секогаш ви е пред вашите очи
Не пишува за Вечното каење,ако мислите така
Или за вашите скршени емоции
Или скриени празнини во вашата душа
Ете таму
Напишан е наједноставниот рецепт за Вкусот на Животот
Кој е залепен на секоја ваша насмевка
Гледате ли
Сега навистина насмевнетесе
И застанете во тишината
Раширетеги дланките,чекаќи во нив да капнат
Првите безгрешни солзи

Додека паѓа солзата,не го прашувајте мигот
Што ќе ви донесе утрото
Или,дали на пладнето некој ќе ве чека

Само насмевнетесе,искрено


субота, 2. децембар 2017.

Понекогаш Трескам Глупости



Синоќа
Јас,Ветерот,и Дождот
Водевме долг разговор и после полноќта
За Љубовта
За Саканата
Им кажав онака,детски,искрено од срце
Ако и напишам уште едно писмо
И,и кажам
Дека честопати стојам
На самиот крај од светот
Чекаќи да дојди
Дали навистина ќе дојди
Се прашав,повеќе себеси отколку ним
А ете Ветерот се налути,и Бурите ги викна
Настрадаа лисјата кои жилаво се држеа на дрвјата
И старата Јаболкница
Рече ,не ржеше заедно со молњите
Зарем сакаш повторно лит да бидеш
И со сенките да спиеш
А дождот
Само тивко промрмори
Ти напишиго
Ќе го избришам,и во тишина ќе го претворам
Само Месечината се смешкаше
Кажуваќи им
Оставетего
Понекогаш треска глупости


петак, 1. децембар 2017.

Ќе ми недостасувате




Живееќе помеѓу неблагодарници
Несудени инжинери и креатори на иднината
Пропаднати курви,овде онде по некоја домаќинка
Заедно во непознато време
Во некој недефиниран простор
Ете така,одеднаш
Се одважив да заминам во само мене познато минато
Држеќи во рацете една лојана свеќа
А зошто да не направам така
Кога иднината ми ја украдовте,не,ја раскинавте на делови
Небаре сте ѕверови ненаситни
И подобро е така
Знаете
Видов,свеќата ете таму не светеше
Премногу беше густ мракот
Премногу болеа сите солзи некапнати
Само сенката на ветерот беше иста

Не сум горд на ова
Врискам, без да бидам искапен во светлината на сонцето
Оставаќи само зениците да зборуваат
И не ме барајте во тишината
Само одвреме навреме слушнетеги тажните врби
Тие ќе раскажуваат секоја ноќ
За сите далечини,сокриени во тајните копнежи.

Сега ќе замолчам
Со склопени дланки
Во кој се заробени неколку капки болка

Ќе ми недостасувате.










четвртак, 30. новембар 2017.

Песна на Незаборавот




Некаде Тиквешко, во некое село
Некаде Гевгелиско покрај порта
Некаде Прилепско,под Спилите Маркови
Плачеше Мајка по Синаси
Некаде Штипско,на калдрма стара
Татко тупаница стегна,и Кмет проколна
Некаде Скопско,во сокак тесен падна Кара Севда
На Бајрак распартален.

Некаде таму на Шара,молк се смкна
Некаде покрај Вруток повторно крв потече
И Абер стигна до Струга
Нема веќе место на оваа земја за нови Гробови

Ех ,ако поживеев уште малку
Пушти шепот Јунак некаде крај Битола
Само во Охридско крај чинови скапани
Три Родилки рожба родија
Аирлија нека е,рече Рибар стар.

И Јас ќе пуштам Душа некаде
Дали крај скрки,или меѓу Багреми
Но барем ова нека биде Песна
Песна на Незаборавот



субота, 25. новембар 2017.

И пеколот е за луѓе




Ајде нежали,не тагувај деноноќно
Пријателе
И пеколот е за луѓе
Малку е тажно што испокинати сенки танцуваат деноноќно
Таму,и што нема ѕвездено небо
Ама нејсе
Темнината навистина сечи како брич
И шурки полни со плач покајнички потекуваат
Сеедно ти е дали ќе биде Март,или Јули
Но врелината е иста како бедрата на блудниците..нели

Ајде не молчи,и не крикај немо со Душата
И не се вудвосувај покрај карпата,нема да бијат ноќва камбаните
Можеби некоја веда ќе ни го спржали грбот
Ама нејсе
Сега некој на клепалото ни ги врежува имињата да знаеш
Сетики крвта блуд ни сонуваше
И како клетници црни чекоревме по земјата.

Заплачи,онака како што знаеш само Ти,и кучешкото виење нема да го слушнеме
Прашината пред нас кал ќе се стори,ќе замесиме и ние некое чудно човече
Незнам каков живот ќе му вдахниме,ама сепак ќе биде среќно до првиот дожд.

Само да знаеш,и Бетовен бил осамен,но ја напишал Симфонијата на Смрта
Со чудна насмевка на лицето,и меѓу нотите го оставил сиот свој чемер
Само да знаеш Пријателе,ние и вистински не умираме
Поинакви сме од другите,зошто можеме ветерот да го држиме на дланките
И без лажен срам да отидеме на причесна
Само да знаеш,килибарното небо нема да плачи за нас.

Ајде
Пријателе
Да го сошиеме денот кој е излитен од празни фрази
И да ја дочекаме ноќта со црвено вино
И не тагувај
И пеколот е за луѓе.











петак, 24. новембар 2017.

Чекори кон Вечноста



Кога вкусот на твоите бакнежи,ќе останат во заборавот
Тогаш,криците на мојата болка ќе се изгубат нечујно
Во лавиринтите на времето
Но
Евего тоа проклето минато повторно како сенка лилава
Се влече околу мене
Недаваќи
Сите парчиња од душата да ги составам во целина
И
Зарем
Овој нечуен плач на моето срце
Не и е доволен доказ на судбината
Дека треба да продолжам да чекорам кон Вечноста.

2011 година


понедељак, 13. новембар 2017.

Еден Ден.



Еден ден,кога ќе го пронајдан изворот на Тагата и Болката
Повеќе за вас,помалку за мене
Ете тогаш во тој,за вас среќен за мене обичен ден
Прво,ќе преспијам на клупата во најблискиот парк
За да го слушнам заборавениот здив на покојниците
Оти и тие тажно воздивнувале
Потоа,од Судбината ќе побарам,барем еднаш
Само еднаш да сонувам Совршен Сон
Каде нема да бидам скитник по полутемни сокаци
Каде нема да плачам заедно со дождот
Каде мирисот на веќе згаснато огниште нема да ме морничави
Само еднаш,во тој Совршен Сон
Ќе бидам спокоен,исто како Бескрајната Вселена.

Потоа
Во Пурпурот
Ќе ја избришам сета пајажина околу вас што не ја гледате
Ќе ги одлепам сите празнини од вас
И
Ќе ве прегнам
Онака како што ја прегнувам и Иднината
Иако сте полни со гревови
Иако сте со пис јазици
Иако некои лаите по мене како пци збеснати
Ќе ве прегнам
За да ја стопиме сета тага во срцето
Навистина
Ќе ве прегнам.

Еден ден
Кога Ангелите нема повеќе да не чуваат.





недеља, 12. новембар 2017.

Еј ти Човеку




Оставиги твоите зли зборови
Додека месечината ти спие на дланките
Некаде меѓу искинатите соништа
И мртвите бумбари што си ги закопал во бавчата
Зошто сеуште не завојувавме со времето неродено
И сеуште понекогаш разговараме со Ангелите
Еј ти Човеку

Знам,знаеш,знаеме
Дека ноќта ќе не спои во некоја само неа позната форма
И ќе не залепи потоа по раштрканите облаци
Та ни вечност ќе видиме
Та ни утре од снегот топки ќе правиме
Ни пак ќе можеме да седиме
Помеѓу две задоцнети и неиспеани песни.
Еј ти Човеку

Не раскажувам расеано,како некој бесплоден Калуѓер
Кој се грчи на секое чукање од камбаната,како знаме на крив јарбол
И не сум луда пеперутка,која исполнува мртви желби
Ме покри и покори светот
Ах да и двајца Светци кои беа без сенки свои
Оти тие навистина немаат сенки,а сенките не се светост
Еј ти Човеку
Не јавај на заморен ветар.

Оставиги,оставиги твоите зли зборови
Еј ти Човеку
И слушни како плачат дивите елени за мртвите шуми
Оставиги и отфрлиги
Исто како чопорот волци што ги отфрлаат смрзнатите коски
Еј ти Човеку.





субота, 4. новембар 2017.

Јас толку можам





Јас толку можам
низ слабиот шепот и кажа момчето на Девојката
која сакаше сета негова Љубов да ја продаде
ете,навистина толку можам
на Бранот да го напишам твоето име
во срцево да го насликам твојот лик
со ветерот да пеам за тебе се до Вечноста

и
и кога Месечината ќе ме праша повторно
зошто и понатаму те сакам
ќе и кажам
зошто си ми единствен Ангел во Мојот Пекол

да
за тебе би направил и повеќе отколку што мислиш
би ги прегнал и тие кои ме презираат
би им простил на тие кои ме мразат
и повторно
и повторно би одел на дождот по градот
додека улиците се празни и тажни

ете толку можам
шепотеше момчето додека ехото на неговите зборови
и потврдуваше на калдрмата дека е така.





недеља, 29. октобар 2017.

Мелодијата на дождот




Мелодијата на дождот
Беше тивка,нежна и восхитувачка
Ехх
Би ви раскажувал уште долго,долго во оваа ноќ
Но,залудно е
Не би ме разбрале

Ниедна нота од таа песна
Не капнала на вашата дланка
Не се лизнала по вашиот лик
Не наводенила ниеден ваш прамен
Еххх
Таа Мелодија

Но сепак
Ветерот ми раскажа
Дека задутре
Или можеби идната недела
Небото повторно ќе свири
И Јас уште во пурпурот ќе чекам
Да ми навести
Дека е така

Ќе знаете по Моето Искрено Добро Утро.


понедељак, 23. октобар 2017.

Кажими Гавране Црн



Гавране Црн,ти што ги знаеш сите скриени Вистини
Кажими,тука пред Црниов Камен
Дека сите лажни Религии се Мртви во мене
И дека сите Подлеци,Лажливци,и Идиоти се во рушевините од минатото
Кажими дека сите претпоставки и догми ги поминавме
Гавране Црн,ти кој другаруваш и со Проповедниците и Филозофите
Ти кој леташ и во Свесноста и Апсурдноста
Те молам,кога ќе погрешам повторно
Заријго клунот во моите џигери
Пиј од мојата крв
А јас ќе се одрекнам тогаш од моите криља.

Гавране Црн,ти што не се плашиш и од оганот на пеколот
Знаеш,дека бесните нагони што ме носеа ги нема веќе
Умре делот кој беше опасен и за светот и за мене
Така ја запечатив онаа илузија.

Гавране Црн,ти коој ме следиш уште од прапочетокот
Сега погледниме и со очите омекнимија душата
Така ќе се смират немирните изминати Векови
Така ќе се радува неродениот Милениум.









недеља, 22. октобар 2017.

Ангелите се помеѓу нас (којзнае,можеби беше само Човек)



Да одиме ,рече Човекот
Овде е премногу ладно,меѓу овие затворени Умови
Кои,не се хранат со Светлината,само ја пљачкаат дрско и безобразно
И,тврдат дека постојат,а се плашат од сопственото Име.

Да одиме,повторно рече Човекот
Но не кажувај Оче Наш
Бидеќи повторно ќе одиш во училницата на Животот
Поздравиги само Курвите,бидеќи нивните солзи се искрени
И небарај изговор за да го повикаш стравот.

И ете,Седмата Мистерија се разбуди во мојата душа
Некаде во длабочините на ноќта
Каде ја немаше Смрта,болката,очајот и скрбот
Само гласот кој тропаше на вратите од срцето
Добредојде ,добредојде .

А вам,ќе ви ја оставам заблудата на светот,и на Ветерниците
И сета пеколна стварност
Знам,залудно е повторно семето на Вистината да го расфрлам
И да се давам во морето од лажното совршенство

Ама,да ги отворевте очите,ќе видевте каде одам.


субота, 21. октобар 2017.

Од Вашето Евангелие се цеди крв



Во ред,можеби вие сте без никаква Судбина
Или некој еким ефендија ви турил во ноздрите некоја вода
Којзнае,нозете не ве држат ли,што само на место стоите
И со ноќна загатливост се препокривате
Не разбирате сеуште
Висите секој миг на конци од магла

Ме измамивте повикуваќи ме во вашиот врвеш
Кој вие го нарекувате светлина
Само и само
Да ги заробите моите ссоништа
И повторно ми кажавте лага
Дека сме дојдени во овој свет да бидеме победници
А околумене само губитници
Ме измамивте,нели
Ама ако,тоа беше еднаш и само еднаш.

Лесно е сега,ве препознавам по гладната утроба за надежи
И кислојната која ви доаѓа од позади катниците
Детската исплашеност ви виси на ликовите
Кријтесе колку сакате
Од вашето Свето Евангелие се цеди крв
И небаре стасавте од друг свет,си вообразивте и вие и вашето семе
Дека ќе се движите со пламени кочии
Но,омразата ве скамени,стаписа,
Та ќорави ви се вашите беспатици.










петак, 20. октобар 2017.

Смрта на Идеата




Кутрата таа Идеа
Умираше во најстрашна Агонија
Во касните ноќни часови ,ете таму во главата
Мојата ли,којзнае
Умираше,без звукот на Харфата
И молеше,молеше како мало дете
Пуштиме,пуштиме само миг,нели

А требаше
Требаше да умрам пред водот за стрелање од тие кои прво ќе ми се восхитуваат
А требаше
Требаше да се смешкам додека ловориките на славата ги носам
А требаше,и да бранам некого
И да обвинам некого
А требаше да бидам
И проблем и препоставка

Кутрата таа идеа
Умираше во најстрашна Агонија
Нарекуваќи ме нејзин џелат
Што не ја пуштив да се поклони пред публиката
Која не ја интересираше уметноста
Туку беше дојдена да ја гледа
Смрта на Идеата



недеља, 15. октобар 2017.

Дали ова навистина е Љубов




Ти не плачи,само насмевнисе
И помисли за денот
Кога ќе се стретнеме
Таму каде што Сонцето никогаш не заоѓа
И ноќта никогаш не доаѓа
Ете таму
Без да кажиме и само еден збор
Само со прстите
Ветерот ќе го доприме
И со погледот ќе го прашаме

Дали ова навистина е Љубов

Ти не плачи,само насмевнисе
Сега е полноќ и тишина
Во која има Болка,Радост и малку Тага
И безброј недефинирани мисли
Родени во некој правлив заборав
Каде исто лежеше тоа прашање

Дали ова навистина е Љубов

Ти не плачи,само насмевнисе
Зошто ме познаваш,и те познавам
И кога сум уморен од мислите
И кога чекориш од празнина во празнина
Прашуваќи се


Дали ова е навистина Љубов


Не мирисаме веќе на соништа

  Не мирисаме веќе на соништа   Незнам дали знаеше Но јас незнаев,дека Бевме o ставени на ветромината Од судбината Како цветови...